Прашање: Би сакал да знам дали ја гледате поврзаноста помеѓу двата света: Духовниот и физичкиот ? Што би можеле да очекуваме во иднината во однос на оваа поврзаност помеѓу овие два света.
Др.Џефри Сатиновер: Според мене, тоа што напредните модерни науки го прават денес, ако правилно можете да го сфатите, ни покажува дека физичкиот свет функционира на нешто повеќе отколку само физички интеракции - дека има и нешто друго што се случува. Но тоа е дел од оваа специфична перспктива, и истото важи и во Кабалистичките учења, дека не можеш да ја користиш одредената страна од границата, за да увидиш што лежи на трансценденталната страна.
Рав др. Мајкл Лајтман: Би сакал да го додадам следново. Кога си во двата света, ја гледаш поврзаноста меѓу нив и како тие взаемно си влијаат. Тие си влијаат еден на друг, Вишиот свет на долниот свет, и долниот свет на Вишиот. Постои течение, јасна поврзаност, и јасна комуникацја. Законите се исти. Но тоа што се случува во Вишиот закон се копира материјално во долниот закон. Може да се анализира Вишиот свет преку законите од долниот свет, како што е запишано - тоа е можно. Но сепак, ова е можно само доколку веќе си го развил шестото сетило, и живееш со петте сетила, на овој свет, во телото, но исто така и со шестото сетило, во душата.
Но, ако си само во еден од овие света, тогаш нормално, не може да ја научиш и истражуваш поврзаноста помеѓу нив. Ова исто така го знаеме од книгите на кабалистите, и од учењата на највлијателниот рабин Гаон од Вилна. Овие кабалисти се впуштија во поврзаноста помеѓу двата света, и пишуваа многу за неа.
Всушност, сета наша литература е напишана на овој начин. На пример, ја отвараме Тората, Пентатухот, и читаме од таму приказна, тоа е приказна која е напишана како да се случува на овој свет. Но, тајната на приказната е дека преку овој свет можеме да го спознаеме Духовниот свет. И потоа, ако го имаме шестото сетило, ќе се воздгинеме на повисоко ниво, и ќе можеме да сфатиме што точно мислеле тие кои ги напишале светите книги.
Зашто се наречени свети? Затоа што расправаат за духовниот свет, а не за овој. Тие не се книги по историја. Значи збориме за наука, за мудроста на Кабала, која ни помага да ја спознаеме реалноста директно од доле нагоре и обратно. Затоа, ако си само на една страна, дури и да си Ајнштајн-иако тој целел кон спознавање на целокупната реалност-или дури и да си најголемиот кабалист, но без тело, тогаш ниту еден од нив не би бил во можност да се впушти во поврзаноста помеѓу двата света.