Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Како да го промениме светот?

                                                             

Опис

Не постојат физички, политички, научни или хуманитарни акции, кои можат да ја променат оваа ситуација,ако не ја промениме првенствено индивидуално.

Превод

Прашање:Што можеме да сториме за да го промениме светот?

Едно прашање на кое што јас навистина би сакала одговор:

Што можеме ние да сториме на индивидуално ниво и преку Кабалата, за да ја промениме ситуацијата во светот.Како што е глобалното затоплување, војната во многу места, цунами...?

Многу луѓе се чувствуваат многу збунето, дали е ова:"Божјата волја", дали е казна? Какви одговори има кабалата и како може да ни помогне? Што можеме да направиме како индивидуалци?

Одлично прашање!

Бидејќи нема физички, политички, научни или хуманитарни акции што можат да ја променат оваа ситуација, ако не ја промениме прво индивидуално.

Квантната физика неодамна откри дека резултати од експериментите се утврдени на некој начин од човекот што ги прави. Но тие сеуште не знаат како сево ова се случува во опсегот на влијанието.

Мудроста Кабалата е античка наука, кој се занимава точно со тоа како човековата природа делува на реалноста.

Кабалистите, преку нивните истражувања, употребувајќи го методот на истражување на човековата природа што ги пробиле причинските сили, откриваат во нивните книги дека: Генералниот закон што тие го нарекуваат "Мислата на Создавањето" е да се создаде суштество и да се доведе суштеството до целосно исполнување.

Со други зборови, ние и сè што постои, поминуваме низ процес на развивање со цел за достигнување на совршена состојба,потполно иста како и силата која не создала. Ова можеш да го наречеш "Божјата волја".

Планот кој ја содржи целта, значењето и резултатот на животот во сите негови детали и сите сили што нè донесоа тука. "Тоа" е намера, посакување, "Тоа" е добро што прави добро ."Тоа" никогаш не се менува. Ние се менуваме!

Сите катастрофи и војните што ние сега ги искусуваме, се само мерка на разликата помеѓу квалитетот на нашата индивидуална и колективна намера.А квалитетот позади оваа намера на овој закон што ја управува природата е наречен "Светлина".

Внатрешниот живот на човештвото е пресуден фактор на тоа како природата се однесува спрема нас. Па, како е тоа можно?

Безживотното, растителното и животинското ниво на постоењето се всушност делови од нас. Единствената разлика помеѓу нив е количината на желбата за промена што ја имаат.Количината на квалитетот наспроти квантитетот. Затоа има толку многу нежива материја во универзумот споредено со бројот на дури и најпростите органски животни форми.

Една роза ја содржи желбата на сите камења на универзумот. Една мува ја содржи желбата на сите растенија на земјата и една човечка личност ја содржи и ја покрива желбата на целиот систем под него. Значи секој индивидуалец влијае врз целата реалност според тоа колку се слични или различни неговите квалитети кон светлината.

Па, што може еден индивидуалец да стори? Да ги промени неговите внатрешни квалитети. Кабалата ни кажува кои квалитети да се променат и како.

 

 

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica