Опис
Рав Др. Михаел Лајтман ја опишува улогата на нацијата Израел во светот, нејзината поврзаност со мудроста Кабала, и причината за денешниот пораст на анти-семитизмот во разговор со Европската МТВ водителка Иден Харел.
Препис
Улогата на Нацијата Израел
Иден Харел: Велевте дека целата ситуација, ако ја земеме нашата нација во моментов...
Др. Лајтман: Ох, нашата нација е посебен проблем?
И.Харел: Тоа е прашање?
Др. Лајтман: Ние имаме многу голем проблем, бидејќи го поседуваме методот и фактот дека го задржуваме целото човештво од достигнување на совршеност и вечност, добиваме повратно чувство од човештвото. Така анти- семитизмот почнува да расте и сите нации- дури и оние кои не не знаат, кои никогаш немале било каква врска со нас- исто така потсвесно чувствуваат дека нешто зависи од нас, дека ние сме виновни за се' што се случува во светот. Не е едноставно; тоа е враснато во сите души во нивните корени. И вистина е, ние сме виновни,ние сме виновни - да.
Ова може да биде друго прашање, кое што е многу широко и многу деликатно, но тоа е така. И ние сме "избраниот народ" бидејќи го поседуваме методот, мудроста Кабала, која всушност го подига човештвото над овој свет. До степен ако не успееме да го направиме тоа на време, ако не разбереме и одбиеме да признаеме дека наша должност е да служиме како Светлост за другите нации, до тој степен си предизвикуваме себеси проблеми.
Баал ХаСулам вели дека ако ние не сакаме да се доближиме сами на себе, силите кои ќе не присилат да ја достигнеме духовноста, да ја достигнеме целта на создавањето, ќе бидат многу остри и безмилосни. Затоа, ни предстојат многу лоши времиња.
Затоа ние, на некој начин, излеговме од прикривањето и бараме внимание од луѓето на Израел да видат дека навистина во оваа мудрост, во овој антички метод кој сега е откриен, дека е откриен со цел да не' спаси. Ние како одбрани луѓе први треба да го прифатиме овој метод и потоа да го употребиме за да го доведеме целиот свет до Тикун ( исправка ). Напишано е во Зохар и сите Кабалисти пишуваат за тоа во своите книги, и јас се надевам дека ние ќе успееме; инаку нашата ситуација овде во земјата Израел и низ целиот свет, како нација и како Евреи, ќе биде многу непријатна. Ќе биде многу непријатна. Таа е веќе непријатна.
И.Харел: Дали велите дека ќе биде уште понепријатна?
Др. Лајтман: Но, ние сме сеуште овде седејќи и зборејќи...
И.Харел: Ох. Сфаќам.
Др. Лајтман: Тоа е сепак многу различно од она што ни се приближува. И ова не обврзува да се појавуваме во различни видови на медии, и да допреме до луѓето и да ги разбудиме, бидејќи нашата судбина и судбината на целиот свет зависи само од ова.
И.Харел: И според Зохар или Баал ХаСулам, ние ќе успееме во тоа?
Др. Лајтман: Ние... Да се надеваме дека ќе успееме. Бидејќи, после се', интересот за мудроста Кабала, како што сега се чини, расте. Започнува да ги привлекува и да ги интересира луѓето. Глобалната криза и очајот во светот и дрогите, се' ова го поттикнува човештвото на потрага. Јас се надевам дека ние, од наша страна, ќе можеме да ја претставиме оваа мудрост на еден полесен начин; на начин кој е поблизок до нацијата. И така ќе успееме.
И.Харел: Да успееме, што зборувам? Ние мора да успееме! Нема избор. Океј. Да се надеваме дека ќе успееме.