Тоа не е Кабала
Рав Михаел Лајтман, Д-р по медицина, објаснува дека уроците и благословите ги нема во кабалата.
Препис
Ова не е Кабала
Гај Гудс: Денес можете да отидете кај многу Кабалисти и тие ќе нацртаат нешто за Вас според Гематриа
Рав Д-р Михаел Лајтман: Тоа воопшто не е методот на Кабала. Самиот факт дека тие со Зохар пред себе прават секакви пресметки според Гематриа кажува дека тоа нема никаква врска со Кабалата. Методот на Кабала е осмислен да го подигне поединецот над овој свет за да го види Вишиот Свет во него. Само со ова сознание поединецот може да се подобри.
Гај Гудс: Многу луѓе сега го знаат ова.
Рав Лајтман: Ако не го сторите ова сами, без оглед колку ќе му платите на некој, нема да ви помогне. Учев со најголемиот Кабалист на нашето време, Рав Ашлак, и вакво нешто никогаш не се случило во неговиот живот. Јас бев постојано со него, му бев ученик и помошник. Тој никогаш во својот живот не му дал благослов на никому. Тој никогаш не добил пари од некого и не направил на никого, како еден вид услуга, дека наводно му помогнал на било кој начин.
Не можете да ги пренесете овие работи од една страна на друга. Ова дејствува како психолошка поддршка меѓу луѓето. Ако сега ти речам " Јас ќе се молам за тебе, можеби ќе помогне " ти го прифаќаш ова како еден вид поддрешка во твојот живот. Но не постои нешто со кое можам да влијаам на твојата душа преку некој повисок систем каде јас те спасувам од некои проблеми, од некои виши сили – не. Се е во рацете на поединецот, кој влијае на сопствената исправка преку слободен избор.
Гај Гудс: Секој ја има сопствената контрола во соствената глава, почнувајќи со психологијата и душата.
Рав Лајтман: Ние сигурно гледаме тоа не влијае ама никако повеќе од ова. Ако подоцна видиме дека работите одат подобро по благословот – од една страна, работите се средиле сами по себе, од друга страна поединецот ги гледа работите поразлично од претходно, дека тоа помогнало.
Гај Гудс: Само што ја скршивте тезата на многу луѓе кои веруваат во ова како прво и основно.
Рав Лајтман: Што се однесува до уроците и таквите нешта, за тоа е веќе пишувано во времето на Ари, дека не можеме да ги користиме. Не постои ништо реално во овие работи, бидејќи тие го оддалечуваат поединецот од сопствената исправка. Би го рекол тоа вака: Од гледна точка на народот, тоа е добра работа бидејќи го зајакнува поединецот со помислата дека луѓето се добри, дека се мудри.
Гај Гудс: Тие веруваат во нешто.
Рав Лајтман: Тоа ги задржува масите во некакви рамки. Тоа им овозможува да бидат малку повеќе повразни со мудрите. Тоа е психолошка поддршка која мора да се даде на масите. Јас би рекол дека тоа е социолошки обид кој мора да постои во рамките на човечкото општество, но ништо повеќе од тоа. Вишите сили можат да влијаат на нас во онаа мерка со која ги привлекуваме.