Слободната волја, детерминизмот, и предодреденоста се соочуваат со реалноста која која ја восприемаме. Структурата на нашeто „јас" се објаснува како спој од 4 фактори кои ги одредуваат нашите карактеристики и однесување, кои се во нашите гени и од нашата околина.
Превод
Восприемање на Реалноста: Слободна волја
Ние не знаеме кои од нашите постапки се всушност слободни и кои се само илузија за слободата. Бидејќи ние сме слепи пред законите и силите кои управуваат со нас, сметаме дека воопшто не можеме да се справиме - и оваа празнина во нашата перцепција е она што го чувствуваме како слободна волја.
Но, ние воопшто немаме слобода на волјата, освен во едно нешто, различно од тоа дека сè што правиме ни е диктиранo од внатрешната и надворешната природа, и дефинирано од четири фактори.
Со цел да се открие каде навистина лежи нашата слобода, треба да погледнеме во нивоата на живот кои се под нивото на нашиот живот, за да видиме како дејствуваат овие четири фактори.
Да погледнеме едно семе од пченица.
1. Прв фактор: Семето, Првата Материја
Може да го земете семето и да го закопате во земја, тоа ќе се распадне, и телото на семето ќе исчезне, но, информацијата за квалитетите кои ќе се развијат не умира со старата форма, таа се претвора во нова - и таа информација е главната причина на сè што следува.
Исто така капка сперма содржи апстрактна сила од нашите предци. И доаѓаме во светот со нивното насобрано знаење, физички и ментални квалитети кои ги чувствуваме како наши сопствени потсвесни тенденции. Но, тие не се наши, тие се наоѓаат во нас, и не можеме да ги избереме или промениме во никој случај.
2. Вториот фактор: причина и последица што произлегуваат од самите себе
Така, сега информацијата во семето добива нова форма, но формата не ја менува информацијата. Таа никогаш нема да стане јаболкница или каша. Таа само ги развива квалитетите кои ги носи од семето. Единствената промена што се случува е во квалитетот или количеството, но семето може да израсте само како стебленца на пченицата.
(Излегува од земјата како стрелка нагоре, со прашалник над неа - кое се преобразува во житарки)
Генетиката ни кажува дека постои ген за сè, па дури и за она што го сметаме како наша најдлабока лична желба. Таа ги идентификуваат гените кои предодредуваат една личност да има добро или криминално однесување, да има зависност, сексуална реакција. Внатрешниот систем кој го сметаме за наше ЈАС, е фиксен збир на квалитети, контролирани со програма која им придава или позитивна или негативна карактеристика. Ние немаме директно влијание врз таа програма.
1. Третиот фактор: Внатрешна причина и последица
Колку добро растат стебленцата на пченицата зависи од одредени надворешни фактори кои работат директно за својата суштина и програмирање за подобро или полошо; за количеството на сончева светлина, дожд и минерали во почвата. Различниот состав на минерали нема да ја обезбеди вистинската храна, за добар квалитет на пченицата. Мора да постојат сите овие сили, а не други.
Нашата наследена програма на желби, мисли, и ставови се развива позитивно или негативно, во зависност од нашето семејство, кое не го избираме, и исто така од начинот на кој тие нè воспитуваат, и каде сме се образувале. Ние сме беспомошни како деца, па сето ова тие го имаат направено за нас, со што нè присилуваат да бидеме под влијание на постојан синџир на меѓусебни дејства на нивните карактери, идеи и вредности. Значи, без разлика каков ќе биде резултатот на согласувањето со овие сили, или реагирањето против нив, ние не можеме да ги промениме законите кои ја трансформираат нашата суштина, или начинот на кој што го прават тоа. Ниту овде нема слободна волја.
1. Причина и последица преку страни сили
Ова се сили на животната средина, кои за разлика од дождот и минералите немаат директна врска со пченицата. Сили како град, ветер и влијанија од други растенија врз сите други 3 фактори како целина.
Очигледно едно растение не може да порасне ниту да се движи, туку за нас, без оглед на фактот дека ние не одредуваме ниеден од првите три фактори во нашиот развој, можеме да влијаеме на сите нив само со избирање на нашата околина. Тоа е нашата единствена точка на слобода во физичкиот свет, и од оваа точка можеме да ја подигнеме вредноста на овие закони, за да нè поттурнат во насока на нашата цел. Една личност може да има негативен или слаб прв и втор фактор, и само со тоа што ќе ги стави тие фактори и системот на развој во соодветна средина, може енормно да се зголеми квалитетот и брзината на развојот. Вредноста на нашиот живот е одредена само со ова, затоа што штом еднаш ја избереме животната средина на сите овие закони, повторно влијаеме на неа, и таа животна средина потоа ги обликува сите наши идни услови.
Затоа Кабалистите нè советуваат да ги избереме вистинските книги, вистинските пријатели, како и вистинскиот учител