Восприемање навидум неповрзани референтни точки и нарекувајќи ги „лучајности " е резултат на наш недостаток на согледување на комплетната слика на природата.
Воспримање на реалноста: Случајност
Ние ги гледаме овие видови на настани како случајности бидејќи одеднаш ја согледуваме природата на нешто што е скриено. Што е тоа што е скриено од нас, зошто неговата појава е толку изненадувачка и фасцинантна? Што значи?
Спротивно од нашето нормално осознавање, ние сме запрепастени од впечатокот на една интелегентна врска која се чини дека ѕирка низ нашата реалност од некое повисоко место. Ние сме апсолутно сигурни дека ја насетуваме целта- но во исто време не е јасно што таа цел е.
Тоа е еден вид будење, уверување дека не сме сами. Дека можеби навистина природата е сила што се грижи.
Ова прекрасно чувство е само мал дел од огромното задоволство од насетување на оваа сила. А таа е толку импресивна што дури и лоша случајност предизвикува чудење. Бидејќи ја чувствуваш нејзината природа без оглед на фактот што таа го надминува твојот разум. Замисли го задоволството на вистинското откривање на смислата на твојот живот.
Но, не постои случајност.
Проучувањето на структурата на Вишиот Свет во науката Кабала не е ништо друго освен нацрт на тоа што навистина си. Си фрлил поглед на тоа - но само преку две точки и под обратна претпоставка на твојата причина дека некако две комплетно одвоени работи магично станаа меѓусебно поврзани.Дека тоа не е така бидејќи силата позади животот е комплетна холистичка реалност составена од мудрост, чувства и намера, и секој дел од неа е поврзан со секој друг дел бидејќи тоа е една работа
Така што природно сè што се случува има влијание на сите други работи што се случуваат или сè што е воспримено. Бидејќи тоа веќе е надвор од времето и просторот чекајќи на нас да можеме да го почувствуваме и достигнеме.
Тоа е како да гледаме во ланец од острови. Кога би можеле одеднаш да го испразните океанот јасно ќе ја видите потопената планина која од секогаш била таму.
Кабалата е практична наука која ни овозможува да го согледаме тоа што е скриено, така што авантурата на поврзана цел и значење станува константа во нашиот живот, не само аномалија.
Што посилна е вашата желба да ја дознаете својата природа толку повеќе таа ја открива својата непроменлива цел и намера.