Воспремената Реалност ги води проблемите директно до нивната причина: развојната неправилна употреба на нашата егоистична природа. Сите решенија лежат во преобразбата на нашата егоистичка природа во алтруистички начин на користење.
Препис
Воспримање на реалноста: Среднување на Средно-Источна криза
Прашање: Моето име е Бахал Путрас и јас сум од Ирак, моето прашање е зошто нема решение за Средно-Источната криза и зошто никој не седнал да размисли и да утврди што ни е потребно за таа да се реши?
Изгледа дека има многу големи проблеми на Средниот Исток, зошто се појавуваат токму сега?
Во право си, но не се откажувај од надежта, бидејќи решението е нешто сосема ново и исклучително. Од она што досега сме го виделе и сфатиле се чини дека нема решение, но тоа е бидејќи ние гледавме на оваа невозможна ситуациа од ниво на резултати наместо од ниво на причини. А од таму, проблемот и решението имаат заедничко потекло
Ова е нашиот свет околу 1948 п.н.е. Месопотамија, Вавилониа, антички Ирак, времето и местото на појавата на Западната Цивилизација. Тука нешто се случило во развојот на човештвото што го придвижи овој конфликт. Не само на физичко, туку и на причинско ниво.
Сè до денешно време алтроистичките и егоистичките својства на внатрешниот живот на човештвото (ајде да го наречеме душа) се развивало во релативен баланс. Ние сакавме и ни требаше многу малку за нашиот опстанок и задоволство. Одпрвин ние ловевме, па станавме фармери и имавме едноставна и чиста поврзаност со силите на природата што не опкружуваа. Одеднаш тука нашите егоистички желби достигнаа ниво на кое што почнаа да ги достига и надминува нашите мали алтруистички тенденции. Започнавме да се развиваме и организираме според доминантната природа и штитејќи се себеси од неа. Изградивме кули и технологии кои започнаа да ја попречуваат нашата врска со природата и како да се поврземе со неа. Ова е сè уште основа како ја дефинираме цивилизацијата и напредокот, само што сега таа врска е целосно изгубена.
Но во исто време нешто друго почна да се развива тука. Метод на преобразба на тој новонастанат еруптивен егоизам, метод што на крајот ќе го надмине ова исклучување и ќе ја открие нашата крајна совршена поврзаност на еден со друг и силата позади природата кога ќе го достигнеме крајот на експанзијата на егото.
Методот бил наречен Кабала а личноста која го открила -тоа е Авраам. Од античкиот Арамејски јазик тој го создал Хебрејскиот-јазик создаден исклучиво од изрази за оваа наука. Повеќето луѓе не разбираа за што тој зборувал. Но тој привлече група на ученици и ги научи на структурата и законите на природата. Како да работат со нив во форма на желби присутни во секое човечко срце: наречен Израел-што значи желба за директна врска со Создателот, и Нација што значи нашата желба за самозадоволување. Сето ова е илјадници години пред да се појават; Јудаизмот, Исламот и Христијанството.
Кабалистите ни кажуваат дека духовната желба за поврзаност со Создателот е предодредена да го пополни целото срце, што значи целата наша реалност, и покрај фактот дека тоа содржи поголем број на телесни желби.
Бидејќи ова е структурата на коренот на создавањето ние ја гледаме таа внатрешна, секојдневна ситуација рефлектирана во физичкиот свет. Таа мала група на ученици со тек на времето прерасна во физичка нација наречена со исто име Израел и опкружена со многу спротиставени народи.
Ниту оние кои живеат во Израел ниту луѓето од околните земји ја сфаќаат вистинската природа на конфликтот, бидејќи развојот на луѓето во последните неколку илјада години од страна на желбата да се прима, не прави слепи за да видиме каде лежи одговорот.
Слушај со твоето внатрешно уво!
Улогата на Израел е да ја открие долго скриената Мудрост Кабала и да им ја даде на народите, давајќи го овој метод на располагање на цивилизацијата во овој момент, кога е толку очајно потребен во светот што се движи во правец на катастрофа.
Но проблемот не е религиски или територијален: Тој никогаш не може да биде решен на тој начин. Ситуацијата постои само во нашите срца и овие две завојувани желби мора да дојдат до помирување, таму.