Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Достигнување на Вишите Светови

                                                        

Опис

Колку полесен би бил животот, ако Создателот не би бил сокриен од нас, туку кога би бил забележителен подеднакво исто за секоја личност.

Генерациите доаѓаат и си одат, сепак секоја генерација и секој индивидуа си го поставува истото прашање, за значењето на животот. Ова особено се случува во време на војна, глобално страдање, и за време на периоди на несреќа во кои запаѓа секој од нас во некој дел од нашиот живот. Што е целта на животот, кој е толку драгоцен за нас? И дали одсуството на страдање ќе се толкува како среќа?

Во Ethics of the Fathers (Етиката на Татковците ) е кажано: „Против вашата волја сте родени, против вашата волја ќе живеете и против вашата волја ќе умрете. "


Секоја генерација имала свој дел од несреќата.
Природата нè креирала и ние сме присилени да егзистираме со квалитетите кои ни се наметнати. Така е ако бевме само полу - интелегентни суштества; интелегентни само до оној степен до каде што сме свесни дека нашите дела се предодредени од карактеристиките и квалитетите кои ни се наметнати, и ние не можеме да одиме против нив. Ако сме на милост на природата, тогаш нема предвидување каде оваа дива, неразбирлива природа може да не одведе.


Постојано предизвикувајќи конфликт помеѓу индивидуите и цели нации, кои како диви животни , се ангажирани во порочната битка на инстиктите. Сепак, подсвесно, ние не можеме да се помириме со идејата за нас, од една страна, и примитивните животни од другата страна.


Ако, меѓутоа, Божествената сила која не креирала сепак постои, тогаш зошто не ја забележуваме? Зошто се прикрива од нас ?
Бидејќи, ако знаеме што бара од нас, ние нема да ги сториме оние грешки во нашите животи за кои сме казнети со страдање.
Колку многу полесен би бил животот ако Креаторот не би бил затаен од човечките суштества, а јасно забележан и виден од секој од нас?

Тогаш не би постоеле сомневања во Неговото постоење. Ние би биле во можност да ги набљудуваме ефектите од Неговата далекувидост врз околниот свет. Би можеле да ја разбереме каузата и целта на нашата креација. Би можеле јасно да ги видиме консеквенците на нашите дела и Неговиот одговор на нив. Би ги дискутирале сите наши проблеми во дијалог со Него; барајќи ја неговата помош; барајќи заштита и совет и жалејќи му се за нашите неволји, и ќе го прашаме Него да ни објасни зошто не третира така како што не третира.


Конечно, би се консултирале со Него за совет во врска со нашата иднина. Би биле константно во контакт со него и би се корегирале себеси во согласност со Неговите совети. На крајот, Тој би бил задоволен и ние би имале корист исто така. Исто како детето што е свесно за неговата мајка од моментот на неговото раѓање, така и ние би биле свесни за Создателот.

Од сето горенаведено, треба да стане јасно дека единствениот елемент кој што недостасува во нашиот свет е перцепцијата на Создателот.

Електронската книга „Достигнување на Вишите Светови“ можете да ја симнете ОВДЕ

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica