Опис
Тони Козинек објаснува што Кабалата не е,иако низ годините постоеле многу сомненија и неосновани мислења.
Превод
Што Кабалата не е?
Кабалата е постара од религијата. Религијата е појава на прекинување на врската со Горната Сила, на шпекулација, и неразбирање на Кабалата, иако има некаква формална сличност меѓу нив бидејќи кабалистите ги создадоа Халаха, книгите кои ние ги проучуваме и ги сметаме за свети. Нашите традиции итн. доаѓаат од нив, но нивната цел, значење, зошто книгите се напишани и за што зборуваат, не сме многу упатени во тие работи. Односот со јудаизмот е како Кабалата и амнезијата.
Што се однесува до мистицизмот, Кабалата е наука, не е мистицизам. Таа е начин да се дојде во директна врска со нештата кои ни изгледаат магични и несфатливи само затоа што ние, во сегашната состојба на свест, не сфаќаме како тие функционираат. Тоа е исто како кога би донеле запалка кај некое племе кое живее на пуст остров и кое нема видено никаква технологија; тогаш вие би биле бог на огнот, мистично суштество кое може да пушта оган од раката. Само е прашање на тоа што е скриено а што откриено.
Магија? Магијата укажува на употреба на скриени повисоки сили за манипулација на луѓето за да добиете тоа што сакате и да предизвикате одредени резултати во ваша корист или против други луѓе итн. Но невозможно е да се дојде во било каков допир Вишите Сили ако човек не ја промени својата внатрешна морална природа. Достигнувањето успех во Кабалата е прашање на внатрешна преобразба и без тоа е невозможно да се биде во контакт со силите. Тоа едноставно нема никаква врска со ништо освен со нечија жива фантазија.
На малкумина им е дозволено да ја проучуваат Кабалата, и постојат услови, нпр. дека мора да сте Евреин. Тоа не е точно, бидејќи кабалистите цело време подучуваат луѓе кои не се Евреи по раѓање. Некои од најголемите кабалисти беа не-Евреи – луѓе од други народи како Анхолос, Раби Акива, листата е долга. Сите кабалисти прифаќаа ученици кои завреднуваа да бидат ученици, без никакви физички атрибути како основа, туку еден внатрешен атрибут кој се нарекува "Јехуд", а тоа ќе го објасниме подоцна.
Дека треба да ја совладате основната мудрост – Гмара, Мишна итн. – пред да можете убаво да ја проучувате Кабалата. Ако не сфаќате што пишува во Тора и Гмара, нема да ја разберете ни Кабалата. Не дека ви требаат тие основни мудрости, туку ако не можете да најдете духовност во тие основни мудрости, ќе морате да преминете на книги кои зборуваат директно за духовноста на начин кој не може да биде помешан со нештата од овој свет, како јазикот на кој е напишана Тората, или јазикот на приказните, Хагада, итн.
Амајлии и заштита, и употреба на манипулации со букви и бројки за да се создадат работи и да се заштитат луѓе од зло...Е, тоа е чиста спротивност од она за што зборува Кабалата. Всушност, тоа е сосема забрането. Се смета за идолопоклонство кога некој сака да ги искористи Горните Сили за некаква лична, себична цел. А освен тоа, нема од што да се штитиме. Значи, светата вода, црвените конци итн. се психолошки работи и немаат апсолутно никаква врска со Кабалата.
За крај, тука е мешањето на Кабалата со источните религии. Бидејќи не знаевме ништо, правевме асоцијации со будизмот или некои аспекти на хиндуизмот кои отворено зборуваат за духовноста, и тоа само затоа што духовноста од книгите на кабалистите не беше уште отворена.