Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Прашањето на земање пари за “Духовни“ придобивки

     

Опис

Дали е законски или експлоативно земањето пари за така наречените „Духовни“ придобивки?

Препис

Прашањето на земање пари во замена за „духовни" придобивки

Гај Гудс: Знаеме дека овие денови постои тренд со кабалисти, гледачи во шолји за кафе и претскажувачи на иднината, и дека овие трендови стануваат многу силни. Денес, секој што има проблем, голем или мал, трча да ги најде одговорите, секој за своите работи. Прашањето е, доколку се наплатува, колку изнесува тоа? Слушам луѓе кои велат дека некој може да земе 18 долари, а некој 100 пати по 18. Постои ли нешто околу сето тоа што е дефинирано или секој од нив може да рече " Види, јас имам моќ, јас им помагам на луѓето, и затоа можам да земам сè што сакам " ?

Прашањето е, кога тоа е навистина од голема помош на луѓето, духовно, бидејќи Создателот ми дал посебна моќ, или станало премногу комерцијално, и како што знаеш, можеш да земаш пари колку сакаш од луѓето во невоља?

Рав Лајтман: Ова е моето мислење... Јас би го поставил вака: прашањето е неточно. Што значи „неточно "? Како што рековме, мудроста кабала ја отвара портата кон чувствата на Вишиот Свет, и од таму ти учиш сам, заедно со книгата која ти е водич, таму каде всушност живееш.

Таа не зборува воопшто за тоа што се случува во овој свет. Значи, ако ме прашаш мене, како можам да станам поуспешен во мојот брак, работа, бизнис, здравје и други работи? Тогаш јас ќе ти речам „Оди кај експерт, остави ме мене на мира ".

Зошто? Тоа е поради тоа што мудроста Кабала не се занимава со тоа. Таа се занимава со тоа како да создаде отвор кон духовниот свет, како да се издигнеме над овој свет, за да го почувствуваш повисокиот систем кој можеш да го употребиш за да го подобриш својот живот.

Фактот што вие му давате некому 100 пати по 18, не помага. Можеби би помогнало доколку тоа ви обезбеди некаква психолошка поддршка. Тогаш вие можеби ќе чувствувате дека " ова е сигурно добро за мене ". Ова зајакнување на душата, оваа верба во тоа, ви помага.

Гај Гудс: Дали тоа ви помага вам или на лицето кое ги зема парите и со тоа го обезбедува своето издржување?

Рав Лајтман: Не. Тоа исто така му помага на лицето кое ги дава парите, бидејќи со тоа тој зајакнува психолошки. Но тоа нема никаква врска со кабалата. Тоа му припаѓа на нечија вера кој остава порака на Западниот Зид, или дава нешто на некому со цел да се чувствува посигурно.

Така сме изградени.Тоа е природно, тоа е една животинска сигурност која живее во нас. Но со правењето на овие работи човек не го менува животот, не ја менува суштината на животот. И затоа ова нема врска со кабалата.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica