Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Его

                                                                      


Според Кабалата, егото е дефинирано како „волја да се прима задоволство.“ Причината за судирите помеѓу нас не е тоа што ја имаме таа волја. Туку намерата за која што ја користиме оваа желба е наменета за задоволување на нас самите.Преобразбата на нашата намера е работата на кабала.

Превод

Воспримање на Реалноста: Его

Прашање: Денеска гледаме дека општеството е исполнето со его. Се прашувам, како можам да се ослободам од моето его, како човечкото суштество може да се ослободи од своето его.

Да, кога еднаш ќе почнеш да ги гледаш проблемите и болката што ја создава на вас и на сите околу вас, сакате да најдете начин да се ослободите од изворот на тоа страдање. Но пред да можете да го направите тоа морате да идентификувате што е егоизам, бидејќи не постои во и само по себе. Сè што постои, сите компоненти од она што го нарекуваме создадено е само волја за примање; сè е направено од таа желба. Тоа е нашата основна состојка која што веќе е совршена и не треба да се менува - всушност не може да биде сменета. Значи проблемот не е во тоа што ние не сме создадени за примање, по сè, бидејќи природата на Вишата создавачка сила е дарувањето. Така да очигледно ние мора да бидеме приемник, инаку никогаш нема да можеме да го почувствуваме тоа што ни е дадено... Дека нашите животи се состојат од примање задоволства е само факт на природата, тоа е неутрално; не е ниту лошо ниту добро, и не е егоизам. Егоизам е намерата што личноста ја има за целта на тоа примање.

Зборот кабала по себе значи примање. Науката кабала е метод како правилно да се прима во сите наши желби. Во суштина, ако причината за која што јас примам е да се задоволам себеси - тоа е егоизам.Ако мојата причина за примање е да исполнам друг, тогаш тоа станува давање на таа личност и во крајна линија на Вишата Сила; Создателот.

Но, ние никогаш не го правиме тоа природно. Тоа е нешто што може да биде постигнато само над нашата природа, не со уништување или потискање на истата. Работите растат и се менуваат како резултат на експанзијата на желбата и нас ни е намерно дадена нашата желба во егоистична форма, тоа е една наша алатка. Само со проширувањето на егото и потоа исправајќи го, можеме да достигнеме ниво на кое ќе бидеме способни да излеземе од него. Тоа е тој процес како скали, кој ни овозможува постепено да ја опфатиме и достигнеме целата реалност, да достигнеме идентична природа како Вишите Сили.

Надворешното дејство не ја менува само намерата позади тоа... што е доволно бидејќи во обичната намера на Вишата Сила е само дејство.

Баал ХаСулам ни го дава овој пример: Замислете си двајца најдобри пријатели и дека едниот го поканува другиот на вечера. Поради неговата љубов кон неговиот пријател домаќинот подготвува оброк составен од јадења и деликатеси за кои знае дека ќе го задоволат. Сè е со цел да го забави и задоволи својот пријател. Гостинот доаѓа и гледа совршена гозба пред него и одеднаш сфаќа дека неговиот пријател е крајниот давател во оваа ситуација, и дека тој е таму само за да прими. Тој му признава на домаќинот дека е засрамен и одбива да јаде. Домаќинот вели, не разбираш јас го подготвив сето ова за тебе бидејќи сакав да уживаш во сите овие работи, за да знаеш колку многу ми се допаѓаш. Ако не јадеш тоа ќе ми ја расипе целата вечер. Тогаш на гостинот му станува јасно дека успехот на вечерата е во негови раце, и ако јаде со цел да го задоволи домаќинот, тогаш всушност тој е давачот... Тој почнува да јаде и да ужива за да домаќинот може да прими задоволство од се' она што го подготвил за гостинот. Всушност, со тоа тој навлегол во умот на домаќинот, бидејќи сега тој има идентични намери и љубов према домаќинот како што домаќинот ги има према него.

Подигни чаша вино. ( или земи зрно од гроздот )

Во твое здравје!

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica