Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Вовед во кабалата

                                                                 

Вовед во кабалата низ пример како ја сваќаме реалноста

Превод

Согледување на реалноста

Можам ли да ви поставам сериозно прашање? Каде сте вие? Пред компјутерскиот екран? Во вашето тело? Дома? Во град ? На планетава? Во љубов? Во болка?.. Што е сето ова што го гледате и чувствувате?Зошто е тоа така?Зошто ги имате тие искуства што ги имате? Каде сте вие? И зошто сте таму?

Ако навистина размислите за ова , станува многу јасно дека одговорот на овие прашања го содржи одговорот на секое друго возможно прашање, и единствено нешто кое што не спречува да го добиеме одговорот е начинот на кој што ја сфаќаме реалноста. Поради тоа што ако ние би можеле да го видиме она што навистина е , тогаш би знаеле што сме ние , каде одиме , и причината за се што ни се случува во нашите животи. Значи што е тоа во начинот на нашето согледување , што не сопира во сознанието?

Што е тоа што нè држи во мрак ?

Ајде да започнеме од овде. Ова (гест, со кој се покажува целиот простор во голем круг) е тоталната реалност, и овде е она за кое што мислиме како на други димензии, нематеријални потенцијали , нашата иднина и сето она што е скриено од нас, она што сакаме да го чувствуваме, но не можеме,она што би сакале да го знаеме, но не го знаеме сеуште. Од некоја причина ние не можеме да го почувствуваме ова, нам ни сè чини дека ова не постои воопшто. А што е сето ова? – бескрајно задоволство, неограничено постоење, комплетно согледување и поврзување со силите што ја градат и водат материјалната вселена ( ја држи кутијата) каде што сме ние. Ова сме ние-затворена кутија со 5 малечки отвора зад она што нè опкружува. Иако ги имаме овие 5 сетила за да одредиме што е реално и да нè водат, ниту едно од нив не работи, и не е способно да насети било што, што е овде онакво какво што навистина е. Проблемот е, каде ние навистина живееме… а сепак ние можеме да го почувствуваме само она што можеме да го најдеме таму ( покажува кон кутијата ) а тоа што можеме да го најдеме таму внатре е:ограничено согледување, изолација, развиорени задоволства и сите видови на проблеми кои предизвикуваат страдања.

Значи,зошто ние не можеме да почувствуваме што е овде, наместо што е таму?

Кога нешто од тоталната реалност ќе пристигне повикувајќи,ние мислиме дека знаеме што е тоа , меѓутоа ние никогаш не го разбираме тоа потполно. Тоа практично никогаш не влегува во кутијата поради тоа што сетилата не се навистина отворени. Она што доаѓа однадвор удира во некоја врста на отпор, екран, бариера, налик на слушно тапанче, или ретина, сетило за вкус или нерв кој интерпретира што е тоа надвор, и тогаш му дава идентитет и значенње во согласност со ефектот што ова непознато нешто можеби го имало на кутијата. Но информацијата што сетилото ни ја дава е сосема ограничено од начинот на кој што е програмирано. Програмата не ни кажува што надворешната , објективна реалност е всусшност – ја намалува и ја чувствува во согласност со природата на своето внатрешно програмирање – и сите наши сетила функционираат според сосема истиот програм, значи дали вашето око ќе користи електронски микроскоп или Хабл Вселенски телескоп, она што ултимативно ќе го видите,секогаш ќе биде субјективна слика, контролирана и одредена од програмата.

Значи, што точно е овој програм? Наречен е Егоизам, мисли само на себе, како ова ќе се одрази на мене? Што јас добивам од ова? Или како што Кабалистите го нарекуваат “Волја за примање “,

Кутијата е машина. Влезниот систем е безформна непознаница (која што нема облик, додека не му дадете некоја форма) која што се изведува преку внатрешна програма , а излезниот систем на кутијата е нашата реалност.

Но, тоа не е вистинската реалност, таа е само како се појавува на Волјата за примање.  Поради тоа што надвор се функционира во согласност со друг,  опкружувачки програм кој секогаш  само создава, поддржува и води, нема апсолутно никакви себични побуди и поради ова нема ограничувања. Тоа е безусловен алтруизам, или како што Кабалистите го нарекуваат “Волја за дарување “, генералниот закон на Космосот , единствената благонаклона сила позади целокупната природа и постоење. Она, што Ви го дава вашиот живот.

Ова само да ги комплетираме поларните спротивности на кутијата. Тоа е како да споредувате големиот блесок и црната дупка ! Тоа е толку различно од причината поради се што чувствуваме, сакаме и правиме, и сè додека го мериме животот преку нашите пет сетила и Волјата за примање, никогаш нема да ја осознаеме нашата вистинска природа , природата на реалноста или целта на нашите животи.

КРАЈ

Секако не мислите вистински дека ова е крајот нели ? Бидејќи тоа би значело дека животот е создаден да биде суров и бесцелен, иако често се чини таков - како што е сега – сепак има нешто внатрешно што чувствува дека мора да има пат којшто води надвор од ова ограничено постоење. И постои ! Но се зависи од тоа што посакувате. Кога потребата да се излезе надвор од кутијата конечно ќе стане доволно силна поинаков вид на желба се појавува како малечка точка во вашата свесност и единствено нешто што таа бара е да биде директно поврзана со програмата надвор од кутијата. Еднаш така разбудена, ако знаете како да ја развиете оваа желба , оваа точка може да расте и да стане основа за комплетно ново сетило, поинакво од физичките сетила, кое може да Ви овозможи да ја согледате поголемата реалност и да ја почувствувате природата на силите кои што стојат позади неа.

Како ова може да се случи ? Кабалата ни вели дека постои закон наречен Еквиваленција на формата.

Во физичкиот свет можете да земете два предмета кои што се различни еден од друг по форма и особина, да ги поставите еден до друг во просторот и тогаш велиме дека тие се близу.

Меѓутоа надвор од кутијата не постои време ниту простор , нема разделени предмети како во физичкиот свет. Овде има само сили, полиња на влијание кои варираат во степени на дарување, почитувајќи го однесувањето на генералниот закон на универзумот. Во не физичкото, ако во овие полиња постојат различни особини тие се оддалечени едно од друго, ако имаат слични особини тие се близу, Меѓутоа ако тие имаат потполни еднакви особини, цел и чувства, тие всушност се исто нешто. Неразделни, споени !

Значи, овие спротивставени егоистични особини на петте сетила го блокираат нашето согледување, и ни даваат чувство на одделеност, изолација и постојан недостаток.

Но, таа ембрионална точка во вашето срце, причината поради која си ги поставувате овие прашања, малечка каква што е, е несвесно слична по особини и чувства на овој невиден свет, тие се интимно поврзани, внатрешно со него, и условно ќе ве однесе да знаете и да влезете во овој свет и ќе ви ја открие секоја случка во вашиот живот, секое искуство, желба, радост и разочарување кои се всушност генералниот закон на универзумот, водејќи ве во реалноста да ве разбуди и развие каде што свесно ќе изберете да бидете во баланс со него, примајќи го она што Тој највеќе сака да го даде – способноста да станете исто со Него – она што таа точка ќе чувствува, вие ќе го чувствувате, она што таа го знае, вие ќе го знаете, и она што таа го може - вие ќе можете.

Методата за развоја на ова дополнително сетило е наречено кабала.

Кабалата не е религија; таа не е магија, или мистицизам . Таа е прирачник за реалноста, мапа на нашите сензори и чувства . Таа не го објаснува само патот како нашите внтрешен и надворешни светови се конструирани, туку и зошто . Таа е наука толку фундаментална што навистина може да се нарекува мудрост. Кабалата била предавана во неразбиен синџир помеѓу учителот и ученикот илјадници години, чувана скриена, сè до времето кога човештвото конечно ќе ја достигне потребата, степенот во нашиот развој каде што ќе можеме соодветно да ја разбереме и да ја употребиме. Тоа време е сега .

Бнеи Барух е непрофитна организација која  ја прави автентичната кабала достапна, бесплатно на секој оној на кого му е потребна, без разлика на религијата, националност, старост или пол. Ако таа точка во вашето срце сака да знае повеќе овде се линковите .

 

КРАЈ... не, нависитина, тоа е крајот.

 

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica