Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Ти и човештвото со Д-р Михаел Лајтман

                            

Додека другите филмови на интернет ги прикажуваа светските политички и економски корупции, овој филм ќе навлезе подлабоко, со тоа што ќе го открие потеклото на неоткриените проблеми, и што е уште поважно- ќе открие решение за нив.

Ти и Човештвото со Михаел Лајтман


Неодамнешни финансиски настани ги присилуваат светските сили да се обидат да ја контролираат глобалната криза која сè повеќе се зголемува, и да се натпреваруваат кон пропаст.

Аргентина обвинета за протекционизам

Во реалноста, каде постапките на една нација можат да ја одредат судбината на светот, некои земји се одмаздуваат со економски протекционизам.
Опасност од појава на економски национализам
Швајцарија ја плаќа цената за изолацијата
Други лидери пак, преземаат чекори кон централизирана контрола управувана од светската власт.
Земјите од Г-20 го оформуваат новиот светски поредок
Светските лидери ја зацврстуваат контролата на банките
Моделот на Европската Унија за глобализација
Како што сите тие се обидуваат да го задржат овој негативен ефект на "пеперутка" што го создава глобализацијата, ним им недостига еден суштински елемент, без кој сите дејствувња не само што се залудни, туку може да доводат кон се подлабока криза.
Овој елемент е толку едноставен, основен, и очигледен, што го има осветлено човештвото за милениуми. Токму ова е тоа што ние ќе се обидеме да го откриеме.
Објаснувања за глобализацијата
Дијалог со:Д-р Михаел Лајтман Професор по Онтологија, Био-кибернетика и светски истакнат Кабалист
Глобализацијата е манифестација на поврзаноста на сите делови на човештвото како еден систем.
За прв пат во историјата, принудени сме на систем на неизбежена меѓусебна зависност.
Слепи за последиците на нашите постапки.
Ние веќе сме постоеле во слична форма во античката Месопотамија. Наназад,исто така можеме ова да го најдеме во едно мало место, каде нашето его стана видливо. Не можевме да се сложиме еден со друг, и тогаш, се оддалечивме едни од други. Се распрскавме. Но, денес, не можеме повеќе да бидеме разделени. Затоа, мора да научиме што значи да бидеме меѓусебно поврзани во еден систем.
Изгледа дека секој потег што го правиме во овој кршлив, глобален систем резултира со "поврзани реакции" кои не можеме да ги контролираме. И најлошото нешто е што сè уште мислиме дека можеме да најдеме решение за тоа.

Човековата природа е потполно егоистична. На овој начин природно е создаден секој од нас. Природно, нашите пресметкии, непочитување кон никого, кон целиот свет, постојат само за да имаме корист, да можеме да успееме во тоа да бидеме над другите. Не да се чувствуваме добро со тоа што ќе се поврземе со другите, туку, да се чувствуваме добро со тоа што ќе се издигнеме повисоко над нив.
Сите 7 милијарди гледишта на луѓе во светот се згрчени заедно во едно време и еден простор. И нема излез.
Сепак, мала промена во нашето гледиште , открива дека има излез кон внатре. Внатре има повеќе од 7 милијарди поединци кои успешно заедно опстојуваат.
Во секое живо суштество, дури и на вегетативното ниво, или уште повеќе на животинското ниво, сите системи работат на интергрален, взаемен начин, во меѓусебна хармонија. Тоа значи дека нема елемент што служи сам за себе, туку тие елементи постојат и живеат за да му служат на целото тело.
Внатре, тие заемно дејствуваат според внатрешната свесност на нивната меѓусебна поврзаност. Сите елементи работат според еден принцип на обединување. Тоа е силата што се крие зад целокупното постоење, што ги поврзува елементите во системи, а системите во една единствена целина, а тоа е својство на безусловното давање.
Законот на природата
Општиот закон на природата е законот на давањето, и љубовта. Затоа природата е способна да создава сè, да ги гради своите елементи од безживотниот, растителниот, животинскиот и човековиот свет, да ги оживува, и да ги донесе во исправна состојба.
Ова ги мотивира во инстинктивна насока, да работат во „заедничко име", создавајќи плодна почва за ново, поголемо, бесконечно повисоко ниво на постоење – ТИ.
Не е само твоето физичко тело што го гледа овој екран, туку, и точката на свесност која
што сега се поврзува со идеата на овој филм. Таа единствена точка, е една од седумте милијарди клетки од телото на човештвото, кои што очајно се обидуваат да направат да функционира овој огромен и подмолен систем, без да знаат ниту да го користат својот примарен принцип на обединување, законот на природата. Тоа е елементот кој што недостасува за да се просветли човештвото.
Мора да го препознаеме овој закон на ниво на човештвото
Мудроста Кабалата ни ја открива таа сила на љубов, таа сила на меѓусебно давање,
таа сила на поврзаност, што лежи во исправено, глобално,целокупно, хармонично и модерно општество.
Сепак, има една разлика помеѓу „нас самите" и "НИЕ".
ТИЕ инстинктивно го следат законот на природата, а НИЕ како свесни битија, мора да се согласиме со нашата сопствена слободна волја, и да победуваме.
Мудроста Кабалата му помага на секој поединец да го види тој систем, во неговата вистинска и правилна форма. Кога некој почнува да биде наклонет кон тој систем, и да сфаќа колку е добар тој систем, тој го учи, него и потоа предвидува колку е подобар, колку е прекрасно да се биде во него. Од тоа, тој добива моќ. Тоа е исто како кога детето расте. Исто како кога нè привлекува нешто добро,да добиваме од нашата идна исправна состојба, и во оваа денешна изопачена состојба, ги добиваме способностите да ја постигнеме таа исправка.
Кога намерно ги изедначуваме клетките, и стануваме свесни за нашето заедничко тело, ќе почнеме да чувствуваме како обединувачкиот принцип на природата работи преку нас.
Ако правиме така, ние не само што ќе ги надминеме ограничувањата од човековите кусогледи решенија, туку ќе создадеме нешто прекрасно!
Размислете за тоа!
Ако вашите клетки ве создале вас, замислете што ние ќе создадеме.
Искусување,чувствување на целокупноста на човештвото како ЕДНО
Подготвени да почувствувате нешто ново?

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica