Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Задоволство и незадоволство

                                           

Нашата вродена егоисична состојба не ни дозволува никогаш да бидиме целосно задоволни. Воспримената Реалност пишува што треба да направиме со нашето его со цел да искусиме едно безгранично, целосно и посојано растечко задоволство.

Препис

                     Воспримена реалност: Задоволство и Незадоволство

Зашто секогаш сме незадоволни... Тоа е добра работа, бидејќи на тој начин ја чувствуваме мотивирачката сила позади сиот развој, како во физичкиот така во духовниот, скриен, причинско ниво на природата. Се' што ние чувствуваме како движење; од селење во друг дел на светот , до најсуптилната промена на внатрешниот став се случува бидејќи оваа сила не направила да се чувствуваме непријатно и да не можеме да ги исполниме нашите желби во нашата сегашна состојба. Така да почнуваме да чувствуваме потреба за поголемо задоволство за кое што сметаме дека постои во таа нова ситуација. Ние одиме дотаму, не подалеку. Една личност не го поместува прстот или го чеша носот ако не е таа пресметка: како да се добие максимална количина на задоволство за минимална количина на напор. Тоа е Е=мс2 на егото. Формулата е толку пробивна што ние никогаш не избираме нешто доколку не ни е претставено на овој начин. Ние секогаш избираме помеѓу она што го сметаме за болно или пријатно, и секогаш го избираме пријатното.

Задоволството не постои во себе и за себе. Мора да постои нешто спротивно на него во природата пред да може да биде насетено. Ние никогаш не искусуваме било што како суштина, туку само со споредба. Ја чувствуваме светлината во однос на темнината; топлината во споредба со ладното, задоволството во споредба со болката. Задоволството е, всушност, точка на сретнување помеѓу потребата и нејзиното исполнување и колку е поголема потребата, толку е поголемо задоволството.

Тогаш зашто задоволството секогаш исчезнува?

Знаете тоа е како кога сте малку гладни; почнувате за тоа што би можеле да јадете. Хмм... можеби ѓеврек... да добро можеби подоцна, но гладта продолжува да расте, можеби ќе изедам два хот дога, не..пица, не! стек, огромен! ( Вегетаријанци, ве молам заменете го ова со тофу колач во вашата имагинација ) со печен компир и секаков вид на додатоци што може да се замисли. Кога ќе дојде време за вечера вие можете да изедете стек толку голем што му треба сопствен повикувачки број.

Првиот залак е чиста екстаза, следниот е прекрасен, следниот е добар, следниот е и така и така, следниот е... што е... следниот залак е... не ве молам, не повеќе.Уште еден залак и на вас ќе ви се слоши!Потребата изчезнала, не стој повеќе спротивно на стекот и сега задоволството не може да биде почувствувано бидејќи потребата е изгасена.

Сето ова се случува бидејќи ние се обидуваме да се задоволиме само себеси и дека овој вид на егоистичка желба во крајна линија го прави човечкото искуство ограничено и физичко.Бидејќи нашите потреби се мали и ограничени и никогаш не можат да бидат задоволени. Па сепак, ние копнееме за трајно задоволство и чувствуваме некако дека тоа мора да постои.Но за да го почувствуваме тоа нам првин ни треба една неограничена, растечка желба која привлекува безгранично исполнување. За да го направиме ова ние мора да го бараме задоволството во исполнување на другите. Оваа желба за дарување е духовна желба, и нејзиниот вкус е поголем од сите егоистички задоволства, било кога се почувствувани од било кое суштество во било кое време.Бидејќи задоволство е почувствувано не само во нашите мали субјективни потреби, туку во се'. Оваа желба нема граници, и нема крај на задоволството кое произлегува од неа.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica