Опис
Кабала не е религија. Откровение на духовниот свет (во Кабала) и верување во духовниот свет (т.е. религијата), се две одделни прашања.
Др.Рав Михаел Лаитман расправа за разликата помеѓу Кабалата и религијата во ова интрвју со Еден Харел, Водителка на Европската МТВ.
Препис
Откровение наспроти верување:
Разликата помеѓу Кабалата и Религијата
Еден Харел: Тогаш во што е разликата,Кабалата не е религија, така ?
Др.Рав Михаел Лаитман: Кабалата не е религија.
Религијата е тоа што човештвото го измислило само по себе за да го направи нашиот живот малку посладок, а Кабалата е дострел на духовниот свет - достигнување на реалноста која постои, но која ние за сега не ја чувствуваме.
Еден Харел: Да, но Кабалата беше исто така напишана од човек, а не беше напишана од .. . . .
Рав Латман: Точно, Кабалата беше напишана од луѓе кои ја достигнале оваа реалност, како Аврам, бидејќи тој почнал да се прашува: што е создавање ? Што се ѕвездите? Зашто сеж се врти наоколу? Каква е движчката сила која активира сеж ? Каде е таа , што е таа?
И како резултат на тоа,тој станал Кабалист. Тој е, всушност, првиот познат истражувач, кој ја оснивал мудроста Кабала.Тоа е причината зашто тој се нарекува Таткото на нацијата Всушност тој бил Бедуин, Тој не бил Евреин. Од него па понатаму оние кои ја почнале оваа потрага за откровението на Божественото се нарекле самите себе Евреи.
Еден Харел: Така, тоа всушност започнува таму и тогаш
Рав Лаитман:Се започува тогаш, како и тој целосен ланец од Аврам,Мојсеј,Раби Шимон, Ари, и до последниот Кабалист- Ова е ланецот на луѓе кои ја откриваат Вишата Стварност и ни кажуваат за нејзе, значи ќе бидеме исто така во состојба да ја оствариме истата работа како и да можеме да ја препознаеме. Меѓутоа тоа не е поврзано со сите дејствија кои луѓето ги извршуваат одвоено од религијата. Откровението и религијата се две одвоени прашања.
Еден Харел: Меѓутоа сеуште повеќето луѓе кои ги имам сретнато , а кои изучуваат Кабала, на еден или друг начин ја прифаќаат и религија.
Рав Лаитман: Човештвото се поставило себеси во една религиозна рамка со цел да ја има само неа: една рамка во овој свет. Во делкругот на оваа рамка е нацијата, така да речеме, а во нацијата постојат луѓе кои веќе работат на внатрешна потреба. Внатрешната потреба не е дел од физички активности кои една религиозна личност ги обавува, туку се интерни активности кои една личност ги извршува со посебни напори користејќи сопствен сад , како и посебен систем наречен мудрост Кабала, која народните маси всушност не ја познаваат.
Еден Харел: Да, значи тоа што вие всушност зборувате, значи дека е возможно да....
Рав Лаитман:Тоа е причината зошто јас зборувам дека овие две работи не се сродни. Фактот дека еден кабалист го изучува Вишиот Свет и започнува
да го осознава, да го идентификува и да се приближува кон Божественото, додека ги запознава духовните особини- ова нема ништо заедничко со набљудување на Тора и Мицвот, како што прават сите религиозни луѓе во Изрел.