Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

„Спротивната помош“ на егоизмот

Нашата основна сила е егоизмот. Освен него, во срцето на секој од нас има само една мала точка, и тие точки ние треба меѓусебно да ги соединиме. Ако ги споиме во една голема точка, тогаш во неа ќе го почувствуваме духовниот свет. Тогаш сè ќе биде заедно: јас, групата и Вишата Сила. Од друга страна, егоизмот сака да ги „растера“ сите наши точки на страна една од друга. Тој е наменет токму за да нè оттурнува од единството во точно спротивна насока – и затоа се нарекува „спротивна помош“.

Како тогаш да изградиме помеѓу нас такво опкружение, кое ќе ни помогне да ги реализираме точките во срцата и нашите егоистички сили, за да се соединиме сите заедно во една голема, извонредна точка? Без оглед на пречките од егоизмот, искористувајќи го, ние сакаме да ги соединиме нашите точки во една. Како да ја употребиме силата на егоизмот за таа намена?

Суштината е во тоа, што јас не го знам патот кон духовниот свет. Тој е за мене загатка, скриен е моите очи. Како да го отворам? Како да се насочам себеси во правилна насока? Ако со помош на групата јас го искористам својот егоизам во спротивна форма, тогаш тој има улога на „спротивна помош” (езер ке негдо), овозможувајќи ми да ја фатам точната насока кон духовното, кон Создателот. Тоа е можно само во групата, кога јас работам со точката во срцето, за да го претворам егоизмот во спротивност. Тогаш, наместо влечењето надолу, егоизмот ќе ми зададе потребен правец да влезам во духовниот свет. Значи, во човекот постои само егоизмот и точката во срцето. И со помош на групата ние го менуваме своето его, наоѓајќи пат за движење напред – секој пат во насоката спротивна од него.

Всушност, не станува збор само за егоистичка желба да се добијат овие или оние работи во нашиот свет. Тоа е посебен егоизам, насочен само против соединувањето, токму против заедничката точка, во која јас го откривам духовниот свет. И затоа желбите и мислите, кои не се поврзани со соединувањето, јас воопшто не ги забележувам, ги игнорирам. Наместо тоа јас работам во групата, трудејќи се да се соединам со другите – и откривам колку сум спротивен на тоа: јас не посакувам такво нешто, ги мразам пријателите, не можам дури ни да мислам на спојувањето со нив. Токму тоа отфрлање е нашиот вистински егоизам, спротивен на единството. А сето друго е неважно.

Клучната улога тука ја има групата: таа го возвишува значењето на единството во моите очи, постојано побудува и обврзува кон него. Само опкружувањето (свива) ме води по непознат пат, дава примери, помага да ја наведнам главата, и сепак внатре да се соединувам. Токму опкружувањето нè доведува до единство. Така сите ние излегуваме на првото духовно скалило над махсомот, кога целиот наш егоизам, сето отфрлање, сето спротиставување на единството и сплотувањето, го претвораме во спротивност, во сили на единство и сплотување. Ете што претставува „спротивната помош“.

Потоа ние преминуваме кон втората фаза. Во нас повторно се открива егоизмот, само уште поголем, отколку порано, кој се однесува на второто скалило. Сега решението е мое: ако јас повторно одам кон единство со помош на групата – егоизмот почнува да се покажува себеси. Ако пак, не тежнеам кон соединување, тогаш воопшто не се пројавува. Затоа луѓето од надвор, воошто не сфаќаат за кој егоизам ние говориме. Суштината тука не е само во меѓучовечките односи, во добрите дела и махинациите. Луѓето сметаат, дека лошиот однос кон ближниот е егоизам, а добриот однос алтруизам. Ние просудуваме само според точката на единство. И затоа, кога после откривањето на првото скалило јас сакам и понатаму да се соединувам со групата, мене ми се открива егоизмот од вториот степен, и јас работам против него, сé додека не излезам на второто скалило. Сè на сè, такви скалила на патот ги има 125.

На крај јас доаѓам до целосно соединување: целото човештво, сите ние заедно – во една точка, која се нарекува „капка на единство“. Какво тогаш треба да биде опкружувањето (свива, AХA"П), за да ми даде можност да го откријам вистинскиот егоизам, да го одделам од животинскиот егоизам во овој свет, и да го претворам во движечка сила? Како опкружувањето треба да влијае врз мене, за да ја достигнам целта? И уште: како да ги искористам нашите конгреси, кога сите заедно вршиме меѓусебно влијание еден врз друг, за тоа моќно соединување да ни овозможи секој брзо да ја види точката на единство: „Каде е таа? Што треба јас да направам, за да ја достигнам? Како излегувам во духовниот свет? Како го откривам?” Како треба ние да се грижиме за сите, за да им овозможиме да ја достигнат таа внатрешна точка (центарот на групата) во нашата „матка” (Решем)?

Бидејќи ние влегуваме во групата како во мајчинска матка и таму се развиваме како ембрион. Како секому од нас му создадеме таква „обвивка” во која тој ќе се развива како капка од семето?

Конгрес во Италија, 28-30 септември 2012 г. Од 1-иот семинар, 28.09.2012

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica