Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Воспитување без Риталин

shutterstock 16986481Хиперактивноста e природна појава кај децата од поновата генерација.
Околу 80% до 90% од децата денес се хиперактивни. На многу од нив лекарите им препишуваат Риталин. На родителите им велат „Не го носете детето на училиште без да му дадете Риталин." Лекот стана предуслов за детето да оди во училиште.

Но, ова сигурно е погрешно. Кабала објаснува дека луѓето се менуваат од генерација во генерација, бидејќи нивните желби постојано се зголемуваат. Луѓето од поновата генерација имаат поголеми желби отколку оние од претходните генерации. Така, тие развиваат нови технологии, општества, и според тоа, човештвото напредува. Заради оваа причина секоја генерација е поголема од претходната.
Денешната генерација е посебна, бидејќи егото скокна на толку високо ниво што не сме во можност да го употребиме на правилен начин. Не ги разбираме децата, така, наместо да ги разбереме, сакаме да ги смириме, како да сакаме да ги запреме, да ги заврземе со Риталин. Но, Риталин, само го врзува детето, и не му дозволува да се развива.

Не е хиперактивно само некое дете. Добро би било ако беше такво едно или две деца, но денес, 80% - 90% од децата се хиперактивни. Така што, тоа воопшто не е исклучок. Вакви се децата од оваа генерација, и сакаме да ги ставиме во окови, да ги ставиме во затвор.
Детето мора да трча, да скока, детето мора да биде „хиперактивно". Тоа треба да ја истроши својата енергија, својата желба со цел да се развие. И ако му поставиме ограничувања, ако му дадеме лекови, ние сигурно ќе му наштетиме и физички и психички.

Ако оваа појава преовладува, треба да имаме деликатен пристап, како да е тоа нешто нормално и неопходно за развојот. Мораме да си признаеме на самите себе дека не знаеме како да се справиме со ваквите деца, како да ги смириме, да ги сместиме во училиштата и да им поставиме граници. Во секој случај, Риталин не е правилниот пристап за да го сториме тоа.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica