Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Што е Светлина во Кабалата ?

                                                                          

Опис

Рав Др.Михаел Лајтман објаснува што е Светлината во кабалата, и како оној што ја студира кабалата ја привлекува Светлината поради „преобразба” или „корегирање” на неговото его.

Превод

Рав Лајтман: Што ние подразбираме под Светлина? Некој вид на спиритуална енергија, повисока, да кажеме, од она што ние можеме да почувствуваме на овој свет со нашите вообичаени сетила. И ако јас го привлечам кон себе ова влијание, Јас почнувам навистина да го развивам ова сетило и го чувствувам. Како што е кажано, во "The Light in the Torah reforms." (Светлината на преобразбите во Тората). Кажано е, „Јас развив злобна склоност” се мисли на нашето его, „Јас ја развив Тората како зачин”.

Идн Харел: Чекајте , Чекајте: Вие рековте дека егото е злобна склоност?

Рав Лајтман: Да

Идн Харел: Но ако Вие...... ме збунувате тука!!

Рав Лајтман: Вие сте апсолутно во право. Факт е дека тоа е лошо.....

Идн Харел: Ах!! Тогаш можеби би требало да го поништиме?

Рав Лајтман: Не да го поништиме.

Идн Харел: Што тогаш? Да го зголемиме? Злобната склоност? Треба да ја зголемиме злобната склоност?

Рав Лајтман: Не, фактот дека тоа е лошо не значи дека тоа не ни помага. Фактот дека ние сме навистина заглавени........ Извинете, можеби се движам премногу брзо.

Ние веќе зборувавме како во нас, постои зачетокот на шестото сетило, кое што ние можеме да го развиеме и да го претвориме во брод на кој ние ќе можеме да го чувствуваме духовниот свет- Светоста, Горната реалност, вечниот живот, надвор од телото, надвор од сето она што го имаме овде.

Го развиваме ова сетило со Вишата Светлина. Што е Вишата Светлина? Тоа е некоја врста на енергија што егзистира над овој свет. Како да го донесеме влијанието на оваа Виша Светлина на нас?

Така, Јас велам, од една рака, тоа е многу проста метода. Меѓутоа од друга рака, тоа е многу специјална метода, бидејќи јас немам поврзување со таа Светлина, со изворот од каде што таа доаѓа и со тоа како таа делува на мене. Како да ја привлечам на себе?

Го имам зачетокот на шестото сетило, што значи нешто духовно, но јас немам средства да ја развијам оваа духовност во мене, овој специјален сад. Немам средства. Како да ја привлечам и проширам духовната сила од горе на себеси? Како да дојдам до ова?  После се, Јас сум се уште само оваа мала точка, во контраст со духовноста. Поради ова Кабалистите пишувале книги за нас. Книгите биле пишувани од истите места, нивоа, и духовни достигнувања кои што тие ги достигнале, каде што тие можеле да ги препознаат силите, Вишите Светлини, кои.........

Кога јас на овој свет почнав да ја изучувам мудроста на Кабалата, и јас учев за душата, за шестото сетило, што е дел од нечија свесност кој е на повисоко ниво на свесност од мене ( да претпоставиме дека ова е овој свет а ова е духовниот свет) – така со ова, Јас ја привлеков Светлината на себеси.

“……постои прекрасна, бесценето средство за оние што се впуштиле во мудроста на Кабалата. Иако тие не разбираат што е тоа што го учат, преку копнежот и големата желба да разберат што учат, тие ги будат на себеси Светлините што ги опкружуваат нивните души.

Баал ХаСулам

“ Вовед во Talmud Eser Sefirot

Рав Лајтман: Тоа е поради тоа што Јас всушност црпев од мојата душа, од мојот сад, од моето сознание, како јас да бев на нивото на Каблистот што пишувал, на кое ниво не сум, и не знам за што тој пишувал. Јас само читав но не разбирав. Меѓутоа , тоа беше доволно ако ја сакав таа Светлина што преобразува, да влијае на мене и да ме преобрази.

Идн Харел: Тоа е доволно?

Рав Лајтман: Тоа е доволно. И тоа е она што го нарекуваме, “ Светлината што преобразува”. Ова е токму тоа што го нарекуваме изучување на Тората – Тората значи повикување на оваа Светлина. Тогаш влијае на вас, малку подоцна, не веднаш, дури можеби ќе одземе неколку години. Стигнувате до точка каде шестото сетило се отвара, што значи дека оваа точка се отвара во садот и почнува да чувствува и да биде дел од сите чувства и постигнувања како оние на писателот на книгата.

Нема ниту една друга метода што ја издигнува личноста над овој свет, до отровението на Светоста. Ова е поради тоа што ниту една друга метода не може да ве донесе до Светлината што го проширува садот, шестото сетило, и да го донесе тоа чувство.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica