Погледни
Пред откривањето да биде откриено, и Суштествата да бидат Создадени, Вишата едноставна Светлина го исполни целото постоење. И немаше празнина, како празна атмосфера, шуплина, или дупка. Сé беше исполнето со едноставна, бескрајна Светлина. И немаше таков дел како глава, или опашка. Туку сé беше едноставна, мазна Светлина, еднакво и рамноправно избалансирана, и беше наречена Бескрајната Светлина. И кога во Неговата едноставна волја, дојде желбата да го Создаде светот, и да ги открие откритијата, да ја прикаже перфектноста на Неговите дела, Неговите имиња, Неговите појмувања, кои беа причината за Создавање на световите, тогаш Тој се постави себеси во средината, точно во центарот, Тој ја ограничи Светлината, и Светлината отиде кон краевите околу таа средишна точка. И остана празно место, вакуум, кружејќи околу средишната точка, и ограничувањето беше еднообразно околу таа празна точка, така што просторот беше рамноправно опкружен околу неа. Тогаш, по ограничувањето, откако се формира вакум и простор точно во средината на бескрајната Светлина, беше оформено место каде што произлезените и создадените може да престојуваат, и тогаш од бескрајната Светлина еден зрак продираше, надолу кон просторот, и преку тој зрак Тој откриваше, формираше и ги Создаваше сите светови. Пред да постојат овие четири света, постоеше еден бесконечен, едно име, во прекрасно, скриено единство. Што ниту најблиските ангели не можеа да ја сфатат бескрајноста, и не постои ум кој што може да ја восприеми. Затоа што Тој нема место, нема граници, нема име.