Превод
Историја на Кабалата, дел 2
Што се случувало со кабалистичките книги за време на историјата на човештвото? Книгите кои што биле пишувани од Адам ХаРишон биле засолнати, и само на неколку од генерациите, од Адам до Мојсеј, им било одобрено откривањето на овој извор.
Книгата ни била предадена нам во нејзината оригинална форма- глинени табли, или парчиња кожа кои можеле да бидат спакувани во специјални кутии. После тоа, остатокот од изворите, како Сефер Јецира (Sefer Yetzirah) (Книгата на Постанокот), напишана од Абрахам, била засолната за многу векови, и била многу ретко откривана, освен во одредени времиња, на одредени Кабалисти.
Кабалистичките книги, дури и оние модерните - и ние ќе ја допреме оваа точка подоцна- имаат многу чуден белег. Тие стремат да исчезнат од видокругот на човечката раса, и потоа да се појават во подрумите, архивите, и дури во гробниците.
Од тогаш, Мојсеј бил единствениот што собрал 70 студенти и напишал книга која била нашироко распространета, зошто таа книга, иако содржела информации за духовниот и вишите светови, морала да биде напишана на начин што им помага на луѓето да видат, прочитаат и да го следат, на земско, световно, чисто материјалистичко ниво. Поради тоа што Мојсеј генерално го разбирал согледувањето на духовните закони, на начин кој бил за добробит на следбеникот, привлекувајќи ги сите Светлини на целосното Создание. Но дури и механичкото следење на заповедите од човек несвесен за Кабалата, и кој нема поврзаност со духовниот свет, прави позитивно влијание на неговиот личен развој и на развојот на целокупната човечка раса. Токму затоа во таква примитивна шифрирана форма, и дури иако читателот можеби мисли дека тој или таа ја разбираат Библијата, може да постои и била тајно споделувана помеѓу Кабалистите во текот на историјата.
Книгата Зохар од Рабинот Шимон била засолната за време на неговиот живот, следејќи ја неговата желба. Се открила себеси по неколку стотици години на Кабалистите водени од Мојсие де Леон, многу познат Кабалист кој го открил Зохарот во 800 година од нашата ера, петсто – шесто години после неговото создавање.
Книгата за Зохарот била пронајдена сосема случајно. Мудрецот нарачал проста и едноставна храна и еден од неговите студенти му ја донел од локалната продавница, прекриена со некоја врста на хартија. Тој ја одвиткал ролната и открил дека прекривката била всушност стар запис. Тој започнал да го студира текстот и разбрал дека содржи засолнати мистерии на светот.
Веднаш неговите студенти биле испратени во продавницата. Тие почнале да копаат во ѓубрето, барајќи ги останатите делови од записот. Се открило дека таму имало многу од нив. Студентите собрале околу 2900 парчиња од стара книга што некој Арап ја пронашол за време на неговото патување од областа помеѓу реките Еуфрат и Тибар, во Израел. Тој ги донел овие парчиња со него да продава зачини, користејќи ги страниците на стариот запис за виткање. Ова е како деловите на некои стари книги биле собирани.
Кога процесот на составување на страниците започнал, неколку Кабалисти се собрале заедно и ги обединиле своите напори да го класифицираат, сортираат и систематизираат она што е сега познато како Книгата Зохар.
Неговиот прв издавач бил Рабинот де Леон. Некои веруваат дека тој самиот бил автор на книгата, но тој бил само издавач; тој го потврдил тоа и самиот.
Книгата Зохар, како што ние можеме да кажеме гледајќи на овие одделни парчиња, еднаш содржела голем број на книги што претставуваат не само клуч кон книгата на Мојсие, Тората , туку клучеви на книгите на сите пророци и сите мудреци.
Зохарот содржи точни Кабалистички и духовни описи на сето што е кажано во Мишна и во Талмудот. За жал сите овие делови биле изгубени освен коментарите за Петте Книги на Мојсие. Сите тие остатоци од нив во Зохарот се сега само кратки извадоци, но ова не ја намалува вредноста на Книгата Зохар зошто во формата во која таа не допира денес, го содржи клучот што ќе ни помогне да го отклучиме духовниот свет.
После Рабинот Мојсие де Леон, Зохарот повторно била засолнета за многу векови. Се до средновековните времиња, кога повтроно се појавувала од време на време за одредени Кабалисти, се до ерата на Ари, некаде во петнаесетиот век.
Заедно со Зохарот, имало многу книги во светот од други Кабалисти што Ари ги користел во својата работа. Со други зборови врз основа на соодветниот свет на Кабалистички извори на своето време, Ари створил унифициран текст за влез во духовниот свет наречен Етз Хаим, книга што е наречена Дрвото на Животот. Животот е претставен како овошно дрво а книгата ни кажува како да растеме перфектни, вечни овошја.
Нашиот свет е место каде душите на изминатите генерации постојано паѓале, само облечени во различни тела. Затоа сите човечки генерации се повеќето исти души, или нивни комбинации. Се надевам дека ние ќе бидеме во можност да го простудираме во поголеми детали во иднина.
Луѓето кои живееле неколку иљадници години претходно се различни од нашите привремени зошто нивните души се различни. Нашите души се слични со нивните но тие се повеќе развиени. Поради ова тие бараат не само повисок технички развој, туку исто повисок духовен развој внатре во нив.
Во минатите генерации, помеѓу душите што се симнале од Горе, постоеле неколку кои сакале да ги откријат Вишите Светови. Во наше време, постојат иљадници, или дури милиони од нив. Тоа значи дека човештвото се развива; не стои мирно зошто неговите души се воздигнале на повисока скала на развојот од како биле збогатени со претходни животни искуства. Овој процес е збирен- информациите се збираат; духовните учења се збираат; така наречениот Решимот, сеќавања, се збираат – и сето ова се одразува на нашата душа.
Човекот, дури и дете кое е само пет години старо, е попаметно од колку кога ние сме биле во тоа време во нашите претходни генерации. Гледајќи во нашите деца, ние сме зачудени од мазнотијата на нивната можност да разберат информација, во споредба со нас. За нас е новост, за нив се чини не е. Тие се родени да впиваат, разбираат, и да живеат со тоа. За нив тоа е природно зошто тие се родени со тоа.
Кабалистичките книги исчезнувале и се појавувале во текот на историјата. Тие можат да исчезнат неколку века и тогаш да се појават и тогаш да исчезнат повторно, само со цел некако да се поправи напредокот на човештвото. Генерално, тие постојат да го прилагодат неговиот развој, но нивната крајна цел е да се појават и да се откријат себеси секому, како што е кажано во Зохарот како што е кажано кај пророците. Луѓето ќе ги земат овие книги и ќе ги искористи како патоказ да се одвитка Универзумот и достигне вечен живот.
Кабалистичките души поминуваат специјални реинкарнации. Тие не се спуштаат од генерација на генерација како душите на обичните луѓе; наместо тоа, тие наеднаш се појавуваат во нашиот свет во одредени генерации.
Душата на Адам ХаРишон била во Абрахам. Истата душа била во Мојсие, Рабинот Шимон и Ари и како што ќе видите, исто така и во последниот Кабалист, нашиот современик, Рабин Ашлаг. Тоа е истата душа што се симнува во секоја генерација, каде може ефикасно да поправа и да влијае на развојот на човештвото.
Ерата на Ари, ако се гледа од духовна перспектива, е поврзана со завршувањето на првата скала на развитокот на душата; јас би рекол со крајот на нивниот несвесен развој за време на кој тие биле во анималистичко ниво. Јас ќе ве потсетам дека Ерата на Ари се одиграла во средновековна Европа за време на темни и варварски времиња. Појавувањето на Ари било точка на пресврт во духовниот развој на човештвото. Почнувајќи од тој момент, повеќе и повеќе души поттикнувале желба да учат и да разберат во телата што се ределе и спуштале во нашиот свет. Токму затоа средновековното време завршило со Ренесансата, понатаму следено од Индустриската револуција. Сето ова е поради типовите на душите што се спуштале.
Значи, Ари добил дозвола, способност да ја развие оваа метода што била на место од првиот човек на начин што сместувал големи групи на луѓе. Не само неколку души што се спуштиле во нашиот свет со претходно вградени, внатрешни, Кабалистички погодности, туку за масите кои биле спремни за духовен развој, за искачување. Затоа сите книги на Ари се пишувани од различно ниво, користејќи различен пристап. Тие се водени од вообичаено ниво на развојот на душите за тоа време, времето на кое тие му припаѓале.
После Ари, голем број на Кабалисти се појавиле; тие ги користеле неговите работи. Десетици, стотици Кабалисти во различни земји од светот – во источна Европа, Украина, Русија, Белорусија и Полска – масите доаѓале кон Кабалата, и на таа основа, ново не-Кабалистичко движење се појавило наречено Хассидут.
Со други зборови, луѓето почнале да посакуваат мал допир со нешто повисоко, нешто духовно. Тие почнале да сакаат да видат во нивните животи, во нивните дела, присуство на Виши Сили, Виши цели. И студирањето на книгите на Ари го подигнува човекот, секој човек, над нашиот свет. Како што самиот Ари рекол во предговорот на неговите книги, дека започнувајќи од оваа генерација и понатаму, секој кој сака, со други зборови, секој кој чувствува желба да ги достигне Вишите Светови, може да ги студира неговите книги.
Од времето на Ари наваму, покажувањето дека дозволата да се студираат Кабалистичките книги била дадена, било појавувањето на специјална душа, спуштањето на специјална душа, но од времето на Ари и понатаму, како што тој пишува, "Само желбата за Вишите светови е потребна," и е доволна за него или неа да започне со студирање на неговите книги. Оваа потреба е доволна, и никаква специјана душа не е услов – само човековата желба и методата на Ари за достигнување на Вишите Светови.
За време на варварскиот средновековен период, момче растело во Ерусалим, на кого подоцна му е дадено името Ари; Ари ха Кадош ( светиот Ари ). Тој ги собрал сите Кабалистички учења од сите минати генерации, започнувајќи од Адам ХаРишон. Подоцна, тој ги преработил сите овие и ги претставил на начин што им помогнал на сите генерации што следеле да се поврзат со духовните сили преку неговата книга.
Ари бил роден во Ерусалим и тогаш неговите родители се преселиле во Египет. Тој го изгубил татка си кога бил млад и бил воспитан од неговиот вујко. На 35, се преселил во малечок град на север на Израел,Цват (Сефед) и основал и водел негова сопствена Јешива – место каде тој студирал заедно со неговите студенти, но тоа траело само година и половина.
Неговата прва книга била напишана од младиот 27 или 28 годишен Хаим Витал, кој запишувал се што слушал од Ари за време на таа година и половина. И од тоа што тој запишал, издадени се повеќе од дваесет томови на Ариевата мудрост. Ари починал, во неговиот тестамент тој го назначил Хаим Витал како негов наследник во студирањето на Кабалата, во сортирање и издавање на неговата работа.
Ариевата душа е посебна не само затоа што била реинкарнација на сите претходни Кабалистички души, туку поради тоа што неговата душа се симнала во нашиот свет за време кога комбинираниот развој на човечките души се приближил до неговиот следен период; кога целосноста на човештвото барало духовен развој.
Ние веќе споменавме дека од генерација до генерација истите души се нижеле во нови тела, што ги чувале сите претходни животни искуства. Затоа секоја генерација е попаметна, поискусна од претходните, не само за подобар развој на овој свет, но исто за духовен напредок. Ова го предизвикало, делумно, движењето на Ренесансата, индустриската револуција, и така натаму.
На духовно ниво, се прикажало како потрага по значењето на животот. Така ова прашање започнало да се развива во душите што се симнале од времето на Ари, тоа е почетокот да се попречи нивното постоење. Ја присилува личноста да го истражи потеклото на нивниот живот и крајно духовниот свет: Зошто се постои? Од каде ние доаѓаме? Ние не го разбираме тоа или чувствуваме, затоа Ари ги зел сите постапки од Кабалата што биле напишани пред него – почнувајќи со Адам, вклучувајќи ја Книгата Зохар, и сите Кабалисти што биле пред него – и створил комплетно нова метода, особено за типот на души што копнеат по искачување. Душите што биле пред Ари можат да се поделат на две категории: анималистички души – што му даваат на човекот само желба да живее, дише и да постои на овој свет – и неколку Кабалистички души што тајно ги студирале Вишите Светови. Ова биле единствените два типа што постоеле.
Започнувајќи од времето на Ари, и наваму, душите што се симнуваат во нашиот свет што не се задоволни со анималистичкото (животинско) постоење, што веќе доспеало кај масите, нивото што ги прави да сакаат да се искачат самите.
Пред Ари, не постоел случај каде душата што се спуштила во нашиот свет и постоела овде во нивото на животинска желба и тогаш одеднаж посакала да се развие духовно. Таква работа не постоела; постоеле или душа на обична личност или Кабалистичка душа.
Ерата на Ари го обележила крајот на животинското скалило на душевниот развој во обични луѓе. Овие души започнале да примаат внатрешна желба во нив, да се воздигнат духовно, самостојно. Затоа нив им требало повеќе, затоа можеме да кажеме дека Ари, кој создал обична метода за излез од овој свет во повисок, духовен, е главниот, најважниот Кабалист денес. Тој напишал во предговорот на својата книга, "Секој, стартувајќи од моето време, од времето кога ја создадов оваа метода, секој кој сака, може да студира Кабала."
"Секој кој сака" – ова е вид на тест, билет за духовниот свет. Ако имате желба, се друго ќе следи. "Секое човечко суштество, тој напишал, жена, маж, млад, стар, не е важно кој, може да студира Кабала користејќи ја мојата метода, првата метода за човекот да излезе во духовниот свет и да го достигне духовниот свет."
И навистина, после Ари, скалилото на забрзано растење на Кабалата започнало, зошто голем број, стотици најмалку, од обичните души што се спуштиле на овој свет, започнале да посакуваат, да се воздигнат во Вишиот свет.
Сакам да нагласам повторно дека пред Ари, постоеле само два вида на стабилни души што се спуштиле во нашиот свет – обичните души кои што морале да постојат во нашиот свет и душите на Кабалистите што во одреден момент, започнале да го чувствуваат духовниот свет. Двата видови на души биле вообичаени, стабилни, без било каков потенцијал за промена. Секоја од нив првично примила одредено духовно ниво, било од нашиот, или од духовниот свет, и оттаму, нивниот развој бил ограничен со тоа.
Од Ари, душите што се спуштаат во нашиот свет биле обични души како нашите со способност да започнат со воздигнување, да започнат собирање знаење за Вишиот Свет, со други зборови, да започнат духовен развој независно. Не постоела таква работа пред Ари. Започнувајќи од Ари и наваму, ние сведочиме на последното скалило на човечкиот развој, кога сите души мораат да пројдат низ духовната Ренесанса и да го достигнат нивното последно духовно стремење, влезот во духовниот свет. Затоа постои постојан развој на Кабалата во многу земји, воглавно во источна Европа, неколку стотини години после Ари, се до околу 1920тите години.
Што јас мислам со развојот на Кабалата? Многу души, без методата на Ари, би продолжиле да ги градат домаќинствата во нашиот свет. Со помош на оваа метода, тие започнале да ја развиваат духовноста и започнале да навлегуваат во духовниот свет. Голем број на Кабалисти се појавиле во Источна Европа за тоа време и станале водачи на многу гранки на Јудаизмот. Меѓу нив биле неколку големи Кабалисти, Адморим, првиот водач на Литванската Еврејска заедница; Гаон од Вилна, и други..
Постоеле голем број на Кабалистички групи во Источна Европа, како групата на Котзк. Секој Адмор имал мала група на студенти околу него. Ари исто така имал многу студенти, но само еден од нив, Хаим Витал продолжил да студира следјќи ја Ариевата воља.
Хаим Витал бил млад човек. Тој имал само 28 години и студирал под водството на Ари година и половина. Одкако Ари починал, се што останало биле Хаим Виталовите белешки. Дел од тие белешки биле закопани со Ари, додека другите биле заклучени во голем ковчег во куќата на Ариев роднина. Хаим Витал земал дел од преостанатите белешки и започнал да работи на нив. Тоа станало основа за понатаму објавените книги.
Во првата генерација после Ари, Хаим Витал, и неговиот син Шмуел Витал после него, и неговиот внук, сите тие, објавувале книги на Ари, во продолжение на втората и третата генерација, тие го откопале гробот на Ари и ги повратиле преостанатите свитоци на Ари што овозможило да се започне составување на познатите Осум Капии, осумте главни книги од Ари.
Така, ние можеме да видиме дека ниту еден од следбениците на Ари ја немал целосно работата на Ари. И дури Хаим Витал, кој дал се од себе да ја сочува мудроста на Ари со пишување, немал целосен универзум од информации што би му овозможиле да изгради единствена и кохезивна метода погодна за било кој вид на души. Оваа метода била развиена од големиот Кабалист на нашето време, скоро од нашиот современик, Рабинот Јехуда Ашлаг.
Рабинот Ашлаг бил роден во Полска на крајот на 19тиот век. Во 1920тите, се преселил од Полска во Ерусалим. После станувањето на Рабин во еден од деловите на Ерусалим, тој започнал со пишување на неговиот познат Кабалистички ракопис, Talmud Eser Sefirot( Учењето за Десетте Сефироти). Тој го осмислил името, со објаснување дека целосниот универзум се состои од десет дела, вклучувајќи ги духовните светови, вклучувајќи го нашиот свет, вклучувајќи ги сите души, вклучувајќи се' што постои во нашиот и во Вишите Светови. Сето ова воглавном се состои од десет делови и затоа неговите шест-томови, десет илјади страници работа се нарекуваат, Учењето за Десетте Сефироти.
Тоа содржи се што било создадено од Кабалистите пред него, се што Адам, Абрахам, Моше, Рабинот Шимон бар Јохаи во неговата книга Зохар; Ари во неговите работа со помош на неговите студенти. Баал ХаСулам ( Рабинот Ашлаг) го искористил сето ова во неговата работа, Талмут Есер Сефирот, ракопис од шест томови што вклучува се од Кабалата во форма што е потребно конкретно за нашите скоро спуштени души.
Употребувајќи ја оваа метода, употребувајќи го ракописот од шест томови, студирајќи го правилно, под правилно водство, знаејќи како да се помине следејќи одредени услови, одредени клучеви, одредени пристапи, ние можеме да го одкриеме материјалот – да го видиме, да го научиме, и да го откриеме духовниот свет; да започенем да го чувствуваме светот околу нас каков што е. Студент не може да започне да чувствува и да гледа употребувајќи ги неговите пет сетила нешто што постои надвор од нив, поради нивните неделиви ограничувања и нивната неосетливост.
Баал ХаСулам пишува во предговорот на оваа негова работа, дека поради тоа што му било дозволено да го напише Talmud Eser Sefirot, сите, секое човечко суштесво кое постои на земјата што еднаш се спуштило на вој свет, може да достигне највисока точка на духовен развој. И човештвото ќе биде во можност да достигне еднаквост со Највисоките Сили, ќе биде во можност да стане како Господ, и ќе биде во можност да ги разбере, додека живее во тело, сите виши духовни скалила. Дека неговото тело нема да биде пречка помеѓу неговата душа и неговиота сегашна состојба во животот, така да нема да има разлика за него дали тој живеел во тело или не. Тој ќе биде во состојба да живее во различни светови и да ги менува кога и да посака. Во суштина тој ќе оди преку времето и просторот, и ќе ја достигне состојбата на крајна перфекција. Ова станува возможно со методата на Баал ХаСулам ; Неговата метода е дадена на сите.
Баал ХаСулам (Јехуда Ашлаг), кој ја напишал книгата Талмуд Есер Сефирот, исто така ги напишал коментарите за работата на Ари, и коментарите за Книгата Зохар. Тој бил во можност да го направи ова зошто, како што тој објаснува, тој е реинкарнација на истата душа што оди од Адам, и како што веќе кажав, преку Абрахам, Моше, Рабинот Шимон, и Ари ха Кодеш, се до него. Затоа тој бил во можност да ја земе целата нивна работа, да ја поврзе и да ни ја прикаже нас на специјален начин што е пригоден за нас. Интересно е дека и покрај фактот дека Баал ХаСулам живеел во наше време, неговиот ракопис ја има истата верба како во Зохарот. Неговите пишувања биле скриени во подруми; делови од него биле однесени, запалени, и, конечно се појавуваат сега.
Јас наследив дел од овие ракописи – што сега се објавени од мене и од моите студенти – од мојот Рабин, кого би можел да го опишам како следното скалило на развојот на Кабалата.
Рабинот Ашлаг имал син, Барух Ашлаг, првиот син кој се родил во 1906. Заедно со неговите родители, тој, тинејџер, се преселил во Ерусалим, од Полска. Тој работел на многу прости работи, како кондураџија и како договарач, никогаш не бил навреден од било која работа зошто разбрал дека тоа е само средство за одржување на нашето постоење на овој свет.
Рабинот Барух Ашлаг никогаш не држел високи позиции, иако имал повеќе понуди. Иако голем познавач на Тората, тој никогаш не работел како Рабин. Целиот свој живот тој мирно го следел татка си на патот на Кабалата.
Кога неговиот татко , големиот Кабалист, Рабинот Јехуда Ашлаг, починал, Рабинот Барух го наследил неговото место, неговите студенти, и ја продолжил мисијата на неговиот татко на ширење на Кабалата; продолжил да го објавува Зохарот и други ракописи.
Јас дојдов кај мојот учител, Рабинот Ашлаг во 1979, 1980. Долго време пред тоа јас бев во потрага по учител, додека студирав со неколку Кабалисти.
За време на првиот час со Рабинот, јас разбрав – поминав долг пат и знаев за што е Кабалата – дека ова е местото по кое трагав, веќе дванесет години. Останав со мојот учител се до последниот ден од неговиот живот, кога тој почина во моите раце.
Рабинот Барух продолжи на начинот на неговиот татко исто во создавањето на пет-томската колекција на написи, каде тој ги опишува сите можни услови на човековото воздигнување на Вишиот свет.
Со други зборови, тој земал идеален човек и го разгледувал секое негово скалило, секој чекор што тој го прави кон Вишиот свет, кон чувствата , изучувајќи го тоа. Тој создал прецизна метода за достигнување на Вишиот свет, нешто што никој го нема направено претходно.
Написите на Рабинот Барух се единствени за оние кои имаат желба да влезат во духовниот свет, во продолжение дека е тешко да се замисли свет кој се движи кон достигнувањето на Вишиот свет, без нив.
Заедно со тоа, Рабинот Ашлаг ни оставил одредени записи од неговиот татко, што тој го нарекол Шамати – Shamati-, на Еврејски, Што значи - Слушнав, огромна работа што опишува различни комбинации на сите духовни светови, блиски до човековата душа; блиски до човекот кој ги изучува. Со други зборви, во било која состојба, ако човекот го чувствува духовниот свет, ако тој дури и несвесно се појавува на одредено скалило на поврзаност со некои Виши и непознати сили, тој може веднаш да ги најде во написите, да ги препознае неговите услови и да научи како да го продолжи неговото духовно воздигнување од оваа точка. Работата на Барух Ашлаг е најважна за нас на ниво на личноста, на нашиот начин да го истражиме и откриеме духовниот свет.
По смртта на мојот Рабин, беше формирана група, што е наречена "Бнеи Барух", "Барухови Синови", по Рабинот Барух Ашлаг, и таа група продолжува да студира Кабала.
Секој кој сака да го истражува Вишиот свет, да ја почувствува целата творба,создание, да разбере зошто тој или таа живеат, има право, и затоа ние сме тука. Дојдете кај нас, седнете помеѓу нас и продолжете го учењето.