Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Патот кон себеси

Опис

Михаел Лајтман ги поврзува големите проблеми во човечкиот научен и социјален напредок во последните 100 години со една причина- човечкото его. Лајтман објаснува зошто обидите да се зоздаде еднаквост и братство меѓу луѓето се неуспешни, односот помеѓу денешниот свет и Вавилон пред пет илјади години, зошто човештвото мора да помине низ криза со невидени размери, и зошто на човештвото му е толку тешко да разбере и да сака. Лајтман завршува со понуда на решение за позитивен иден напредок преку осврнување на тоа што човештвото треба да разбере и да го прави.

Препис

Патот кон Себеси

АРИ Филмс( во соработка со Кабала ТВ )

Дваесетиот век- колку турбулентен, колку револуционерен- исполнет со војни, диктатори од таков вид каков што не бил виден порано. Беше век на страдање, катастрофи, природни непогоди и тероризам.

Но, исто така беше век на среќа. Да, тоа сигурно беше. И помина толку брзо, збивајќи го времето, така што немавме можност да застанеме и да погледнеме наназад, а треба. Треба да погледнеме назад и да ги проучиме тие резултати, да сфатиме што не' очекува на крајот на ова брзо, но сепак напорно патување.

 

Професор Михаел Лајтман предвидува дека моменталната состојба на светот е од прилика петнаесет години наназад, но ние не сакавме да слушаме- тоа ни звучеше премногу далеку. Сега денот што тој го предвиде пристигна; глобалниот економски систем е во руини а светот е на работ на криза без преседан која што може да доведе дури и до светска војна. Во овој филм, Професор Лајтман ќе зборува за се' што се случило. Потоа тој ќе извлече заклучоци и ќе предложи решение- единствено решение кој тој го смета за можно.

Др. Лајтман е автор на триесетина книги; тој е професор по антологија и теорија на знаењето, и има докторат по филозофија и Кабала. Тој е оснивач и водач на Меѓународната Академија по Кабала, член на Светскиот Совет на Мудроста, и е последниот во линијата на Кабалисти кој опфаќа повеќе од пет илјади години.

Поглавје еден:
Големите прашања и причините што не наведоа да ги поставиме

Прашање: Што мислите за минатиот век, Професоре Лајтман?

Проф. Михаел Лајтман: тоа беше зачудувачки век кој до својот крај конечно го натера човештвото да ги постави суштинските прашања за значењето на животот. Во Дваесетиот Век луѓето почнаа да се чувствуваат се повеќе и повеќе непријатно. Тие почнаа да поставуваат прашања кои што никогаш порано не биле начнати, како што се: " Што јас правам во овој свет? Зошто сум роден? Што ќе се случи утре? Што ќе се случи во наредниот момент? Во која насока се движи мојот живот? Дали е тоа судбина? Бог? "
Кога си ги поставуваме ваквите прашања? Само кога страдаме.
Луѓето искусија многу страдања во дваесетиот век. Тоа беше период кој го погоди човештвото и го доведе до ќор- сокак.

Прашање: Зошто сите тие страдања? Зошто беше толку брутално во дваесетиот век? И зошто вие не одговарате?

Проф. Михаел Лајтман: Бидејќи имаме многу малку време и бевме предупредени.

Прашање: Како тоа мислите?

Проф. Михаел Лајтман: Голема катастрофа се приближува. Таа е предвидена. Може да преживеат само неколку луѓе. И тие на крајот ќе постигнат се' она што човештвото сеуште одбива да го постигне. Може да се случи во овој момент. Веќе имаме видено како вакви работи се случуваат.

Прашање: Значи, нема ништо што може да биде направено?

Проф. Михаел Лајтман: Да, има. Се уште постои шанса да ја сопреме.

Пашање: Како?

Проф. Михаел Лајтман: Со нашето конечно сфаќање за што живееме и да се однесуваме согласно со тоа.

Поглавје два:
Почетокот на 20-тиот век, или големата идеа која што му беше откриена на светот

Проф. Михаел Лајтман: Со почетокот на двесетиот век се појави и киното. Тоа изгледаше како еден невин изум,една невообичаеност но всушност голема идеа му беше откриена на светот, која што доведе до невидени последици.

Размислете. Едно лице седи пред платното и одеднаш може да се поврзе со целиот свет. Ние не треба да живееме многу животи; но место тоа можеме да ги живееме тука и сега. Замислете си обичен човек во мал град. Неговиот живот не е ништо повеќе отколку досадна работа, семејни обврски и постојани грижи. Одеднаш, тој стои на прием заедно со кралското семејство; тој го вози првиот автомобил; тој е таму на митинзи и демонстрации; остава свој белег во војни и конфликти. На некој начин тој се раѓа повторно и повторно.

Киното ни овозможува целосно да се идентификуваме со ликовите на екранот. Со појавата на киното, а подоцна телевизијата и интернетот, целиот свет и сите негови агонии и задоволства изгледа како да се во нас. Со сите негови револуции и војни во нас се внесени желбата, страдањата, и радоста на целиот свет.

Се' ова се случило во текот на еден човечки живот. И сите овие пронајдоци се наменети да ни помогнат да се чуствуваме меѓусебно, без разлика колку далечно или туѓо се чуствуваме, да разбереме, и да сакаме.

Поглавје три
Зошто е толку тешко- да се разбере и да се сака...

Прашање: Познато е дека природата е управувана од инстинкти. Но што е со човечкото суштество?

Проф. Михаел Лајтман: Човечките суштества се робови на еден ненаситен мал ѕвер- нивните ега. Застрашувачкиот дел е тоа што овие ѕверови е невозможно да се задоволат. Дваесетиот век е гол пример за тоа.

Прашање: професоре Лајтман како можеме да го дефинираме ова време на брзо- растечко его?

Проф. Михаел Лајтман: Тоа може да се гледа како ерата на обнова на Вавилонската Кула. Пред пет илјади години во Вавилон, луѓето сакаа да изградат кула која ќе го достигне небото. Значи, тие сакаа превласт, контрола над природата, да изградат рај на земјата.

Прашање: Каде тие погрешија?

Проф. Михаел Лајтман: Тие се потпираа исклучиво на своите умови и силата на своите раце. Егоистична поставка за да се изгради кулата за да го достигне небото.

Раскажувачот: Но тие беа сплотени во својот ентузијазам!

Проф. Михаел Лајтман: За извесно време да, се додека ова огромно его не го покажа своето лице. И не тргна во една експлозија од себичност која што заврши со осакатување, омраза, страдање и војни кои ја преплавија земјата. Луѓето престанаа да се разбираат едни со други, и завршија во тотална изолација. Светот тргна по една патека која што кулминираше до врвот на егоизмот во дваесетиот век.

Во двесетиот век се гледа нов обид да се изгради Вавилонската Кула. И светот тргна да ја направи истата грешка уште еднаш.

Раскажувачот: Но ние верувавме дека егоизмот може да биде задоволен и дека на крајот би можеле да бидеме среќни.

Проф. Михаел Лајтман: Ние бевме сосема сигурни во тоа. Се надевавме на светла иднина. И во тоа очекување ние почнавме да ја истражуваме вселената. Се сеќавам на радоста која ја чуствувавме кога првиот човек беше испратен во вселената; кога Нил Армстронг стапна на месечината. Луѓето сериозно почнаа да дискутираат дали постои живот на Марс, и сакавме да го истражиме Универзумот. Сите можности се чинеа толку реални.

Бевме сигурни дека можевме да ги победиме болестите; дека машините ќе го заменат човекот. Мислевме дека луѓето ќе имаат повеќе време да читаат, да размислуваат, да создаваат; дека работната недела ќе биде пократка; дека ќе посветиме повеќе време на семејството. Очекувавме дека научниот и технолошкиот напредок ќе ги направи нашите животи подобри и полесни. А што постигнавме?

Луѓето сега работат повеќе; работниците станаа робови на корпорациите, на својот сопствен бизнис, робови на парите, моќта, славата, и на признанијата за научни достигнувања. Болестите се во пораст. Еколошката ситуација на планетата е толку многу променета што е на работ на колапс. Луѓето немаат повеќе време за своите семејства и тие се распаѓаат.

Ако ме прашате дали луѓето биле посреќни во минатото отколку денес, би ви рекол со сигурност дека биле.

Поглавје четири:
Зошто не можеме да бидеме среќни...

Проф. Михаел Лајтман: Постои закон кој не опкружува; законот на рамнотежа и хармонија; законот на обединета меѓусебно поврзана природа. Како можеме да продолжиме да постоиме, кога сме спротивно на тој закон?

Тоа е невозможно! Колку побрзо ќе го сфатиме, толку помалку ќе страдаме. Ако не, ќе добиеме негативни повратни информации, исправајќи не' поенергично и поостро сето време, додека не се сложиме да бидеме среќни и да живееме според повисокиот закон на еднаквост, братство, единство и љубов.

Прашање: Нели веќе видовме такви обиди во дваесетиот век да се воспостави еднаквост и братство, кои излегоа дека се чиста утопиа? Не беа ли овие обиди засновани на истат идеа - слобода, еднаквост и братство?

Проф. Михаел Лајтман: Да, имаше.Ниедна револуција не може да биде успешна без таа возвишена цел.

Прашање: Значи, кои беа тие, овие први комунисти?

Проф. Михаел Лајтман: Тие беа идеалисти,романтичари, и направиа многу грешки. Русија само што беше излезена од феудализмот и никој навистина не го зема во предвид растечкиот егоизам. Луѓето сакаа да ги поделат ресурсите еднакво. Едноставно: да се земе од богатите и да им се даде на сиромашните. Тие сакаа праведност. Но праведноста е концепт кој што му е тотално туѓ на егоизмот. Така, тие се обидоа да ги променат луѓето со сила.
Комунистички режими се појавија во Русија, Кина, Кореа и Јужна Америка. Кибуците беа формирани во Израел. Тоа беше прв обид да се создаде праведно општество...
Раскажувачот: ...И пропадна...

Проф. Михаел Лајтман: Ништо не може да биде изградено врз основа на егоизам. Тоа е исто како градење врз мочуриште. Тоа ќе ве вовлече во себе и уништи.

И така, оваа илузија на градење праведно општество беше природно уништена од страна на истите луѓе кои го градеа.

Прашање: Зошто?

Проф. Михаел Лајтман: Бидејќи целта беше погрешна.

Прашање: Да исчезнат богатите?

Проф. Михаел Лајтман: Исчезнување на богатите не е целта. Мир за колибите и војна за палатите не е целта.

Прашање: Комплетна еднаквост за сите?

Проф. Михаел Лајтман: Комплетната еднаквост не е целта.

Прашање: Тогаш која е целта?

Проф. Михаел Лајтман: Вистинската цел е да се поправи егоизмот и да се живее според законот на љубовта и дарувањето. Тоа е вистинската цел. Да го почитуваме законот на природата што не' опкружува-тоа е вистинската цел.

Но, човештвото одбра друг пат и дојде до комплетен ќорсокак.

Поглавје пет:
Ќор- сокак

Проф. Михаел Лајтман: Ќорсокакот е прекрасна работа.

Прашање: Зошто?

Проф. Михаел Лајтман: Конечно можете да застанете и да размислите и многу прашања ни доаѓаат на ум: Како дојдовме до овој ќорсокак? Постои ли излез? И најитното прашање од сите: Можеме ли да го преживееме ова?

Ние треба да дојдеме до ќорсокак, бидејќи тоа не тера да сфатиме дека егото е тоа што не' донесе до ова.

Постоеа луѓе, кои се обидуваа да ни го кажат токму тоа. Тие викаа на глас; тие го молеа човештвото подобро да се погледне себеси, да запре пред да биде предоцна. Но нивните зборови наидоа на глуви уши.

И сега што се случува, постои впечатлива сличност со минатото- ќорсокак, криза со невидени размери. Она што може да следи е закана за масовно уништување на човештвото. Ние не го слушнавме нивниот повик во минатото, но од клучно значење е да го слушнеме сега.

Ние сме на работ на бездна, сите го гледаат тоа. Но сеуште имаме шанса да го надвладееме егото.

Поглавје шест
Која е таа последна шанса да се победи егото?

Проф. Михаел Лајтман: Егоизмот не може да се покори, бидејќи тој е во нашата природа. Вие не можете да се убедувате со вашето его. Тоа не може да биде убедено со аргументи или проповеди. Не можете да го поткупите вашето его, бидејќи тоа не може никогаш да биде задоволно.

Прашање: Дали тоа значи дека нема излез? Што може да се направи со него?

Проф. Михаел Лајтман: Можете само да го правите егото, да го трансформирате. Можете да го направите тоа! Самата природа ни го покажува тоа.

Погледнете ја оваа мирна и среќна слика - мајка и дете. Колку повеќе мајката му пружа задоволство на нејзиното дете, толку таа повеќе се чувствува задоволна. Само кога целиот свет би бил ваков: искусувајќи среќа преку среќата на друг. Нека љубовта не' врзе и поврзува.

Прашање: Но дали тоа е можно?

Проф. Михаел Лајтман: Во спротивно нема да преживееме.

Во текот на дваесетиот век ни беше кажано дека ние сме одвоено поврзани меѓусебно. Размислете за тоа!

Ако постои страдање без оглед дали се работи за личност или држава, вие не можете да останете рамнодушни а уште помалку да уживате во тоа. Тоа е затоа што ние сме едно тело, еден организам кој живее според еден закон- законот на сите живи тела, законот на универзалната љубов.

Ако ние го прекршиме овој закон ќе бидеме казнети а сега во моментов се' што правиме оди против овој закон. Но ние избираме да живееме согласно со законот на уништувањето, законот на егоизмот. Но не постои таков закон во природата. Нели гледате дека има само еден закон - законот на љубовта, законот на еден организам? И ова ќе се повторува онолку пати колку што е потребно.

Повеќе од седум милијарди клетки живеат во нас имајќи ја на ум взаемната полезност. Поединечно секоја клетка е егоистична, но за да преживеат секоја посебно клетка знае дека треба да се обединат.
Органите на телото не им служат на нивните сопствени потреби, тие му служат на целото тело. Така работи секој организам, бидејќи тој е принципот на животот. И е почитуван од секој организам во природата - законот на апсолутно давање, љубов и нераздвојна поврзаност- бидејќи овој закон управува со се', со целиот Универзум: неживото и живото - се!

Секој од нас е една од седумте милијарди честички во гигантскиот и обединет организам кој се нарекува нашиот свет. Ако не сакаме да бидеме присилени да го сфатиме тоа, тогаш ајде да го направиме тоа уште денес!

Прашање: Што треба да направиме?

Проф. Михаел Лајтман: Ние треба да им наложиме на сите медиуми за рекламирање и образованието, а образованието е најважно - задача да се всади една мисла во умовите на луѓето дека тие се дел од заеднички организам и дека вишиот закон на љубов не опкружува, бидејќи мислата е најмоќното оружје!

Кога човечката мисла би се фокисирала на тоа како да научи љубов; кога би продолжиле да се навраќаме на таа мисла обидувајќи се да живееме со неа, никогаш не напуштајќи ја, се' би се сменило во истиот момент.

Со страсна желба за љубов, како наша постојана мисла, ние ќе го привлечеме тој закон врз нас и тој ќе има влијание на нас. И тој виши закон на љубов ќе ни помогне, тој ќе не опкружува и ќе не држи, како мајка која го гушка своето дете во своите прегратки. Ќе започне да не менува, правејќи не слични на него.

Зошто? Затоа што сакаме да се обединиме со него. Во тоа е тајната. Ние го прифативме. И за прв пат ние сакаме да се обединиме со него, да го послушаме неговиот повик. Ова ќе биде без преседан во човечката историја и ќе ни има ненадејно позитивно влијание.

Ние ќе видиме дека светот околу нас е пријателски; дека актот на љубовта не конзумира енергија, тој ја создава. Ние конечно ќе сфатиме што всушност љубовта е- подготвеноста да се грижиме за доброто на друга личност и да служиме на друг, а не на себеси. Тоа е љубов!

Но ние треба да побрзаме сега и итно да станеме среќни и навистина да ја сакаме љубовта во овој живот. Тоа мора да го направиме!

Колку беше прекрасен дваесетиот век! И колку незамисливо попрекрасен век е пред нас!

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica