Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Преобразба на самиот себе и преобразба на светот

                                                

Здружението на светската мудрост-научници ,духовни водачии академици се собраа за да покажат дека глобалната промена е резултат на доживувањата во поврзаноста како целосна интелигенција.

Превод

Нашата преобразба и преобразбата на светот

Човештвото мора да го смени начинот на кој живее.

Сега е свртено да прави тоа, што многу суштества пред нас го правеле.

Има универзален принцип што ја содржи секоја верба, традиција.

Има многу богатсва на мудрост низ целата планета и низ сите луѓе.Но, сите ние знаеме дека светот е во хаос. Затоа и сме тука.

Ние мораме да научиме да живееме издржливо ако сакаме да преживееме како суштества.

Јас не сум овде дојдена да бидам советничка. Јас не можам да поднесам и да речам и да те посочам со прст и да речам: "Ти си виновен!".

Ние навистина би требало да се обидеме да го промениме светот бидејќи светот е во светска криза.

Физички, економски, социјално и еколошки. Ние дојдовме до една точка на вриење.

Планетата која е бесконечно богата како и секогаш,но нејзините луѓе се бесконечно се повеќе во беда.

Информацијата, комуникацијата,технологиите се средство за да ги направат луѓето среќни.

Нашето сопствено тело, овој инструмент на универзална интелегенција ни кажува: "Оди напред".

Кога ние ќе ја прошириме нашата свест,ние се здобиваме со толку многу позитивни опции.

Ние мораме да ги најдеме начините,да се здружиме и да работиме заедно.

Се додека не научиме да го стопиме мразот во тврдиот човек.Човекот ќе има тешкотии за да се промени.

Мислењето е преобразба на дејствието.

Свесноста како иднина е манифестацијата на имуниот систем на човештвото.

Ние не тврдиме дека сме мудри, само велиме дека имаме барем доволно интелегенција за да препознаеме колку е од суштинско значење сето тоа.Да ја слушаме моќта на светската мудрост и да го разбереме постоењето на човекот на оваа планета. Се зависи од тоа сега.

СВЕТСКА КОНФЕРЕНЦИЈА НА МУДРОСТА

Овој универзум е стар околу 15 милјарди години а Земјата околу 5 милјарди години,

а првиот живот е започнат пред 3.8 милјарди години.Хуманоста со знаење и свест, се развило пред околу10 000-20 000 илјади години.

Сега ние сме 6 милјардно семејство.Тоа што има направено човечкиот род во светски рамки, ја тресе историјата на земјата што има историја од 5 милјарди години, и се заканува не само на цивилизацијата на човештвото, туку и на самото постоење на Земјата.

Ние консумираме 40% од фотосинтезата на планетата и ова не може да продолжи.

Мораме да го промениме начинот на кој живееме.Вие знаете за извештајот од минатат недела за основоположникот на Гаја теоријата,Џејмс Ловелок.Дека најверојатно во наредните 1000 години ние ќе ја вжештиме планетата до тоа ниво, што само мала група на Антартикот ќе можат да преживее.

Пред неколку века, западната наука дојде до тој степен, што ни кажа кои сме ние и како нашиот универзум функционира.Ни даде многу депримирачка приказна на безначаен,безживотен, безпричински универзум,кој води до вжештена смрт.

Тоа што ние сега го зборуваме значи, тие честички покажуваат дека споени заедно ги обликуваат нашите вредносни системи.Ние сме исполенти со значење, ние припаѓаме во еден мисловно-вчитан свет. Кога ветровите на нашето време дуваат, системите на верување и мислечките форми и идеи повеќе не и служат на човековата раса.

Ние сега научивме дека е многу лесно да се стопи мразот на земјата.Сето она што го правевме е да се живее на начин на она што правиме, и се' се топи.

Но потоа научивме како најтешкиот мраз да го топиме,оној во срцето на човека.

Имаше метод според кој се раководи животот, да се комуницира меѓусебно.Да се поврзиме меѓусебно на коректен начин како што се запчаниците.Во една машина ,каде промената на еден во нешто, е промена на се'.На овој начин ние можеме да разбереме дека сите зависиме еден од друг.Кога егото се појавило кај нас во Вавилон, луѓето не знаеле што да прават.Почнале да се развиваат себично.Ја заборавиле античката мудрост на тоа како вистински да живееме, како едно големо семејство.Денес ние ги гледаме резултатите од оваа катастрофална еволуција.

Луѓето не се исполнети. Во некоји области доста голем број луѓе имаат мизерен живот.

Но светската мудрост,глобалната мудрост не учи ,дека можеме да развиеме повисок степен на интелегенција.Интелегенција во која ќе можеме да ја чувствуваме нашата поврзаност, да ја доживееме во нашите срца. Кога јас ја доживувам мојата поврзаност со вас, не можам да ја пресечам истата од вас, бидејќи вие сте дел од мене,

Дека јас сум дел од природата во овој взаемен простор. Јас морам да го користам мојот мозок на едно повисоко ниво на интергрална интелегенција. Тогаш ние ќе станеме зрели човечки битија. Тоа и е нашата цел, да шириме мудрост во светски размери на луѓето.

Мораме да се адаптираме на античката мудрост која не споила пред да постојат религии и народи, пред почетокот на оваа наша зла цивилизација,за да сите можеме повторно да се споиме како браќа и сестри, како една голема фамилија.Бидејќи глобализацијата е оваа која ни се открива денес.Во тоа ние гледаме дека сите ние си требаме еден на друг,врзани во суштина еден од друг.

Има револуција која се одвива.Не е само во внатрешноста на умовите на луѓето,не е само кај тие луѓе кој седат дома и навиваат,туку луѓето ја практуваат.

Гледаме дека всушност не доаѓа од религијата, туку мора да доаѓа од нешто подлабоко. Тоа го нарекуваме голема мистерија над јазикот.Тоа е внатрешна тајна која сите мора да ја најдат во тишината на нивната свест.

Таква духовност ме потсетува дека јас сум поврзана со сите останати и тоа ми помага во мојата потрага и моето сопствено патување.

Нема веќе таков актер во светот што дејствува во изолација.Тоа е нашата испреплетеност,меѓузависност и поврзаност.Тоа е акцијата на една личност што дејствува на сите нас.

Кога погледнавме долу до најмалата манифестација на постоењето, што можевме да најдеме.Кога сите ние погледнавме, се' до долу во квантумот, во податомската реалност, што најдовме? Ние најдовме свет што рече:"Ти не си одделен од мене".

Тоа е пеперутка, тоа е симбол на преобразба.Преобразба, не мисли на лоши работи.Тоа е преобразба,нешто фантастично.

Ова е тренд.Милион невладени организации што работат во соработка без формална структура, име или лидерство, ова е најголемото движење на планетата.

Значи не ни треба никаква едукација или некакви казнувања или предупредувања, или полиција, или било што друго.Кога ќе видите дека сте поврзани со светот, тоа ви помага да се однесувате правилно. Ова е решението на оваа мудрост која се појавила пред 5000 години.

Единствената сигурност во нашите животи е промена,се повеќе и повеќе.

Јас би ви предложил вам ако сакате да направите нешто корисно, сторете нешто да придонесе за поврзаноста.

Кога ја имаме таа мудрост, отворени и созреани,имаме сочувство и грижа Ова е од витално значење за стабилноста на нашата планета во 21от век.Да станеме едно човечко семејство и да живееме заедно,хармонично, богати со светата земја.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica