Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Да си ги засилиме нашите деца

Главната цел на секоја влада би требало да биде образованието,кое ќе опфати подлабока основа,за смислата на нашето постоење.

 

Не се работи за Грујо, ниту за Бранко, а ни за Ставревски. Никој од нив нема да си ја заврши работата како што треба, ако ние не им покажеме во кој правец треба да одат. Значи не се работи за луѓето кои се избрани, туку за луѓето кои нив ги бирале. Политичарите, претседателите се добри само за едно нешто; да бидат избрани. Но за да владеат мара да имаат помошници. Ние, секоја единка која се грижи за иднината на својата земја и своите деца, мораме да знаеме како помошници да помагаме, советуваме.

Главната цел на секоја влада би требало да биде образованието. Под образование не се мисли само на знаење на градови, држави, историја. Образованието за кое зборуваме мора да опфати многу подлабока основа, онаа која доваѓа од душата, знаење за смислата на нашето постоење. Да објаснам: во минатиот век бевме сведоци на глобализација и взаемна зависност меѓу државите.

Моменталната финансиска криза го открива непобитниот факт; не можеме да решиме ниту една криза без заеднички напори, како единствено човештво. Америка зависи од увоз, Кина, Русија и земјите на ОПЕК зависат од извоз во Америка и Европа. Нам и не мора да ни се допаѓа оваа меѓузависност, но тоа е само затоа што гледаме своја корист, на сопствено, општествено и меѓународно ниво. Разликата меѓу оваа и претходните кризи е во тоа што оваа јасно и гласно ни порачува: "Или сите, или никој".

Зошто? Затоа што тоа е патот на светот. Се на светов, живо и неживо подлежи на законот на реципроцитет, според кој секој дел дејствува на опкружението на секој домаќин,како човечкиот така и екосоставот во кој живееме. Составот пак за возврат гарантира благосостојба на своите делови. Во природата, заедничкото добро и индивидуалното е едно исто. Да не е така не би можеле ова да го читаме, зошто секое око ќе гледа на друга страна, а мозокот ќе игнорира. А не би ни биле живи ако вашите органи не функционираат како состав кој го потпира животот, каде секој орган работи за доброто на целиот организам, а пак организмот го одржува доброта на своите органи.

Човековиот род е исто така целосен, прекрасен и шаренолик организам. Тој организам внатре во себе има душа која управува со своите органи; руско-арапскиот орган кој обезбедува нафта и енергија, азискиот орган ја користи енергијата за произвотство, а америчко-европскиот орган се служи со производите. На тој начин сите органи се потпираат меѓусебно. Целта на нашиот живот е да го откриеме тој закон на реципроцитет, закон на взаемно давање. Тоа е толку познатото "Љуби го ближниот свој, како самиот себе", само што целта не е да се скротиме во својата удобност, туку да го научиме законот на егзистенција за да станеме господари на својата судбина.

Ако ги засилиме своите деца со законот на реципроцитет, не само што ќе знаат да ги избегнат грешките туку ќе бидат способни да создадат сосема нова иднина. Таа иднина ќе се темели на љубов, взаемна подршка и длабоко разбирање на природата. Тоа е целта на нашите животи; да ја разбереме природата и да соработуваме во градењето на човечкото друштво хармонизирано со природните закони. Да го искористиме времето што даваѓа како отскочна даска за промени, а тие веќе се случуваат, па барем нека се случуваат на правилен начин, за среќа на нашите деца и на самите нас.

i

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica