Опис
Реалноста за осознавањето објаснува што е човечката природа, од каде доаѓа, каде оди, и работата во врска со нејзината преобразба.
Препис
Осознавање на реалноста : Човечката природа
Каква е вистинската природа на човештвото?
Човештвото е всушност една творба што ја содржи целоста на созданието кое се искусува себеси во сооднос со вишата сила, наречена Создател.
Се што постои во реалноста е Создателот - вољата за дарување, и Созданието - вољата за примање : спротивната страна на истата сила. Созданието , се нарекува првиот или примарниот човек - Адам ХаРишон, или колективната душа. Ова е нашата вистинска состојба. Меѓутоа ние сме го изгубиле целокупното чувство за неа.
Значи ова е нашата вистинска природа и таа станува се повеќе и повеќе забележлива како што силата на развојот започнува да не турка кон будењето. Нашите економии станаа толку глобализирани што егзистенцијата на секоја нација изискува успех на сите нации. Ние сме толку меѓузависни што дури и малечки регионални војни и акти на тероризам влијаат на сите. Границите стануваат ирелевантни. А на интернет, сила која потенцијално ги поврзува мислите на луѓето насекаде, гледаме дека приватната сопственост е невозможност. Се што ќе дигитализираме и ќе го ставиме на интернет веднаш му припаѓа секому. Иднината изгледа толку поинаква и конфузна сега поради тоа што ние не знаеме како да живееме во новиот вид на светот што го гледаме како се појавува пред нас.....
Значи каде бев.... о да....
Создателот го создал созданието – човештвото, само со цел да го воздигне до неговиот највисок возможен степен – значи до Создателот. Но тоа не може да се случи наеднаш. Значи поради тоа што созданието било направено само со желбата да прима започнало да се доживува себеси како да било само еден од милиони креатури, одвоена и изолирана со време и простор во релноста наречена "овој свет" каде замислувала дека прима само за себеси.
Според Кабалата ова е наречено падот на Адам, неговото распарчување на 600,000 парчиња – што значи започнување на процесот со кој имотот на Создателот и на созданието, станале помешани, - мали желби за примање помешани со мали желби за дарување, толку мали што креатурата може независно да одбере да ги поправи, да разбере дека без разлика како таа се појавува пред нас, единственото нешто што ние навистина го чувствуваме со нашата волја за примање е Создателовата волја за дарување.
Секое поединечно суштество-создание, мора да оди низ тој процес на исправка на свесен, разбуден начин поради тоа што само оваа директна сензација го воздигнува над неговата природа да се спојат сите парчиња на оригиналниот Адам преку љубовта. Со други зборови доброто на другите е вистинското, чувствувано како мое сопствено, - ова е правата природа на човештвото, особината на Создателот, значењето на тоа што ние го нарекуваме духовност.
Духовноста не е лична потрага. Само суштеството кое воспоставило поврзување, може да го достигне нивото на Создателот.
И ова е состојбата каде што таа природа сега не носи .