Студент: Вие велите, дека според кабала тоа може да се избегне?
Др. Рав Михаел Лајтман: Тоа може да се спречи, само преку внатрешно менување на човекот. Не постои друг начин. Никакви надворешни акции, нам нема да ни помогнат.
Студент: Што вие мислите под „надворешни акции”?
Рав Лајтман: Да предпоставиме, дека поставуваме најразновидни сензори за откривање на земјотреси. Едноставно кажано, било која техничка направа која ја усовршуваме, освен внатрешното исправување, на крај ќе биде на наша штета. Ние гледаме, колку повеќе видови лекови произведуваме, толку поболни ние стануваме.
Колку повеќе напредуваме во било која област, на било кое поле на развој, на крај доаѓаме до согледување на нешто лошо.
Студент: Значи, мудроста Кабала се согласува со пристапот, дека навистина постои предодреденост, и дека сите тие катастрофи се однапред одредени? Постојат пророштва во Куранот и во Новиот Завет и во Библијата и Пророците; тие всушност зборуваат за ова време како период на катастрофи. Дали Кабала е ист таков вид на изразување?
Рав Лајтман: Дозволете ми да го објаснам ова. Се до почетокот на дваесетиот век, се до моментот кога нацијата на Израел започна да се враќа на Израелска земја, целото човештво треба да ги помини овие години на страдање и собирање горчливо искуство. И, како последица на тоа конечно настане еволуција со која човештвотот ќе распознае, дека надворешниот развој не носи нигдека добро.
Конечно, ние денес ја дофативме глобалната криза-во технологијата, образованието, семејниот живот, друштвените проблеми, меѓународни проблеми од секаков вид. И тоа навистина е општа криза, каде во сите области на човештвото ние гледаме, дека не знаеме како да напредуваме. Ние не знаеме која насока да ја фатиме, бидејќи која насока и да ја фатиме гледаме, дека после неколку години доаѓаме до горчлив резултат.
И се до сега, било кој развој што се случил, бил само со цел ние да дојдеме до таква состојба и заклучок за во нас да се разбуди прашањето- Што треба ние да правиме? Што е смислата на нашиот живот? Зошто шивееме на ваков начин, и постои ли план за еволуција кој нема да не води во неуспех и горчливо чувство?
Студент: Значи, дали постои нешто што ние стекнуваме со овие катастрофи и страдајќи?
Рав Лајтман: Токму ова го тврди Зохар , дека мудроста Кабала ќе се разоткрие, бидејќи ќе постои потреба од неа. Затоа денес, во наше време сегдека гледаме луѓе кои зборуваат за Кабала, иако сеуште не разбираат зошто и што е вистината. Тоа веќа доаѓа од Горе, како следен чекор на развој.