Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Давање и Примање

                                                                             

Опис

Кабалата ни кажува за 4-те можни начини на взаемно дејство меѓу двете сили,кои постојат во универзумот,силата на дарување и силата на примање.

Превод

Согледување на реалноста - Давање и Примање

Како тоа давам и имам од тоа корист?

Одговор:

Да, ви изгледа така вам во тој момент, но тоа не е она што всушност се случува. Нашата волја да примаме е посуптилна сила, секогаш ги прави работите со мисла за најдобар можен исход за нас самите. Во материјалниот свет, свет на егоистични желби, е невозможно да се даде ниту една мисла во полза на друг. Дури и најалтруистичните надворешни дејства, секогаш ги правиме по принципот примање само за себе-задоволство.

Кабала ни кажува, дека постојат 4 можни начини на взаемно дејство меѓу двете сили кои постојат во универзумот - сила на дарување и сила на примање:

Примање за добро на примањето. Ова е несвесна состојба во која личноста нема свесност, дека е постојано во пресметка само за себе. Повеќето од нас трошат поголем дел од своето време во оваа состојба, бидејќи целиот универзум, вклучувајќи го и нашето ниво на постоење е направено од оваа примарна желба. Ништо не може да опстане без волјата на примање, и сè што согледуваме околу нас е направено од неа и од ништо друго.

Следниот начин е, давање за добро на примањето, тоа е нова пресметка базирана на барање задоволство давајќи им на другите. Ова е начинот на кој функционира нашето општество со неговите закони и обичаи на взаемно дејствување. Тоа исто така, е ниво на несвесно примање, бидејќи вистинската намера позади ова давање не е откровението во личноста. Се чини, дека јас им давам на другите, но всушност јас само се обидувам да добијам повеќе задоволство. Сакам нешто за возврат од лицето на кое му давам, слава, признание, љубов, заштиа по патот, или мир во општеството, заемен договор, итн. Сите активности кои ги преземаме во овој свет, вклучувајќи го и давањето на други се базирани во примањето, бидејќи тоа е добро чувство и за мене – да давам.

Над нашиот материјален свет постои духовниот свет, кој е целосно скриен од нас. Првото наговестување кое ние може да го имаме од тој свет е, кога постои забрана за природата на примање создадена од масахот, или екран, кој е појава на вистинската намера да дарува. Тоа е првиот степен погоре од нашиот свет.

Давање за добро на давањето. Овде намерата да дарува е чиста, иако е мала. Внатрешноста на давањето е независна од било каква пресметка на волјата да прима. Овде, не постои намера за само корист, нема добро чувство, нема желба за општеството да живеат во мир, зошто само така ќе ми се олесни животот, нема здобивање со социјална позиција, нема зголемување на самопочитта. Ништо, ништо нема за мене самиот. Сега, кој може да каже без само залажување, дека некогаш навистина го направил ова? Оваа форма на дарување никогаш не му носи било каков вид болка на давателот, бидејќи не постои желба, било што да прими, така да не можете да бидете празни и затоа .. не можете да страдате.

Се чини, дека ова ниво е невозможно да се постигне самостојно такво какво што е. Нашата природа е потполно примање и ништо не правиме освен пресметка во своја корист. Ова ниво се постигнува внатрешно со помош од повисоко ниво кое ја создава забраната на нашата волја да примаме, а како одговор на нашата искрена желба да го постигнеме тоа.

Последно и највозвишено ниво кое ние можеме да го досегнеме е, примање за добо на дарување. Во ова духовно ниво, човек пресметува колку задоволство може да прими, но само размислувајќи за тоа колку со тоа му угодува на давателот на задоволството, на Создателот. Ова е всушност самата мисла зад создавањето, да прими се` што Создателот сака да даде, а што е бескрајна радост, па чувството на задоволството од примањето е зајакнато со задоволство создадено од не размислуваме за себе, туку само за тоа како ја исполнува Создателовата желба да дава. Оваа бескрајна, вечна состојба Кабалистите ја нарекуваат Еин Соф. Сето ова е многу едноставно, но не многу лесно, освен ако човек има силна желба да ја досегне оваа состојба над својата природа. Правејќи го тоа , потикот за духовното ќе стане доминантната сила во човечкото срце.

 

 

 

 

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica