Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Моќниот Волшебник, кој не можел да биде сам

                                          

Опис

Приказната на Михаел Лајтман за Волшебникот кој го создал сиот живот и човекот во него, и потрагата на човекот за среќа во светот, создаден од Волшебникот .

Моќниот Волшебник, кој не можел да биде сам

Дали знаете зошто само старите луѓе кажуваат приказни и легенди? Бидејќи легендите се најмудрите нешта во светот! Сè во светот се меннува, но само вистинските легенди остануваат. Легендите се мудрост, и за да можеме да ги кажуваме, мора да имаме големо знаење и да гледаме нешта кои другите не ги гледаат.

За да можеме да го направиме тоа, мора да живееме долго. Затоа само старите луѓе знаат како да кажуваат легенди. Како што е запишано во најстарата, магична книга, " Стара личност е онаа која здобила мудрост. "

Децата сакаат да слушаат легенди бидејќи тие имаат имагинација и ум кој може да види сè, не само тоа што другите го гледаат. Ако детето порасне и сеуште гледа тоа што другите не го гледаат, тогаш тој станува мудар и паметен. Тој се здобива со мудрост. И бидејќи тој го гледа тоа што другите не го гледаат, тој знае дека имагинацијата е вистинска. Тој останува како дете, мудро дете. Како што е запишано во најстарата, магична книга "Зохар".

Си бил еднаш еден Волшебник, голем и благороден и добронамерен, со сите добри квалитети кои обично им се даваат на волшебниците во детските книги. Но, бидејќи Тој бил толку добронамерен морал да ги сподели тие квалитети, но Тој не знаел со кого да ги сподели. Тој немал со кого да ги сподели своите чувства, немал со кого да си игра, да го поминува своето време, или на кого да мисли. Тој исто така сакал да се почувствува сакан, бидејќи многу е тажно да си сам.

Но, што треба да направи? Тој помислил дека може да создаде еден камен, само еден мал камен, но прекрасен и можеби тоа би бил одговорот.

"Ќе го погалам каменот и ќе почувствувам дека има нешто покрај мене во секое време. И обајцата ќе се чувствуваме добро, бидејќи е многу тажно да си сам ".

Тој замавнал со своето волшебно стапче - ЧАК ! И одеднаш имаше камен покрај него, токму како што сакаше Тој.

Тој почнал да го гали каменот, да го гушка, да зборува со него . Но каменот не одговорил на ништо. Останал студен и не правел ништо друго. Што и да му правел на каменот, тој останувал истиот бесчувствителен објект.

Тоа воопшто не му одговарало на Волшебникот. Како може каменот да не одговара? Тој се обидел да создаде повеќе камења, па потоа карпи, ридови, планини, земјиште, Земјата, Месечината и Вселената. Но тие сите беа исти - НИШТО.

Тој сеуште се чувствуваше осамено и тажно. Додека бил тажен, Тој размислувал. Тој мислел дека наместо камења, ќе создаде растение, кое прекрасно ќе процвета. Тој ќе го наводнува, ќе му даде воздух, малку сонце, ќе му свири малку музика и растението ќе биде среќно.Тогаш и двајцата ќе бидат задоволни, бидејќи тажно е да се биде сам.

Тој замавна со своето волшебно стапче - ЧАК! И веднаш се појави растение, токму такво какво што сакаше Тој. Волшебникот беше толку среќен што почна да танцува околу растението. Но, растението не се помрдна. Тоа не танцуваше со Него и не ги следеше Неговите движења. Растението реагираше само на наједноставните работи кои му ги даваше Волшебникот. Ако Тој го наводнуваше, тоа растеше. Ако не го наводнуваше, тоа умираше. Тоа не беше доволно за таков Добронамерен Волшебник, кој сакаше со целото свое срце.Тој морал да направи нешто повеќе, бидејќи е многу тажно да си сам.

Така тој создал растенија во секаква големина: полјани, шуми, овоштарници, плантажи и разни овошни насади. Но тие беа исти како и првото растение. И повторно тој беше сам во својата тага.

Волшебникот мислел и мислел . Што треба да направи? Да создаде животно! Но каков вид на животно? Куче? Да, мало слатко кученце кое цело време ќе биде со Него. Тој би го шетал, и кученцето ќе скока и ќе си трча. Кога тој би се вратил дома, или бидејќи Тој е Волшебник, во неговиот замок, кученцето би било задоволно што ќе го видел него и би потрчкувало да го поздрави. И двајцата би биле среќни, бидејќи е тажно да си сам.

Тој го замавнал своето магично стапче - ЧАК ! И се создало кученце, баш како што сакал Тој. Тој почнал да се грижи за кученцето, да го храни, да му дава да пие, да го гали. Тој дури и трчал со него и го миел и го носел на прошетки.

Но суштината на љубовта на кучето е во тоа, што тоа цело време е до неговиот сопственик, без разлика каде и да е Тој. Волшебникот бил тажен бидејќи кучето не можело да му возврати, иако тоа толку добро си играло со Него и секаде одело со Него. Сепак, кучето не можело да му биде вистински пријател. Тоа не може да го цени тоа што Тој го прави за него. Тоа не ги разбира Неговите мисли, желби и колку многу мака е потребно за тоа што Тој го прави. Но, тоа беше тоа што го сакаше Волшебникот. Па, затоа Тој создал и други суштества: риби, кокошки, и други животни, но тоа било бескорисно. Ниедно од нив не Го разбирало. Толку било тажно да се биде сам.

Волшебникот седел и размислувал. Тогаш Тој сфатил дека за да може да има вистински пријател, тогаш тој мора да биде некој кој би се грижел за Него, некој кој многу би Го сакал, некој кој би бил баш како Волшебникот, способен да Го сака, да Го разбира, и да личи на Него, да биде Негов партнер. Партнер, вистински пријател? Тој мора да биде некој кој ќе биде многу близок со Волшебникот, кој разбира што му дава, некој кој може да возврати и кој може да Му даде сè за возврат. Волшебниците исто така сакаат да сакаат и да бидат сакани. Тогаш тие двајцата би биле задоволни, бидејќи е многу тажно да си сам.

Волшебникот помислил да создаде човек. Тој може да му биде вистински пријател. Тој може да биде како Него. Само ќе му треба малку помош, за да биде како Него. И така двајцата ќе се чувствуваат добро, бидејќи е тажно да се биде сам . Но, за да можат обајцата да се чувствуваат добро, човекот морал најпрво да се почувствува осамен, и да се почувствува тажен бидејќи не е со Волшебникот. Да се чувствува како што се чувствувам Јас без него, и да знае колку е тажно да се биде осамен.

Волшебникот повторно замавна со своето волшебно стапче и ЧАК ! Тој создаде човек недалеку од него. Човекот не почувствува дека има Волшебник кој Ги создал сите камења, сите растенија, сите ридови, сите полјани, Месечината, дождот, ветерот, кој создал цел свет исполнет со убави нешта, дури компјутери и фудбал. Сите овие нешта му овозможија да се почувствува добро и да не му недостига ништо. Волшебникот, од друга страна пак продолжи да се чувстува осамено. Човекот кој Го создаде не знаел дека постои Волшебник кој го довикува.
" Еј ! Нели ме гледаш? Јас сум! Јас ти го дадов сето ова! Дојди кај мене! Ќе биде толку добро да бидеме заедно. Толку е тажно да се биде осамен! ". Но како може човек кој се чувствува задоволен, кој има сè, дури и компјутер, и фудбал, кој не Го знае Волшебникот, не сака да Го пронајде или да се запознае со Него, да се зближи, да Го сака и да Му биде пријател - како може Волшебникот да му каже - " Дојди, обајцата ќе се чувствуваме добро, бидејќи е тажно да си сам, без Тебе "?

Личноста знае само тоа што му е најблиску до него, и го прави она што сите други го прават во негова близина.Тој го кажува тоа што другите го кажуваат, го сака тоа што тие го сакаат: не сака да навредува, да побара учтиво за подароци- компјутер, фудбалска топка. Како е можно човекот да знае дека постои Волшебник, кој е тажен што е сам.

Сепак Волшебникот е добронамерен и секогаш се грижи за човека. И кога времето ќе биде вистинско, Тој го замавнува своето волшебно стапче и го повикува тивко срцето на човекот - ЧАК ! И човекот не може веќе да биде исполнет од секојдневните работи. Тој мисли дека бара нешто и не сфаќа дека всушност тоа е Волшебникот, кој го повикува: " Дојди, и двајцата ќе се чувствуваме добро, бидејќи е многу тажно да си осамен, без тебе ."

Тогаш Волшебникот повторно замавнува со своето волшебно стапче, и човекот Го чувствува. Почнува да мисли на Него, да мисли дека би било подобро да бидат заедно, бидејќи е многу тажно да се биде осамен без Волшебникот. Уште едно замавнување со волшебното стапче и сега човекот чувствува дека постои магичен замок, полн со добри нешта и моќ, во кој го чека Волшебникот, и само таму ќе се чувствуваат добро, бидејќи е тажно да си осамен.

"Но каде е замокот? Како може да стигнам до таму? Кој е патот до таму? " се прашува себеси, збунет. Како може да се сретне со Волшебникот? ЧАК ! ЧАК ! Тој продолжува да го чувствува замавнувањето на волшебното стапче во своето срце и не може да заспие. Тој постојано гледа волшебници и волшебни замоци, па дури и не може да јаде.

Тоа се случува кога некоја личност сака нешто, но не може да го пронајде. Толку е тажно да се биде осамен. Но, за да може да биде како Волшебникот - мудар, голем, благороден, добронамерен и сакан пријател, едно замавнување на волшебното стапче не е доволно. Човек мора да научи како сам да создава чуда.

Затоа Волшебнкот потајно и нежно замавнал со своето волшебно стапче ЧАК ! ЧАК ! ЧАК ! Го одвел човекот до најстарата и најмагична книга " Зохар" и му го покажува патот до моќниот замок.Човекот ја зграпчува книгата за брзо да се сретне со Волшебникот, да се сретне со пријател и да Му каже " Дојди, ќе бидеме заедно, бидејќи е многу тажно да си осамен ".
Но, околу замокот на Волшебникот има голем ѕид, и колку повеќе се искачува човекот, толку погрубо е исфрлен назад од страна на стражарите. Падот е болен, и тој изввикува кон Волшебникот: " Каде е Твојата мудрост? Зошто ме тераш да шатам? Зошто Го направи патот кон Тебе толку болен за мене? "

И секој пат кога човекот ќе се почувствува слаб о и очајно, тој ке почувствува едно ЧАК ! Едно замавнување од волшебното стапче, и тој повторно се враќа да го искачува ѕидот и да ги заобиколи стражарите, без оглед на сè. Тој сака да влезе низ портите, да стигне до замокот, да се искачи по скалата и да стигне до Волшебникот.

Со секој обид човекот станува се похрабар, посилен и помудар. Тој учи најразлични трикови, измислува работи кои само Волшебникот ги може. Секој пат кога е вратен назад, тој сè повеќе и повеќе го посакува Волшебникот, сè повеќе ја чувствува љубовта кон Него и сака повеќе од било што друго на светот да биде со Волшебникот, да му Го види Неговото лице - бидејќи ќе биде добро да бидат заедно. И дури да има сè на светот, тој се чувствува комплетно сам без Волшебникот.

И кога веќе конечно не може да биде без Волшебникот, портите од замокот се отвараат и Волшебникот, неговиот Волшебник љубезно го пречекува и кажува: " Дојди, ќе ни биде добро заедно, бидејќи сега и двајцата знаеме колку е тажно да се биде осамен ."

Во тој момент, тие стануваат верни пријател , никогаш да не бидат разделени. И љубовта ги исполни и двајцата. Не постои поголемо задоволство од тоа помеѓу двајца блиски луѓе, засекогаш и до вечността. Тие се чувствуваат толку добро, што ни во еден момент не помнат како е да се биде осамен.

Затоа ако во своето срце чувствуваш, го чувствуваш ова - ЧАК! ЧАК! Слушај го многу внимателно, и во него ќе го чуеш повикот на Волшебникот и ќе почувствуваш колку е важно да стигнеш до Него. Бидејќи само тогаш ќе бидеш среќен. А сè до тогаш, и ако патот е тежок и болен, бидејќи е тажно да се биде сам, само оди кај помошникот на Волшебникот:

Кабала Групата на Бнеи Барух. Те чекаме тебе.
www.kab.tv

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica