Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Развиток на желбата

                                          

Опис
Д-р М. Лајтман дава краток преглед на еволуцијта на желбите, каков е соодносот на личниот живот со единката и со еволуцијата на човештвото.

Превод

 Развиток на Желбата кај личноста

Нашите нивоа на развиток зависат од нашата волја за прием. Тоа е нашата с`рж, супстанција, нашата волја да примаме, кoја еволуира постојано. Сепак, развитокот на волјата да примаме е постепен.

Најпрво еволуира во физички желби, усмерени на тоа што му е потребно на телото. Дури и ако луѓето живеат сами, тие сèуште би барале храна, секс, семејство и дом. Toa е она што нивните тела го сакаат. Значи овие физички желби биле првите кои што се развиле за време на раните генерации на човештвото. Потоа дошла потребата за богатство и пари. Волјата за примање продолжила да расте .

Следејќи ја желбата за парите доаѓа желбата за почит и моќ. Сега гледаме дека сè повеќе луѓе почнуваат да еволуираат. Оние кои што биле усмерени на физичките желби се префрлаат на желбите за богатство. Оние со желби за богатство одат да бараат почит и моќ. А следејќи ја почитта доаѓа желбата за научно знаење, од средниот век наваму,  посебно за време на Ренесансата .

Во сегашно време желбата за духовност почнува да се буди . Секој пат кога луѓето доаѓаат на овој свет, тие доаѓаат со голема желба да примаат да научат и со уште поголемо Его позади таа желба. Поради ова сите учења мораат да бидат потајни, за луѓето да не ги злоупотребат.
Кога се појавува волјата за примање на духовното?

Откако луѓето ќе изгубат надеж од сопствениот развој на претходните нивоа и ќе ја достигнат состојбата каде што се чини дека не постои ништо на овој свет што би ги исполнило. Само тогаш човекот ќе почне да се прашува : Што е целта на мојот живот? Зошто јас постојам ? Што е причината за овој живот, и за сите страдања?


Овие прашања ќе ја доведат личноста да се прашува за своето потекло, "Од каде потекнува мојот живот"? Овие прашања се, и доаѓаат од Вишиот План, така да се изразиме. Ова е приземната волја за прием, сè што ни се случува овде, на овој свет. И од овој момент понатаму започнува духовната волја или потреба за прием.
Сега, оној што е во потрага, започнува да се прашува за работи кои се неприземни, за причините кои се позади оние од овој свет. Во овој момент, време е да се открие мудроста на кабалата. Зошто? Поради тоа што кабалата ќе ни даде одговори на овие прашања, и кога нејзината мудрост ќе биде откриена, откровението ќе нè подобри, ќе нè поддржи и ќе нè поправи.
Така корегирани ќе бидеме заштитени од нашето Его и нема повеќе да се повредуваме. Ќе разбереме како реалноста е конструирана, ќе го осознаеме Вишиот Свет. И ќе го осознаеме Провидението и Управувањето од Вишиот Свет над нас.
Само тогаш, откако мудроста на кабалата е откриена , ќе ни биде дозволено да ги отвориме сите други учења и да научиме колку погрешно сме правеле сè во минатото. Во тој момент ние секако нема да се повредуваме.

Ова е причината зошто во денешно време целиот свет се соочува со многу тежок период на криза. Во минатото, кога и да имало криза, секогаш била заменувана со друга криза. Ако имало економска криза, била заменувана со духовна криза. Ако не била духовната криза тогаш се претворала во културна криза ;ако не културна, тогаш била технолошка криза. Тие секогаш се менувале една со друга, а сепак човештвото продолжило да еволуира.
Но денес ја достигнавме точката каде што без разлика со какви експерти ќе разговараме – филозофи ,физичари, хуманитарци, научници, социолози - сите дошле до врескавиот застој во нивниот развој. Тие комплетно потфрлаат во можноста да го согледаат вистинскиот пат кој што треба да се следи. Тие не се во можност да видат или да разберат, и ја чувствуваат неможноста да се развиваат понатаму.


Во оваа точка, велат кабалистите и само во овој момент, мора мудроста на кабалата да биде откриена, поради тоа што ги дава одговорите што овие експерти ги бараат. Со други зборови, сега има недостиг, и мудроста на кабалата се открива во сооднос со тој недостиг. Поради ова, денес е времето кога таа треба да биде откриена .
Која е потребата за нејзино откритие и што таа прави? Во тој контекст Баал ХаСулам го напишал следново во статијата "Есенцијата на Мудроста Кабала
" Што прави Мудроста што тече наоколу?......Оваа мудрост е редослед на корените, кој што виси долу по патот на причината и последицата, со непроменливи, одредени правила, споени во единствена, величенствена цел, опишана како, Откровение на Неговата Светост пред Неговите созданија на овој свет"

 

 

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica