Опис
Сеќавања на Д-р Рав Михаел Лајтман, базирани на лични искуства со неговиот учител , Рабаш (Раби Барух Шалом ХаЛеви Ашлаг ).
Превод
Рабаш : Искуствата во Тиберијас
Од време на време , Кабалистите го оставаат своето стално опкружување. Тие ги оставаат своите фамилии, своите деца, својата жена , учениците , семинарии , местото каде што тие студираат и каде што живеат – и одат во комплетно различно место. Некогаш одев заедно со мојот Рабин по неколку часови дневно , а исто така повремено на неколку дена неделно во градот Тиберијас , планината Мерон , на север , како би можеле да бидеме потполно сами.
Побегнувањето на овој начин е неопходна работа за човек кој сака да почувствува како да се издвои од влијанието на општеството , дури и од влијанието на неговото блиско опкружување. Тој чувствува дека мора да биде сам со себеси , тој и Повисоката моќ , на издвоено место , во одсуство на сите туѓи мисли , во одсуство на целокупното влијание. Каде што луѓето не доаѓаат да ве видат и каде што сте сами за подолг временски период , ангажирани со пишување и читање специјални текстови. Навлегувате во нив и се поврзувате преку нив со Вишите Сили , со Создателот , со универзалната Повисока моќ . И ова Ви овозможува да останете таму , и да не бидете прекинувани од надворешни вознемирувања.
Првиот пат кога отидовме , јас се чувствував на многу моќен начин. Веќе бев поврзан со мојот учител околу една година , година и половина , кога еден ден тој наеднаш замина , и отиде во Тиберијас сосема сам. Тоа беше пред да почнеме заедно да одиме таму. И така, се случи да го посетувам , додека тој беше во таа своја состојба таму.
Се сеќавам дека отидов во апартманот кој што подоцна заедно ќе поминуваме време , многу години. Дојдов до апартманот и чукнав на вратата . Тој ми ја отвори вратата , и јас не можев да видам дека овој човек навистина ме гледа. Тој не ме гледаше.
Неколку минути подоцна тој беше во можност да се рефокусира на мене , и тој ме погледна , и тогаш грубо рече : “ Кој ти рече да дојдеш кај мене ? Што правиш овде? “ Го рече тоа на таков начин што се почувствував оттуѓен од него , како да не му припаѓам . Тој беше на такво високо ниво на постоење , што воопшто дури не ме препознаваше . Дури и тогаш бев толку блиску до него , јас бев неговиот ученик и неговата помош.
После две години поминати од тоа време во Тиберијас , тој ми рече : “ Ајде да почнеме да одиме таму заедно”. И тогаш , тогаш бев навистина во можност да почувствувам дека тој ме зема со него.
Во Тиберијас ние најповеќе изучувавме од Beit Sha'ar ha Kavanot и Talmud Eser Sefirot ( Студија на десетте Сефироти ), дел шеснаесетти , што ја објаснува структурата на Adam ha Rishon ( Првиот човек ) и структурата на неговата душа , како неговата душа се поделила на парчиња , и кои парчиња . Како овие парчиња продолжиле да се делат се додека не стигнале до душите на луѓето , кои веќе постоеле на пониско ниво наречено “ овој свет “. И тогаш,оваа душа,од внатре,почнува да чувствува дека егзистира не само во спиритуалниот свет туку дека има и физичка реалност пред тоа. Значи што е физичката реалност навистина? Тоа е забележувањето на душата дека постои дополнителна реалност, како резултат на неговиот извор на злоупотребата, до најниските состојби на неговите желби.
Изучувањата беа исклучително префинети и многу емоционални : делови од Зохар, The Study of the Ten Sefirot (Студијата на десетте Сефироти) и некои други Кабалистички ракописи за кои што се уште не ми е дозволено да дискутирам. Постои таканаречениот Megilat Starim (Тајниот свиток) кој што бил пишуван од Кабалистите приватно, бил само за нив и за оние кои имале разбирање. Тој љубеше да ги земе овие текстови и да ми ги објаснува,читајќи различни видови на писма и артикли кои што беа несфатливи,доколку не беа неговите објаснувања.
Деновиве, постои жалење. Природно, би бил во можност да апсорбирам повеќе од него ако тој беше се уште со нас денеска. Денес, луѓето доаѓаат до разбирање дека не постои пат да постигнеме било што за времетраењето на нашиот живот овде на овој свет.
Заморот , дрогите,глобалните кризи го погодија светот и направија луѓето да го изгубат интересот за тоа што се случува, го изгубија нтересот за било која од илузиите кои што порано ги имаа, и тие едноставно не очекуваат било што добро од технолошкиот прогрес. Токму затоа денес, пишувањата на Баал ХаСулам повторно се вратија во живот. И правејќи го него познат на публиката е нашата цел, тоа е нашата мисија, и нашата должност.