Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Авантурите на запчаниците

Опис

Анимација за авантурите на запчаниците

Превод

Одевме заедно од ден денес, живеејќи ги нашите животи на каков-било начин, и ни се чинеше дека сè беше добро, и дека многу добро живееме.

И така, еден ден сите се разбудивме со чудно чувство дека некако, нешто не беше во ред.

Не можевме да кажеме што точно беше тоа. Сите се чувствуваа лошо... И тоа е сè.

Одеднаш од некаде, се појавија прашања во нас, прашања кои навистина никогаш порано не би си ги поставиле. Зошто сум жив? За што живеам? Каде ќе оди сето ова?

Гледате, она што се случи е како некаков мал зрак светлина што навлезе право во нашиот свет.

Само еден мал зрак, и почна да открива прекрасни нешта во нас... Бидејќи потекнува од свет создаден од светлината, каде што има само добро. Место што е пријатно и безбедно бидејќи секој во тој свет живее задоволно и само според едно правило – правилото на заемната љубов.

И почнавме да ја чувствуваме големата разлика помеѓу внатрешното чувство на тој прекрасен свет, и чувството да се живее во овој свет. Кога ќе го споредиме овој свет со онаа дамнешна светлина, станува јасно дека живееме во целосна темнина.

Пред да пристигне зракот светлина, ни се чинеше дека сè е добро. Но, штом се појави зракот, бам! Бум! Сè се испреврте наопаку. Бидејќи ни беше покажано дека ние воопшто не живееме како законот на светлината, туку само во согласност со најтемните темнини.

И наместо да бидеме потполно слободни како што си имавме замислено, на сите ни стана јасно дека секој од нас е заробен во сопствената мала егоистичка кутија. Без да гледаме никој друг, без да слушаме никого, без да разбираме, ниту сфаќаме некого.

Сето ова се случи со појавувањето на само еден мал зрак светлина!

Како можеме повторно да доживееме уште еден ваков момент, кога веќе знаеме дека не треба повеќе да ја чувствуваме оваа тага на осаменост?

Потоа секој од нас одлучи да оди, да се пробие низ мракот во оваа светлина, без оглед колку тешко би можело да биде тоа- колку и да треба да потрае, одевме да го следиме тој зрак, право во светот на љубовта и доброто.

И како што секогаш сме правеле, секој почна да работи самостојно. Но, никој не можеше никаде да стигне. Не можевме да се поместиме ниту за сантиметри!

Не помина долго време пред сите да изгубиме надеж, и почувствувавме дека не постои апсолутно никаков начин како би можеле да избегаме своите мали изгубени кутии. Не- никако не можеше да се пробиеме, а секоја мисла ни беше: како што сум роден себичен - таков секогаш ќе останам. Ете како ќе живеам, и така ќе умрам. Нема излез од овде-засекогаш.

И потоа, без предупредување, еден од нас извика "Сфаќам!!". Јас знам зошто не стигнуваме никаде!!

И почна да копа. Никој не знаеше зошто тој копаше во толку спротивна насока? Едноставно не можевме да разбереме.

Зошто вака глупаво копа кон нас, и зошто вика? За што вика? Мора нешто да не е во ред со него.

Тој копаше и копаше, викаше и урлаше нешто што никој не би може да го слушне, ниту разбере. Додека не дојде доволно блиску за некој да сфати дека извикуваше: "Браќа, браќа, вие сте со мене, и јас сум со вас, и само заедно можеме да пробиеме до светлината."

Потоа, тој исто така, ја разбра работата во целост, и почна да копа кон својот пријател, се додека конечно тие се сретнат... Обединети, блескаа во заемната љубов. Исто како светлината.

Потоа ги слушна некој друг, и уште некој друг, и уште некој друг и уште некој друг!

И сите почнавме да се поврзуваме, сфативме дека само обединети можеме да пробиеме во светлината.

Само заедно, но никогаш сами.

И ние ја пробивме најмрачната темнина, и влеговме во светлината. На тој начин почнавме да живееме во светлиот нов свет на слобода и радост.

Ако мислите дека ова е само бајка, среќен сум што можам да ви кажам дека сосема грешите. Не е бајка, и не е само нешто замислено, тоа е највистинската приказна што може да постои!

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica