Опис
Проф. Ервин Лазло разговара со Рав Др. Михаел Лајтман за потребата од критична маса на луѓе потребна за влијание врз позитивните глобални промени.
Препис
Критична маса
(декември 2006)
Др. Лајтман: Вие често патувате и учествувате на разни конференции, конгреси и секаков вид на форуми. Среќавате различни луѓе од кралеви до обични луѓе, во сите земји. Дали ви се чини дека свесноста навистина се буди во луѓето и дали тие почнуваат да стануваат свесни за катастрофата со која се соочуваме? Дали тие сфаќаат дека мораме да ја трансформираме човечката природа; или мислат дека е доволно да се поправат штетите кои се нанесени на природата преку технологијата?
Проф. Ервин Лазло: Не можам да кажам дека многу луѓе ја согледуваат длабочината на промените која што е потребна. Но многу луѓе имаат воља да се променат и почнуваат да се менуваат. Мислам дека тоа се појавува бидејќи мудроста мора да расте исто така. Како што луѓето почнуваат да се менуваат, можеби ќе увидат каде треба да одат понатаму. Не многу одамна, јас учествував на една конференција посветена на истражување на она што ние го нарекуваме "креатори на култура " – тоа е нова култура ; тие се обидуваат да живеат одговорно. Изгледа дека има многу луѓе низ светот ; тоа може да е четвртина од возрасното население на Америка кои веќе се обидуваат да живеат на поодговорен начин. Повеќе од третина од Италијанското население- како што утврдивме во нашето истражување што го спроведовме- многу е важно ова, да се донесе од под нивото на свесност, па потоа да се подигне нагоре над тоа ниво; за тие конечно со ваков вид на движење- да можат да создадат тежина и да почнат да се движат, да се шират, затоа што тоа мора да се шири низ светот.
Др. Лајтман: Значи, тоа значи во суштина дека ние се вртиме кон средниот слој на општеството. Ние не се вртиме кон оние што се тотални неуспеси, ниту кон богатите кои не се грижат за ништо; туку ние се вртиме кон оние две до три милијарди луѓе кои од една страна можат да се соочат со овој проблем, а од друга страна се подготвени да слушнат за промени.
Проф. Ервин Лазло: Она за кое што ние зборуваме е критична маса. Ние не знаеме колку многу луѓе се потребни за промените да почнат да се шират, но сум сигурен дека она што вие го правите допринесува до приближувањето до критичната маса. Јас само што се вратив од Индија, каде што живеев со еден познат Индиски водач кој е убеден дека можеби се потребни шеесет и четири илјади луѓе во различни делови на светот кои би ја сочинувале критичната маса. Ние не знаеме, но факт е дека кога луѓето ќе почнат да размислуваат различно, почнуваат да се однесуваат различно, тоа има влијание на другите- се шири.
Др. Лајтман: Ммм хмм. Колку што јас разбрав ние мора да зоздадеме светски образовен канал и да се обидеме да допреме до секој поединец и така да ги водиме чекор- по- чекор постепен и етапен напредок. Всушност, ние мораме да му го претставиме новото образование на човештвото. Според вас нели е ова во основа суштината на нашето влијание врз светот кој што ќе доведе до исправка? Зар не е ова подигање на свесноста во зависност од објаснувањето и образованието?
Проф. Ервин Лазло: Да, апсолутно. Образование и информираност. Мислам, образованието треба да е базирано на релевантни информации но многу често не е така. Проблемот со кој што ние сите се соочуваме- индивидуално и над се колективно- не е дел од стандардната програма во училиштата. Тие би требало да бидат вградени уште во основните и средните училишта. Тие не се вградени ни во универзитетите. Ние сега се обидуваме да создадеме друг универзитет, алтернативен, наречен Светски Универзитет, каде што за ваквиот вид на проблеми и решенија ќе се дискутира. Но образованието е најбезбедниот начин, исто така и најбавниот; тој е релативно бавен бидејки се потребни години за луѓето да поминат низ системот. Информациите и неформалното образование или возрасното образование, ако сакате, е многу побрз начин. Мислам дека тука, користејќи го Интернетот, користејќи ги сите модерни телекомуникациски технологии за разговарање со луѓе, за дискутирање со нив и да им се помогне... Не толку могу за да ги образуваме, туку да се влезе во еден дијалог со нив за да можеме да учиме едни од други, ние можеме да влеземе, да го внесеме тој елемент на мудрост што вие го внесувате преку Кабалата. Јас се обидувам да внесам користејќи ја мудроста од науките. Јас мислам дека ние мора да го вметнеме тој елемент и потоа да започнеме дијалог; и дијалогот ќе се развива и шири, бидејќи тлото е зрело, времињата се зрели. Ние знаеме дека промените мора да се појават и затоа ние мораме да го започнеме тој процес.