Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Дали ние имаме способност да ги чувствуваме друѓите?

Опис

Проф. Ервин Лазло разговара со Рав Лајтман за тоа дека да се чувствуваат другите е знак на повисока свесност што ние мораме да ја достигнеме.

Препис

Дали ние имаме способност да ги чувствуваме другите
(декември 2002)

Проф. Ервин Лазло: Сигурен сум дека можеме. И тоа е знак на повисока свест, да се има емпатија, способност да се влезе во чувствата на друго лице, во умот на друго лице. Не да се окупира, туку да се чувствува емпатија. Да се осети дека ние навистина сме едно, едно заедно- ние не сме одвоени.


Не сме разговарале за тоа, сакам да напоменам дека ова е исто така увид што доаѓа од новите науки; единството, феноменот на поврзувањето, кој што знаеме дека се случува во природата. Тоа се случува на физичко ниво, се случува на биолошко ниво. Тоа исто така се случува и на културно ниво. Некои големи научници како Карл Јунг, на пример, кој знаел. Кога се зборува за колективното несвесно, кога Бернатски и Тиел Хард де Шардин зборувале за новата свера, колективната свера на човештвото. Значи оваа свест расте заедно, мислам, сега е и документирана, дека е вистина, дека е дел од природата, дека е дел од еволуцијата. И ова сознание е многу важен елемент за да се поместиме на тоа ново, ниво на новата цивилизација, на новото размислување, новата свесност.

Др. Лајтман: Јас мислам дека нашето образование или работа во врска со подигање на свесноста за која што зборуваме, мора да ги вклучи сите овие техники. Значи, како да се доведе човек да ги слуша и да ги чувствува другите. Во спротивно, ние едноставно ќе се уништиме еден со друг и ќе немаме иднина. Сепак тука јас гледам едно решение. Неопходно е да се подигне човечкото суштество од нивото на нашето постоење на ниво на повисок проток на информации, енергија и свесност, на која сите сме поврзани. Тогаш ние ќе разбереме и почувствуваме дека сите припаѓаме на еден систем и дека сме во суштина едно тело. Ние не можеме да го видиме тоа се додека сме на нашите пет егоистични сетила.

Проф. Ервин Лазло: Дозволете ми само да го додадам ова. Како поранешен музичар, моето искуство ми кажува дека додека свирите музика со другите, тогаш можете да влезете во емоциите на другите. Понекогаш музиката е драматична- речиси како страдање; додека друг пат е многу весела. Но вие буквално ги чувствувате другите луѓе, вие ја свирите истата музика, вие станувате едно. Значи јас знам дека тоа може да биде направено, но е многу тешко во контекст на секојдневието да се направи. Но наша задача е да го направиме тоа, да го достигнеме тоа ниво на свесност каде што ќе ја имаме таа комуникација на транс- персонално ниво.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica