Воспримената Реалност објаснува дека причината за сите проблеми лежи во нашато неправилно согледување на реалноста, и дека ние треба да го промениме нашето согледување за да влијаеме врз еден нов и подобар свет.
Превод
Воспримање на Реалноста: Став
Прашање: Моето прашање е:Зошто не можеме да живееме сложно во светот денес? Има ли место за сите?
Да, зошто не можеме да се сложиме - звучи многу едноставно нели? Мислам, јас ги сакам сите луѓе, зошто не можат сите други да се како мене? Проблемот е тоа што ништо од тоа не е точно. Всушност е обратно: Вашата внатрешна намера ги уништува работите. Антагонизмот не може да биде исправен од надвор кон внатре. Не е до другите; Никој не може да го поправи - освен вие. А ние сите сме во истиот брод.
Нашата природа е егоизмот, вољата да примаме.Целото што ние го нарекуваме создавање се состои само од тоа, и тоа што го опкружува - е скриена сила.
Законот на природата е алтруизмот, нејзината суштинска сила е љубовта, и секој детал од неа го оддржува главниот закон на универзумот и функционира као еден голем организам. Сите нешта кои ни се чини дека постојат надвор од нас како одделни предмети работат заедно како органите внатре во телото; Примајќи точно толку колку што им е потребно за да преживеат и давајќи се' што можат за доброто на целината. Науката сега открива дека овој закон важи насекаде, во длабоката вселена, во еко системот, во атомот.Се' во природата функционира на тој начин освен внатрешниот живот на една личност.
Законот на човечката природа е токму спротивното, да добие колку што е можно повеќе за да се задоволи себеси со давање на минимум напор, кое што секогаш завршува на сметка на другите. Можете ли да замислите колку долго човечкото тело би издржало ако сме составени од клетки кои мислат и чувствуваат како нас? Ау! Ова се разбира е дефиницијата на ракот, нели?
Во моментов се' што правиме, дури и највеликодушните дела ги правиме со намера за самозадоволување. Добро, тоа не е наша вина, ние сме изградени така но се додека се потпираме само на нашата природа за да не води, ние никогаш навистина нема да сакаме или да се сложуваме со никого, без оглед колку и да мислиме дека сме добри. Нашиот внатрешен живот не е создаден како место за лично да се обземеме со себеси, туку како место на преобразба и поврзување со законот на природата - единствената сила на љубовта.
За да се излекува светската омраза што ја гледате наоколу, потребен ви е метод на користење на вашата егоистичка природа, на начин на кој ви дозволува да се издигнете над неа. Затоа сите религии и најдлабоките соништа на нашите срца велат дека ние мора да го Љубиме Ближниот како себеси - Сакај ги другите точно како што се сакаш себеси! Ставајќи ги нивните интереси пред се' - исто како што ги ставате вашите интереси до сега. Бидејќи никој не може да го исправи ова - освен вие. Сите религии го проповедаат тоа, но само Мудроста Кабала објаснува како тоа да се реализира.