Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Што е Контрола ?

Што е контрола?

Нашиот проблем е што не ја познаваме моќта што се наоѓа во секој човек, не ја познаваме моќта што се нарекува човек. Не знаеме ниту кои сили делуваат врз нас, врз оваа внатрешна личност што се наоѓа во нас- не ги знаеме. Бидејќи кога се поврзуваме со надворешниот свет од реалноста што нè опкружува, се поврзуваме со материи- мртви, вегетативни, живи. Не се поврзуваме со силите кои дејствуваат.

Секој што се воздигнува до тоа ниво да може да ги види силите во реалноста и силите во луѓето, има контрола. Човекот не може да контролира ништо. Да не се лажеме самите себе. Ни наште желби, ни нашите чувства, ништо. Ако човек се обиде да контролира едно нешто, тогаш се покажува дека тоа се случува на сметка на нешто друго. Тоа не се нарекува контрола.

Што е контрола? Треба да слушнам од вас дека да се напиете од оваа вода е поздраво и покорисно, отколку да се напиете од друга вода. И така, започнувам, што значи одбирам едно нешто наместо друго. Ова се нарекува дека јас контролирам. Јас контролирам одредена желба. Наместо таа желба започнувам да негувам друга, и ја користам таа желба.

Ова не е контрола. Вистинската контрола е дека јас, повторно го достигнувам духовниот свет, повисокиот свет, повисоко ниво, над мојата реалност. Ја набљудувам мојата реалност од таму, и тогаш можам да одберам што е добро. Тоа се нарекува контрола.

Што повеќе откриваме во Природата, преку сите наши истражувања и секаков вид наука, ние откриваме само едно нешто, дека сè се однесува според дефинираната, предодредена и апсолутна поставеност на законите, која никогаш не менува. Сè функционира во насока на тоа дека треба да се предизвика нешто и да се влијае. Сè е организирано според формули.

Па, што ќе промените? Каде сакате да навлезете и да одлучите нешто- и според која интелигенција? Не, ниту јас не го разбирам тоа. Невозможно е. Кажете ми дали има нешто во нашите животи, дури и на човечко ниво, мисли, желби, хормони, гени, или закони на квантната физика, без оглед што, каде што би можеле да промениме нешто? Ние само го студираме начинот на кој едно нешто постои, бидејќи промена може да настане само доколку се променат нештата од корен, каде што се сите резултати од животот. Тие се на почетокот, каде се создаваат сите нешта, каде што има причинска поврзаност на нештата. Ако навлезете во тоа- ако можете да бидете таму, само така можете да предизвикате промена.

Зошто секој се бори за власт? Затоа што од таа позиција би можел да одредува што ќе се случи понатаму на тоа поле. Тоа е тоа! Тоа треба да го достигнеме. Ако точката во срцето беше отворена за некого, и ако тој/таа чувствува дека има некаква поврзаност, некаков импулс за нешто повеќе, нешто малку повисоко, повисока состојба, тоа значи дека таа личност може да го достигне тоа.

Тоа е знак дека може да бидете избрани на власта/за водич/ да водите/- да зборувате, да поставувате правила, да ја менувате ситуацијата. Тоа треба да го достигнеме. Сите катастрофи, и неволји, сите нешта што ни се случуваат, на еден или на друг начин, и нè прават незадоволни од животот, сите тие нешта се случуваат со цел да нè поттикнат, да нè покренат малку да ја контролираме реалноста.

Ова се пораки кои нè разбудуваат, и кои ни се потребни за да постигнеме контрола, и човекот мора да го достигне тоа. Мудроста на Кабалата вели дека секој на крајот ќе постигне контрола. /ќе го достигне тоа.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica