Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Како да ги контролираме своите мисли ?

                                                     

Опис

Мислите не се карактеристични за личноста; желбата е. Восприемената Реалност го претвара прашањето: Како можам да ги контролирам моите мисли? Во:Како можам да го сменам тоа што го посакувам?

Препис

Прашање: Кој е нај едноставниот начин да се сопрат непрекидните коментари кои се појавуваат во нашиот ум кога се обидуваме да комуницираме со светот?

                                        Воспримена Реалност: Мисли

Аха во ред, значи сакате да можете да ги контролирате вашите мисли. Се разбира, бидејќи понекогаш се наоѓаме во ситуација во која имаме мисли што не сакаме да ги имаме, па се обидуваме да го грабнеме и да го насочиме нашето мислење таму каде што сакаме. А ако не можеме да го направиме тоа се чувствуваме непријатно, глупаво, надвор од контрола. Бидејќи ние претпоставуваме дека работите се случуваат кога ќе почнеме да мислиме на нив, оледуваме,одбираме нешто да се фокусираме на него, го анализираме, го мериме, го прегледуваме.Потоа, визуализираме став или ги насочуваме нашите реакции и доаѓаме до заклучок за тоа што е важно или исправно,и потоа одлучуваме дали е тоа вредно и почнуваме да правиме една или друга работа со цел тоа да се случи. Ако ова можеме да го направиме, ние ќе бидеме среќни.

Но тоа воопшто не е начинот на кој што работите се случуваат. Всушност тоа е сосема спротивно. Мислата не е почетната точка на нашите чувства и дела. Поединецот не е мисла. Мислата е производ на нешто подлабоко. Желбата е обележје на личноста.

Прво чувствуваме желба. Ние не ја мислиме, само ја чувствуваме. Желбата е таа што не подига до мислата. Затоа ние мислиме само на тоа што сакаме, или зошто го немаме тоа што го сакаме, или како да дојдеме до тоа што го сакаме и да го задржиме. Желбата носи со себе еден оперативен систем кој и помага да расте и да ја изврши својата работа. Ние не можеме да ги смениме желбите со нашите мисли, можеме само да ги зголемиме. Ние не можеме да ги смениме нашите мисли со нашите мисли. Значи, ако сакаме големи мисли ни требаат големи желби.Значи вистинското прашање е:Како да го сменам она што го посакувам.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica