Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Ендрју Кенет Мартин

Опис
Ова е приказна за еден човек кој не можел да се пронајде себеси никаде, освен во прашањето: „Што е смислата на животот?" Прашање што упорно го прогонувало, но кое тој никогаш не успеал да го одгатне, прашање што го довело до користење наркотици, алкохол, го водело од едно до друго религиозно учење и кое конечно го довело до мудроста создадена за да го даде одговорот - Кабалата.

Транскрипција

Ендрју Кенет Мартин
(Актер и режисер кој режирал и играл во различни телевизиски шоу-емисии и филмови; живее во Торонто, Канада; ја проучува Кабалата од 2005 год.)

Ендру Кенет Мартин: Роден сум во Торонто, всушност во предградие на Торонто, во 1969 год. И мајка ми и татко ми беа академски граѓани, и двајцата беа агностици.
Знаете, можам да кажам дека уште од најраниот период имав чувство на отуѓеност од сите и од сè. Не се чувствував како дел од семејството, иако тоа беше семејство полно со љубов - тие се грижеа за мене и ме чуваа и се обидуваа да ме научат, така да се каже, на животните правила, но јас се чувствував сосема одделен од нив и потоа за време на сите процеси на социјализација не можев да воспоставам блискост, така што ми требаше да дојдам до нешто.
Единственото нешто, единственото решение што сметав дека е соодветно, беа алкохолот и наркотиците; западнав во вакви околности во моите тинејџерски години и ја загубив насоченоста кон кариерата и сличните работи. Ги запоставив врските со моето семејство, ги пропуштив сите можности, ги загубив пријателите, тие велеа, „Ти не можеш да се контролираш".
Едноставно веќе не сакав да бидам тука повеќе. За мене животот претставуваше големо измачување, така што можев да направам нешто што не избрав да го направам. Едноставно си реков дека сакам да живеам, тоа беше мојот избор.

Се сеќавам дека почнав да барам што и да е, и одбрав неколку книги за Кабалата и ги прочитав и почнав да истражувам. Потоа почнав да се фрустрирам, се насочив кон други учења, попрецизно кон источните учења, ги проучував повеќе години и бев уверен дека го најдов тоа што сум го барал.
Сето тоа не ме доведе до ништо. Тогаш, еден ден, во еден посебен миг на осаменост, откако познатото шоу што го имав заврши, јас почувстував дека од тоа немам никаква добивка, дека не ми претставува никакво задоволство. Единственото задоволство од сето тоа беше што се изборив да влезам во шоуто, а вистинска полза немав. Сè што сакав... Сакав да се остварам себеси; да го осознам Бога, да се осознам себеси, и во тоа бев осамен; ништо не се случуваше и ништо не се имаше случено со години и покрај тоа што се трудев немаше резултати, немаше опипливи, забележливи резултати, што мене некако... ми се случи плач од срце и многу... емотивна молба за некаква помош, и истиот ден подоцна наидов на Досегајќи ги световите од другата страна и тоа беше едно чувство на исполнетост, сосема различно од сè друго што претходно сум го чувствувал. Не прифатив сè одеднаш, но тоа му додаде уште една димензија на она што веќе беше присутно. И јас почнав да го слушам тоа и само тоа пред да отидам во ББ Торонто, го „варев" тоа, и сè друго што можев.
Во првиот цитат од книгата на Баал Хасулам, кога тој вели „Каква е смислата на мојот живот?" - навистина за првпат некој однадвор го постави прашањето што јас не можев да го артикулирам одвнатре. Свесен бев дека сакам да се осознаам себеси, дека копнеам да ја дознаам прчината за сè, но „Каква е смислата на мојот живот?"... За првпат слушнав некого да го искаже тоа, да го напише на тој начин. И оттогаш сум тука.
Авиху Сефер: Вие претходно рековте дека не сте успеале да се најдете себеси внатре, дека секогаш сте биле надвор. Дали денес се чувствувате како „внатрешен човек"?
Ендрју: Апсолутно. Толку што дури сакам да побегнам од тоа; таму има нешто... тоа е поврзаност, тука има врска од рамништето на утробата или од рамништето на срцето. Да, јас разгледував и таму има едно еклектично шаренило од сè и сешто, тоа е нешто каде што можам да се вклопам. Да, тоа е почеток на една прекрасна поврзаност.

Авиху Сефер: Какви се вашите чувства денес по однос на тоа со Рав?

Ендрју: ...
[Прашање: Што за вас претставува среќа?]

Ендрју: Среќата за мене... Среќа би било кога сите неизвесности, кога сите прашања ќе бидат одговорени. Кога прашањето: „Што е смислата на мојот живот?", „Кој сум јас, да му се сневиди?" Ако сè за што станува збор вистински биде одговорено, целосно, со сите нешта, со сите нешта...

 

 

 

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica