Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Рабаш: Последниот голем кабалист

                                     

Опис

Сеќавања на Др Рав Михаел Лајтман, базирани на лични искуства со неговиот учител , Рабаш (Раби Барух Шалом ХаЛеви Ашлаг).

Превод

Рабаш: Последниот голем кабалист

Рабаш беше нависина последниот Мохиканец. Со секоја година што проаѓаше до неговото починување, ние гледавме сè повеќе и повеќе онаков каков е навистина. Многу од неговата репутација се издигна после него, во помали или поголеми размери, и во основа таков Кабалист нема воопшто до ден денес денес. Ние сме навистина последната генерација која што паднала во навистина огромно пропаѓање, и излезот од ова пропаѓање, има само еден правец: мораме да се искачуваме нагоре.

Неговиот татко беше божествен кабалист што ја излеа целата мудрост на кабалата на оваа генерација. Ова е нешто што никој не го сторил пред него, во целокупната историја на кабалата. Сите кабалисти, сè до Баал ХаСулам, Рав Јехуда Ашлаг, вообичаено пишувале само за нив, за оние од нивната генерација, и за оние кои веќе биле во достигнувањето на мудроста.

Со други зборови, тешко било кој кабалист пред Баал ХаСулам напишал кабала за оние кои што немаат спиритуална перцепција; кои што не биле кабалисти. Баал ХаСулам беше првиот. Тој го направи тоа пишувајќи ја мудроста на кабалата на јазик и во особен стил така да секој којшто сè уште не е на ниво на повисокото постигнување, или сèуште не знае за што е сето ова, а сепак има само копнеж за нешто што е над овој свет -што може да ја постигне духовноста со помош на неговите книги; да навлезете во осознавањето на Вишиот Свет, да ве донесе близу до Создателот, и да разберете кои се мислите на Создателот.

Неодамна, ние почнавме да ги просветлуваме академските кругови во Израел во врска со Баал ХаСулам: кој бил тој, и обемот на неговите достигнувања на полето на Еврејската Филозофија. И тие сега препознаваат дека го испуштиле целосно, не сфаќајќи дека ова бил џин, кој во неговите книги овозможил објаснувања во врска со целокупната човечка историја и реалноста во неговата севкупност, создавањето на световите и нашиот свет, целиот процес низ кој поминува човештвото. Со сето тоа тој ја поплочил патеката за нас за постигнување на целта на стварањето. Тој исто така објаснил што навистина лежи пред нас.

Баал ХаСуламовиот син, Рабаш, најстариот син, мојот учител, ги објаснил зборовите на Баал ХаСулам дури повеќе, посебно во врска со внатрешната работа на индивидуата, човечкото персонално достигнување во склоп на духовните светови, така да секоја поединечна особа – само ако таа има желба, ако е заинтересирана и копнее за нешто што егзистира над нашата природа, над овој свет, чувство дека овој свет неможе да го исполни- може да ги отвори книгите на двајцата Баал ХаСулам и Рабаш, и навистина да полета во небото со нив.

 

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica