Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Кабалистичка психологија - Прв дел

Кабалистичка психологија - Прв дел

-Здраво, драги пријатели! Се викам Анатолиј Улјанов. По професија сум психолог, психотерапевт.

 Анатолиј Улјанов, Психолог, психотерапевтво Европската асоцијација Гешталт на терапевтите (ЕАГП). Тренер на Меѓународната Академија на Лидерството во Санкт-Петербург. Научен консултант на меѓународните натпревари за убавината и телевизиските емисии: “Цената на успехот” (РТР), “Големо перење” (ОРТ), “Куќа – 2”(ТНТ) и др.

-Денес ве поканувам на уникатно патување, бидејќи имаме можност да се дружиме со многу мудар човек. Човек кој е обучен за древната наука кабала. Поминувајќи многу техники и знаења дојдов до сознание дека најсистематизираното, најјасното, најразбирливото знаење се содржи токму во науката кабала. Здраво, почитуван професоре!

-Здраво!

Михаел Лајтман, Научник – истражувач во областа на класичната кабала. Д-р по филозофија, проф. по онтологија и теоријата на спознавањето. Основач и раководител на Меѓународната академија по кабала “АРИ“. Автор на повеќе од 30 книги преведени на 9 јазици. Член на “Светскиот совет на мудреци“

– Не се сретнуваме првпат со Вас и ме радува бидејќи имам можност да Ви поставам прашања. Да разјаснам некои работи кои се појавиле во текот на овие неколку месеци, додека не сме се виделе. Ќе почнам од една работа – типологијата. Во психологијата таа претставува важна основа, бидејќи започнува од општото кон поединечното.  Постои еден проблем во психологијата. Нема јасно дефинирана типологија. Некој специјалист го дели животот на човекот, од раѓањето до смртта, на 4 дела. Другиот пак го дели на 5 дела. Кому што му лежи, кој што претпочита, така и прави. Но, актуелна е потребата од јасно, структурирано знаење. Дали би можеле, од гледна точка на кабалата, да ни кажете кои се фазите на животниот пат на човекот? Колку ги има и да ги начнеме во општи црти? Какви фази се тоа и какви задачи се поставени пред човекот, кои тој мора да ги изврши како резултат на поминувањето низ таа фаза?

– Како прво ние треба да сфатиме дека нашиот живот не е случаен. Што повеќе ја откриваме природата, нејзините закони и врски, гледаме дека апсолутно сé е терминолошки дефинирано, взаемно поврзано, глобализирано и во целина. Сето тоа, како во нашиот организам, сите негови елементи и системи се заемно поврзани и условени еден со друг. Затоа треба да сфатиме дека животот има почеток и крај, и има некоја цел која на крај ние треба да ја достигнеме. Иако ние не гледаме кон што оди човештвото, сепак таа цел во природата постои. Бидејќи гледаме колку секој дел и поединечните дејствија се причинско-последично меѓусебно поврзани. Тие меѓусебно се дефинираат и постои мудрост во целиот тој редослед на случувањата. Тогаш е нормално што дури и таму каде што нашите знаења за правецот на движење се губат зад хоризонтот, природата има план. Сега откриваме дека причинско-последичниот развој на случувањата не се дефинира од почетокот, туку од крајот. Која е целта која ние сакаме да ја постигнеме или не сакаме да ја постигнеме. Природата, таа нè води кон таа цел. Од почеток треба да биде позната конечната цел. Тогаш нашиот развој јасно е насочен кон достигнувањето на таа состојба. Затоа што ние не сфаќаме и не ја знаеме конечната состојба. Токму затоа нашиот развој ни се чини несистематски, никаков. Наеднаш изумираат диносаурусите, нешто друго се појавува, некои катаклизми. Ние не ги гледаме опсежните причинско-последични односи. Но, во природата тие постојат и имаме доволно факти коишто укажуваат дека кон природата треба да се однесуваме како кон многу мудар механизам, во кој однапред постојат нашите следни состојби. Тие состојби се предодредени и постојат многу далечни цели. Како што се вели : “На глупавиот да не му се покажува половина од работата”. Така и ние, гледајќи го само делот од работата на природата врз нас, донесуваме заклучок дека таа е неразумна. Но, всушност во неа постои огромен разум и ние не треба да се поставуваме над природата. Ние сме само нејзин дел и затоа таквиот однос нè води кон сосема поинакви заклучоци, однос кон природата, екологијата, и генерално кон самите себе и кон нашиот живот. Треба да се однесуваме со внимание кон природата, да земаме примери од неа. Како што гледаме токму науката во последните децении сé повеќе оди кон тоа дека ние треба да учиме од природата. Да ги преземаме од неа нејзините елементи, механизми и да градиме аналогно на нив, свои опшествени системи. Општествено политичките, социјалните и техничките инструменти да ги развиваме аналогно на биолошките. Гледам дека човештвото сфаќа дека сé треба да се зема од природата, бидејќи во неа сето тоа го има. Во нашиот однос кон човекот при изградбата на општеството, правилното создавање на семејството, во правилното создавање на животната средина за секој од нас, воспитувањето на човекот во детската градинка, училиштето, универзитетот и т.н. ние треба одговорите да ги бараме во природата. Од таму ние можеме да црпиме нашите знаења. Барем така вели науката кабала, која се заснова само врз емпириските знаења за природата. Само врз истражувањето на природата, а не поинаку. Ако од таму би ги земале нашите знаења, тогаш постепено ќе дојдеме до хармонија со природата. Тоа всушност претставува услов на нашата здрава и добра егзистенција.

– Одлично! Во целост се согласувам со Вас. Кај мене постои една фантазија дека постои нешто пред раѓањето, нешто постои после смртта. Но, сепак гледајќи го човекот, гледаме дека тој поминува одредена фаза, се менува надворешно. Се менува неговата психа, неговите општествени меѓусебни односи. Се менува неговото опкружување. Какви фази се тоа, според науката кабала? Кога читав и истражував од книгите не можев самостојно да разјаснам. Некаде 10, некаде 12, некаде 13 фази. На крај се збунив.

–Она за што Вие прашувате, во науката кабала е истражено темелно. Но, презентирано е далеку од реалното остварување, од реализацијата. Бидејќи сé уште не сме дојдени до состојбата кога можеме да осознаеме какво треба да биде општеството. Сé уште се наоѓаме во состојба кога мислиме дека самите можеме да сфатиме и самите да измислиме некакви општествени средства, механизми, структури. Треба да имаме заемни врски. Сведоци сме како сето тоа се менува. Секој политичар вели дека знае да го организира светот. Тоа е најголемата глупост која човекот може да си ја дозволи. Притоа ги користи туѓите животи, обидувајќи се да направи фиктивен модел, кој самиот генерално не го разбира и кој произлегува чисто од неговиот егоизам. Да ги потчини сите и сé.

Затоа науката кабала разбира дека сé уште сме многу далеку од правилната реализација на себеси, аналогно на природата. Но, таа се открива за време на нашата генерација, бидејќи ние сме првата генерација која почнува да сфаќа дека завлегува во ќорсокак. Сфаќаме дека ние не можеме да изградиме правилно општество, правилно семејство, образование, воспитување. Дека државната структура ја гледаме во розово светло и за кратко време таа почнува да се руши. Немаме јасни планови. Сето тоа е толку многу поврзано со егоизмот на поединецот и влегува во противречност со другите, што едноставно не може ништо да се стори. Затоа токму безизлезната ситуација, состојбата на ќорсокак, ќе го доведе човештвото до потребата да се загледа токму во природата и од неа да зема примери. Затоа во нашето време почнува да се открива науката кабала и почнува да ги опишува состојбите за кои Вие говорите. Правилното сфаќање на развојот на човекот и општеството, образованието, воспитувањето, семејството, целиот процес на нашиот живот, целокупното човештво и нашиот поединечен живот, различните периоди, различните цивилизации кои паралелно постоеле – е многу сложен систем. Тоа ние го сфаќаме. Особено во глобализираниот свет, кога ние влијаеме еден врз друг треба да се земаат предвид различните нивоа и карактери на цивилизациите. Нивниот историски багаж, различното сфаќање на целите и средствата за остварување на нивните планови. Кабалата разоткрива опсежна слика. Но, јас мислам дека треба да се открива дел по дел на човештвото, зависно од тоа колку човештвото ќе може да ја прилагоди на себе. Кога на човекот му ја кажуваш крајната варијанта или блиску до крајот, тој е толку далечен од неговата денешна состојба, што не сака да ја прифати, сметајќи дека тоа е нереално, невозможно. Но, постепено, менувајќи се тој согледува дека тоа сепак најдоброто е она што ни го нуди природата, како резултат на нашиот развој. Затоа да одиме полека, постепено.

Од што, од историјата?

– Од самиот почеток, бидејќи јас не ја познавам типологијата. Кај нас се смета дека историјата на човекот започнува од моментот на неговото раѓање, кога тој се појавува на свет. Можеме да го допреме и интраутериниот развој, како кабалата гледа на тоа, бидејќи јас и во тоа исто така се збунив. Би сакал да Ви објаснам со што е тоа поврзано. Луѓе доаѓаат на прием, се обраќаат родителите, како што кажавте, едноставно не знаат што да прават со детето. Како да го воспитуваат, на каков начин, на што да го учат. Како да се однесувааат кон тој човек. Би било многу интересно да ги земеме фазите, да речеме, кои постојат во развојот и да ги означиме задачите кои се поставени во таа фаза. Како да се однесуваат воспитувачите, родителите во таа фаза со детето, за потоа како возрасен да помине максимално комфорно и добро. За да израсне во човек за кој Вие говоревте.

-За тоа не е можно само да се обрнува внимание на детето. Ние мораме да му создадеме соодветна средина, која ќе се менува со секој ден на неговиот развој. Која ќе се менува соодветно на тоа што сакаме ние од него да добиеме, какво давање да добиеме од него. Сфаќате дека човекот е производ на околината, ние тоа одлично го разбираме. Затоа не треба да се обраќаме на детето, туку всушност на средината што го опкружува, која менувајќи се ќе го менува субјектот. Поинаку ништо нема да успее. Јас не морам да се грижам за воспитувањето на детето, туку всушност треба да се грижам за воспитувањето на неговото опкружување. Односно тука веднаш преминуваме, го префрламе проблемот. Топката се наоѓа во туѓи раце – кај родителите, јавноста, опкружувањето, воспитувачите во детската градинка, во школите и т.н.

– Јас предлагам да тргнеме по фазите и да се осврнуваме на тие две компоненти. Најјасна е типологијата за која говоревме минатиот пат. Ерик Ериксон вели дека постои развој на детето и постои општеството, кое треба на некој начин да се открива, или да одговара на барањата, или дури да ги диктира барањата за развојот на детето. Ако тоа успее, ќе биде одлично. Од самиот почеток...

-Ако не говориме за интраутериниот развој, иако тој има огромно значење...

– Можеби ќе го означиме некако...

– Интраутериниот развој генерално започнува од 40-дневната бременост. Кога човекот ќе ги помине своите први 40 дена се смета дека веќе се оформил од капката семе во некоја своја првична структура. Понатаму таа структура се развива. Првите три месеци, па наредните 3 и наредните 3 месеци. Секои од тие три месеци имаат сосема поинакво темпо на развој, поинаков карактер на развојот. Се развива, нормално најматеријалниот дел, потоа повишиот дел и уште повишиот дел -  нервниот систам и т.н. Во согласност со тоа и мајката и животната средина треба на поинаков начин да се однесуваат кон тоа што се развива внатре. Кабалата не прави разлика меѓу интраутериниот и надворешниот развој на човекот. Таа смета дека од почеток, кога човекот е зачнат, таа капка семе, коренот, неговата иднина почнува да се развива. Готово, ние веќе имаме работа со иден човек. Затоа е важно, не само како се храни и живее мајката сите тие девет месеци на бременост, туку што слуша, чувствува, што преживува, какви состојби. Истото тоа нормално се случува и со детето. Тоа добива огромен број на информации, и тоа многу сериозна виша информација, која ќе се манифестира во него во зрела возраст. Кога самото ќе биде во истите состојби како и неговата мајка, татко и животната средина. Затоа кабалата вели дека ние треба да му дадеме на детето максимално наполнување во интраутериниот развој. А тоа зависи од родителите. Нам ни се чини дека преку детето поминуваат само крвта со хранливите материи од мајката, а мајката ги собира од него неговите секрети и ги исфрла. Односно само некој механички циклус – наполнување, впивање, исфрлање. Во суштина тоа не е така. Се пренесува огромен број на информации преку заедничкиот систем меѓу детето и мајката. Затоа може да се каже дека детето е дел од мајчиниот систем. Затоа сé што преживува мајката, гледа, слуша, зборува, сé е дел од развојот на детето. Затоа е многу е важен тој период. Детето всушност, ги чувствува луѓето како растенија – добри, лоши. Според односот, според мирисот, според нашите зрачења. На таа тема постојат и истражувања. Детето ја чувствува состојбата на мајката, кој е до неа, животната средина. Ние многу малку знаеме за тоа од нашите истражувања. Меѓутоа гледаме дека тоа е сложен систем. Не говориме само за некаков чисто механички развој на плодот. Јас би рекол: треба да се создадат максимално удобни услови за детето, во смисла на негово наполнување. Не само со хранливи материи, туку негово наполнување со добра информација.

– Тоа значи пријатна атмосфера, добри односи, или мислите на нешто друго?

– Не само тоа! Треба да се однесува кон детето како кон возрасен човек. Комуницирате со него како со возрасен човек и се обидувате да му ги пренесете најважните тајни на животот, највисоки и посебни материи. Не само музиката, уметноста, слики и др. Туку длабоки внатрешни дожувувања, мисли... Не трагичните доживувања, но сепак сериозни мисли. И сето тоа ќе се восприми. Бидејќи детето во таква состојба се наоѓа генерално во најдобра положба, во однос на апсорбирање на информацијата. Тоа е апсолутно неутрално во туѓо тело. На ист начин како што тоа се неутрализира себеси во однос на организмот на мајката, заради што може да егзистира во него. Не како туѓо тело, мајката токму затоа не го отфрла. Тоа ја восприма целокупната информација дека не е туѓо тело. Потоа ќе биде многу тешко со него да се работи. Подоцна тоа ќе биде туѓ организам и ќе треба да се бараат начини како да се пријде до него. Во текот на деветте месеци на бременоста во него може да се влее сé што ќе посакаш. Тоа навистина зависи само од животната средина. И тоа ќе го прими, зошто природата го прилагодува на целосно анулирање на себеси во однос на мајчиниот организам. На сите нивоа: менталното, физичкото, психолошкото. Затоа ние треба тоа да го искористиме.

– Како тоа да го правиме? Да ја седнеме мајката пред телевизор, или?

– Да работиме со мајката сите тие девет месеци, и тоа многу сериозно. Така вие понатаму се ослободувате од огромна работа со мало човече кое можеби ќе сака, а можеби и нема да сака да ве восприма. Природата ќе го влече некаде да се занимава со нешто друго. Сега имате огромна прекрасна можност да се подготви таква подлога за понатамошниот контакт со него. Со тоа ќе биде наклонето кон вас. Ќе биде приврзано, ќе ве сфаќа. Таква можност не смее да се пропушти.

– Можноста за која говорите е навистина прекрасна. Но, како тоа да се направи? Да се читаат книги, или што друго е потребно?

– Тоа е посебен систем. Ние треба да се задлабочиме малку повеќе во кабалата. Подлабоко да сфатиме, што таа притоа сугерира. Но, во суштина тоа е систем на интраутериното воспитување на децата. Тоа звучи како апсолутно нова, поинаква област на психологијата, воспитувањето и образованието. Тоа е да се биде човек. Иако ние недоволно знаеме за интраутериниот развој, но тој ги положува основите за сé што следи понатаму. Многу нешта зависат од тоа како детето се развило во мајката. Сега на таа тема постојат многубројни истражувања, проверки, анализи кои се прават за тоа да се роди нормално. Ги проверуваат сите негови параметри, системи и т.н. Пред нас е поставена огромна работа. За тоа време ние можеме фактички сé да направиме со човекот, за тој потоа да биде предодреден за нормален, убав, хармоничен живот. Тој нема да знае зошто и како, но ќе го влече кон одредени предмети, ликови, дејства, развој во некоја насока.

– Добро, да речеме сега нашите гледачи ја слушнале оваа информација. Многу од нив се подготвуваат да станат родители и кај нив ќе се појави прашањето што конкретно треба да сторат. Дали да читаат некои книги, дали да прават излети во природа?

– Сето тоа што го споменавте е сосема точно. Да се биде во контакт со природата. Освен тоа треба да се читаат лесни книги за кабалата. Бидејќи тие говорат за општиот систем на универзумот. За општите сили кои се во меѓусебна интеракција и го туркаат целокупното човештво кон нивната цел – правилниот развој, добрата цел. Сили кои влијаат врз нас. Значи детето влегува во контакт со тој систем. Тоа не е мистицизам. Тоа е исто како што сонцето влијае врз нас, како што влијаат секакви зрачења. Така и тие сили стојат зад нашиот свет и ја одредуваат целата наша судбина, сите наши состојби. Значи ние треба да ги читаме тие книги. На тој начин ние стапуваме во контакт со нив. Не толку мајката, туку детето стапува во тој контакт, бидејќи тоа многу подиректно восприма. Тој контакт претставува интегрален дел од таа природа. Мајката има свој личен егоизам, има изборен систем на воспримање. Но, кај детето тоа сé уште не постои. Затоа во дадениот случај е благодет да се работи со него, додека тоа се наоѓа во внатрешноста на мајката. Освен тоа, нормално музиката, добри научно-популарни филмови. Денес постојат секакви филмови во кои меѓусебно се јадат и убиваат, но јас мислам на добри филмови. Всушност тоа е цел систем кој ние треба да го создадеме за мајките. Посебно за нив, вклучувајќи ги другите членови на семејството и т.н. На тоа треба да му се даде големо внимание. Со тоа ние ќе го оздравиме општеството, без секаков сомнеж. Да се излезе на ниво на правилен интраутерин развој на детето, правилната подготовка на детето пред неговото раѓање. Убеден сум дека од нас ќе отргне огромни проблеми во иднина. Како следна фаза ќе забележите дека вашите проблеми со пациентите ќе почнат да се губат. Ќе се префрлат во друга област, но притоа детската психологија ќе биде многу олеснета.

- За воспримање на тие фази на човекот, на нашите гледачи и мене ќе ни биде многу полесно, кога би ги навеле сите тие фази, а потоа да ги разгледаме многу подетално...

– Јас мислам дека треба хармонично да се влијае врз мајката. Со разни пријатни информациски извори, стимулатори на информацијата, стимулатори на чувствата. За сето тоа да поминува мазно, добро, методично. Како што сега ние инстинктивно доаѓаме до тоа. Ја слушаме музиката на Моцарт, бидејќи е многу хармонична за децата. Читаме разни приказни и раскази, гледаме некои пријатни филмови. Многу добро е да се гледа добра, нормална научна фантастика. Природата, разни филмови за природата, само добри и директни. Всушност сé што зборува за развојот на човекот и неговата хармонија со околната средина. Помалку политика, социологија, помалку проблеми, сé за да се развие човекот. Како што му даваме хранливи материи и сакаме да се развие правилно, здраво, исто така да му се дава правилна добра информација. За правилно да се развие и да биде подготвено за животот. Јас сé уште не би давал конкретни совети кои кабалата ги има. Но, мислам дека тие се следната фаза. Ајде едноставно да почнеме од тоа да назначиме и да дадеме некој пакет за идната мајка.

– Тоа би било прекрасно. Добро, интраутериниот период заврши. Потоа ние говоревме дека породувањето мора да се одвива по природен пат. Мајката треба да ја почувствува таа болка, бидејќи таа е важна за нејзиниот имунолошки систем. За правилниот развој како на мајката така и на детето. Која е следната фаза, согласно со кабалата? Кој период го опфаќа?

– Тоа веќе е после раѓањето. После раѓањето е фазата кога со човекот треба да се работи. Во почеток тоа се само тактилни и аудитивни влијанија. Потоа сé повеќе се приклучува и видот, мирисите. Патем речено ние не им обрнуваме потребно внимание. Всушност огромен број од мозочни клетки се клетките на мирисот. Со нив е фактички обложена внатрешната површина на мозочната кора. Ние треба да сфатиме дека не ни се причинува во нашиот свет, туку навистина кабалата на тоа му дава големо внимание. Ние треба на таков начин да влијаеме врз човекот за постепено и хармонично да го развиваме. Тука имаме работа со првиот развој. Тоа е до 3 годишна возраст. Кога човекот ја восприма само околната средина, многу блиска до него. Тој ништо не восприма надвор од себе, туку восприма внатре во себе. Односно не му е важно што е предметот, туку му е важно како тој го чувствува за себе, и само за себе. Тоа може да биде куче или маче, може да биде играчка или мебел. Може да биде мајката или автобус, сеедно. Сосема сеедно. Нему му е важно само во однос на него. Ова е добро, а ова е лошо. Само на таков начин тој грубо и точно ги сортира сите тие нешта. Значи тука е потребно максимално... Тргнувајќи од тоа да го обучуваме што е пријатно, а што е непријатно. Но, да го учиме на тоа што е пријатно, а што непријатно. Всушност “ова е пријатно, а ова не е”.

– Значи, да не го прашуваме него, туку ние да кажуваме...

– Да, “ова е музика, ова се боите...” На таков начин ќе можеме да го развиваме човекот. Во оние области во кои тоа можеби не би се развило самостојно. Можеме да си замислиме кога би го оставиле во шума. Каков спектар на осети и воспримање би имал тоа?

– Како кај животно, има такви случаи...

– Да, сигурно! Но, ние треба да му дадеме поголем развој. Но, сепак првите 3 години само на таков начин ние треба да разбереме развојот. Чисто егоистичен, кога тоа фактички не ја чувствува околната средина. Не може да стапува во контакт со нив. “Дај и прими”, туку само “прими”. Тоа е неговиот развој. После 3-годишната возраст почнува веќе друг развој...

– Почекајте момент. Вие кажавте за мирисите, дека мирисите се многу важни. На што конкретно мислевте?

– Не. Треба да се развиваат сите пет сетила. Но, методично да се развиваат и секој од нив поединечно. Потоа заедно. Т.е. црвено – со некој звук. Сино, зелено, со некој шум на водата. Во него да се предизвикуваат разни асоцијации, комбинации на асоцијации од сите наши пет сетилни органи. Видов дека мојот внук има книга во која на едната страница има ренде, на другата се залепени пердуви. Значи веќе почнуваме да сфаќаме дека освен текстот треба да се дополни со осет на допир. Истото важи и за звукот, вкусот и мирисот.

– Значи да се мирисаат цвеќиња и сл.?

– Да, сето ова треба да биде во различни комбинации и тогаш кај човекот ќе се развие правилно хармонично внатрешно воспримање на светот. Сигурно дека во нашата состојба, во нашиот свет, ќе му недостасуват многу нешта. Тој ќе го восприма овој свет како многу едностран, ограничен после неговото претходно воспитување. Но, всушност од луѓе такви како него, ние можеме да создадеме многу поправилен и поширок, похармоничен свет. Треба да се гради воспитување врз развојот, врз меѓусебната поврзаност на нашите пет влијанија: видот, слухот, допирот, мирисот и вкусот.

– Се испоставува дека многу важен е контактот со природата, бидејќи во неа се основните мириси, бои и др. Моето прашање, пред да преминеме кон следната фаза е: Дали во оваа фаза на развојот, тој е ист и кај машките и кај женските?

– До тригодишна возраст нема никаква разлика. Затоа што до таа возраст тие не ја разбираат разликата. Ниту полот, ниту друг човек немаат значење. За него е значаен самиот тој. Тоа е како прво. Второ, петте сетилни органи да бидат во добра хармонија. Добро или лошо тебе ти е од ова и од она, од нивната меѓусебна врска, и т.н. Така е до тригодишниот развој. Се разбира и физичкиот развој. Следната фаза е после три години. Тука имаме работа со сосема поинакво човече. Почнува да бива социјално суштество. Сака да игра со другите. Да одзема, да дава, да прима заеднички нешта. Почнува да бидува дел од општеството. Почнува да ја восприма телевизијата, поточно некои ликови надвор од себе и има однос кон нив. Сочувствува, или на некој начин се гледа себе надвор од себе. Некаде, со некого како контактирачки, постоечки. Во тој период треба веднаш, тоа е некаде од 3 до 6 години, да се положат основите на неговата правилна социјална интеракција со другите членови на општеството. Тука се потребни добри игри. Но, не натпревари со другите, туку неговата поврзаност со другите. За достигнување на некоја цел која не е насочена против некои други луѓе, туку против механички препреки. Тука е многу важно дека сам не можеш да ја достигнеш целта. Заедно со другарот. Тука веќе е важен полот. Момчињата треба да се воспитуваат од мажи, посебно од девојчињата, кои треба да се воспитуваат од жени. Нормално дека има разлики во нивните игри и методите. Но, всушност тие се насочени кон коегзистенцијата, разбирањето, кон сфаќањето на фактот дека “не можам сам, општеството е корисно”. Не е важно дека е корисно од егоистичен аспект, но важна е потребата од општество. Општеството е кога јас нешто од себе давам за да се сврзам со друг. Тоа се сврзува со мене и ние така меѓусебно се искористуваме. Сето тоа треба да се објаснува, да се покажува и тоа јасно на нашето егоистичко ниво, за детето да сфати дека на таков начин заедно со друг достигнува повеќе Со двајца уште повеќе. Во играта, на пример, еден ќе помогне со раката, другиот со ногата, третиот со нешто друго. Можат да се искачат  некаде или да направат нешто друго. Или да речеме ако му се врзани очите. Тогаш можат да го водат двајца други и тој нема да згреши и точно ќе го помине зададениот пат. Сам сигурно би паднал. Значи тука се учи да има доверба во другите. Значи секакви игри. Но, да не се насочени против луѓето, туку против секакви препреки и проблеми, од кои тој ќе сфати дека општеството претставува заштита и помош. Сето тоа постепено се утврдува во потсвеста, Вие знаете како тоа функционира. Како резултат, навиката станува негова втора природа. Тоа знае дека без правилната врска со другите, тоа многу губи.

-Имам две прашања во врска со оваа фаза, засновани на барањата од страна на родителите. Како најчести проблеми. Првото е љубомората, која се појавува кај детето токму на таа возраст, конкуренцијата во однос на другите за зближеноста со мајката. Како да се справиме со тоа? Ако се неколку деца, сепак постои конкуренција за да се биде во близина на мајката.

– Тоа зависи само од мајката, не зависи апсолутно од децата. Мајката треба да се стави во состојба кога сите тие деца ќе се уверат дека се апсолутно рамноправни. Ние тоа го изучуваме во однос на Вишата Сила. Во кабалата тоа е опишано во огромен број на материјали и статии, така што никаква конкуренција тука не постои. Згора на тоа, како што ниту еден човек не може да го достигне Создателот, ако не биде поврзан со љубов еден со друг. Токму од таа меѓусебна врска се открива и се достигнува Создателот. Така и мајката треба да се постави во однос на своите деца. Во таква состојба кога секој од нив добива љубов ако се неколкумина, ако сите истовремено ѝ се обраќаат нејзе. Додека секој од нив поединечно добива неопходен, но “формален” однос од мајката. Со тоа, таа ги учи правилно, заемно да дејствуваат. Т.е. ако сакаш срдечен однос, ќе го добиеш само заедно со другите. Тоа во човекот воспитува такви системи, механички да е насочен кон поврзување со другите. Тој не ја гледа самата цел, туку гледа со кого може да ја достигне. Со тоа ние правиме “тивка” револуција во нашето општество.

– Уште две прашања кои ми се појавија во врска со оваа фаза. Првото е за меѓусебните односи на мајката и таткото. Бидејќи детето токму на таа возраст почнува да ги разделува мајката и таткото и се обидува да изгради лични односи со нив. Како треба родителите да се однесуваат кон детето? Како пар или поединечно?

– Родителите треба да се однесуваат кон детето како една заедничка целина. Тоа не треба да ја гледа во нив разликата меѓу мајката и таткото. Тука е многу важно детето да не чувствува никаква разлика меѓу сите кои го опкружуваат. Тоа треба да разбира дека сите кои го опкружуваат се однесуваат сосема исто кон него. Нормално дека мајката е мајка, а таткото е татко и тој факт различно се восприма од страна на детето. Но, тие треба во односот кон него да се обидуваат да покажат спокоен, постојан, директен, правилен однос кон сé. Тој однос треба да е методично прилагоден. Добри постапки, лоши постапки. Соодветно на тоа постојат реакции од нивна страна, и детето треба тоа јасно да го сфати. Згора на тоа, тие треба да го воспитуваат, да се обидуваат да создадат услови во кои тоа ќе успее. Бидејќи детето не разбира што прават со него. Добива награда, не успева, нормално по своја вина. Тогаш добива друг однос заради својата “грешка”. Тоа треба да го чувствува во ист степен од двајцата. Никој од нив не е ниту полош ниту подобар. На таков начин кај него се воспитува чувството за добри и лоши нешта. Но, тоа е неопходно да се воспитува и да се покажува, како што ги воспитуваме животните. Ги даваме на специјални курсеви каде што ги дресираме и учиме. Истото треба да се прави и во овој случај.

– Во овој период кога кај родителите се појавува следното прашање: на детето треба да му се дава систематско образование, да се учи да чита...

– Од тригодишна возраст, вели кабалата, треба да се започне со обучување на децата.

– И момчињата и девојчињата?

– Да!

– Со неколку зборови да ја кажете разликата во воспитувањето на момчињата и девојчињата во овој период. 

- Тоа е сосема различен пристап. Воспитувањето не е образование. Треба јасно да правиме разлика  меѓу овие два предмети. Образованието е физика, математика, хемија, биологија, зоологија, ботаника... Нормално дека треба да се почнува од тоа што му е на детето поблиско. Треба да сфатиме дека на детото не му се блиски кравата, коњот кои тој во својот современ живот не ги гледа. Туку блиски му се автомобилот, автобусот, авионот. Односно, некако треба да го сфатиме денешниот свет на детето, кој е многу променет за сто години. Ако на денешно дете му покажуваш крава, тоа не разбира за што зборуваш. Тебе ти се чини дека му покажуваш нешто многу блиско до природата и него, ама за него тоа воопшто не е така. Кај него е поинаку. Надвор тој гледа сосема други ликови – автомобили, луѓе, колички. Ние треба да се промениме, да ја промениме нашата филозофија, методиката нашиот пристап кон детето. Ако му покажуваме животни, треба барем да ги има во неговата околина, дел од неговиот живот да ги имал во своја близина. Да не се однесе во недела во зоолошка градина, тоа за него ќе биде нешто сосема неразбирливо. Нешто како циркус и ништо повеќе од тоа. 

-Дали мислите дека треба дома да биде опкружено со животни?

– Не, не мислам на тоа. Ние навикнавме да цртаме во книгите за деца секакви риби и животни. Но, за детето тоа не ја претставува неговата денешна околина.

– Тоа не знае за што се работи?

– Не знае. Само нам ни се чини тоа сосема природно. На пример, мачката и кучето, тоа може да ги види надвор, но освен тоа ништо друго. Ние му покажуваме цел свет – мечка во шума. Каде е мечката, а каде е шумата? Ние треба да го сфатиме пристапот кој го имаме уште од минатите векови, кога децата живееле во близина на шумите. Во куќи, каде што сé било пред нивните очи. Цвеќињата, сонцето, полјаната, секакви растенија и животни. Тоа знаело што има во шумата. Во најмала рака му ја покажувале неговата природна околина. Во денешно време што може да му се покаже? Тука нашето современо воспитување воопшто не е прилагодено кон современиот начин на живот и кон околината во која се раѓа и расте детето. На современото дете, гледаме дека му се поблиски мобилните телефони, комјутерските играчки. Со нив тие добро се снаоѓаат. Знаат да победуваат, да убиваат и др. Тоа е светот кој го разбираат. Додека некои животни – не. Се прашуваат: од каде тие излегоа? Како нешто вонземјанско.

– Значи, сепак родителите треба да му објаснуваат и покажуваат на детето многу поприродни и поблиски нешта за нив, а не нешта кои родителите ги замислуваат како природни.

– Тоа е првото. Второ, за момчињата и девојчињата воспитувањето е сосема различно. Воспитувањето е воспитување, а образованието е образование. Досега со Вас говоревме за образованието. Како треба да ги предаваме ботаниката, зоологијата, биологијата, односно природните нешта. Не физиката и математиката и сл. Туку тоа што човекот го гледа во нашиот свет – цвеќиња, растенија. Нешта што можеме да му ги покажеме во близината на живеалиштето, односно животните и т.н. И обврзувачки е писменоста. Всушност детето треба да ги разбира буквите од тригодишна возраст. Да ја почнува азбуката. Ви го кажувам ова од гледна точка на кабалата. Благодарение на кабалата, на тоа што таа ги принудувала и обврзувала древните кабалисти да ги обучуваат децата на азбуката уште од тригодишна возраст. Затоа блиску до четиригодишна возраст детето почнувало да чита. Затоа всушност во минатото не постоеле момчиња и девојчиња на таа возраст кои не знаеле да читаат и пишуваат. Тоа е заслуга на кабалата, која ги обврзувала сите да се обучуваат на писменоста од тригодишна возраст. На некои елементи од аритметиката, нешто што било неопходно за живеењето, но во прв ред тоа е писменоста. Затоа ние не треба да ја одложуваме таа работа до шест или седумгодишна возраст, па дури потоа да се почне со обука. Туку токму на оваа возраст да се положат основите.

– Ако детето на оваа возраст се противи, не сака да учи?

– Тоа зависи на каков начин ќе му го предавате тоа. Ова се букви, ова се бројки, каде што тоа без да ги знае буквите не може да победи и да добие нешто. Без знаење на бројките не може нешто да достигне и т.н. Тука може да се вклучи елементот на љубомора и завидливост на другите, елементот на влијанието на околната средина. Тогаш нема да има проблеми, сé може да се нареди. Човекот е многу подложен на дресирање, на влијанието на околната средина и од него всушност може да се направи сé. Ако правилно се изгради системот на влијание врз него, правилен, добар систем за негова корист, тогаш нема да има проблеми, тој ќе посака да научи. Кога ќе види дека и другите тоа го прават, тоа нема да може да не посака. При тоа ние треба да паметиме дека примерот е најефикасен инструмент на воспитувањето. Посебно примерите кои ги покажува мајката, таткото. Не само врсниците кои го опкружуваат, кога тоа гледа дека истото го прават и возрасните. Возрасните треба намерно да покажуваат дека се занимаваат со многу блиски предмети, активности со кои се занимава и тоа. Тогаш нормално дека ќе сака, знаете дека инстинктот на мајмуните, инстинктот на имитирање секогаш работи...

-  Така тоа се нарекува во психологојата..

-Тоа нормално е многу важен елемент во воспитувањето.

-Многу интересно. Изгледа дека навлегуваме длабоко во темите и сигурно нема да можеме да ги поминеме сите фази денес, нема да ни стигне време...

-Следниот пат ќе имаме време. Но, накратко речено, на таков начин на детето му се дава образование до шестгодишна возраст. Од шест до деветгодишна возраст тече друга фаза. Во таа фаза акцентот не се става веќе на образованието и воспитувањето, туку акцентот е на воспитувањето на колективот. Многу е важен овој период од 6-9 годишна возраст, кога се положуваат основите кои тоа потоа ќе ги применува во иднина. Но, тука тој мора да научи да сфаќа дека жртвувајќи... давајќи – тој добива. Не е важно во кој степен тоа ќе го восприми. Нашата природа е егоистичка. Не е важно во кој степен тоа ќе посака да биде во ова. Важно е нашите напори да влезат во него и да останат во него, да знае дека на тоа е обучувано. Тоа е многу важно.

На оваа возраст се положува социјалната основа на идниот човек. Нормално дека тука веќе разликата меѓу момчињата и девојчињата е сé поголема, таа се зголемува. Тука, инструкторите, учителите, воспитувачите за момчињата и девојчињата треба да бидат многу повеќе социјално подготвени. Да покажуваат меѓусебна, правилна интеракција. Да ги вклучуваат во тоа и децата, кои ќе се гордеат со фактот дека возрасните ги примаат во својот колектив. Возрасните ги примаат во својот колектив кога тие се влеваат, ги имитираат возрасните. Сé е изградено врз примери и на меѓусебното влијание еден на друг, и на влевањето, влегувањето во колективот. Во овој период од 6-9 години воспитувањето е веќе поапстрактно.

Колективот е релативна апстрактност во однос на личноста на човекот, и образованието е поапстрактно. Тука треба да се положуваат елементите на посложената аритметика – проценти, посложени аритметички операции. Стихиите се многу важни, обучувањето да се зборува, да се рецитира, да се пее. Сето тоа заедно да се прави, заеднички со другите. Заедно да се измислуваат состави, раскази кога секој го дополнува другиот со свој дел. Социјални елементи, внатрешни елементи на развојот и сето тоа во склад со темата. Кога тие измислуваат расказ или кога прават игра, каде што еден без друг не може, каде што поврзаноста води до целта и т.н. Таков развој кога човекот започнува самиот да создава. Влегува во општеството и гледа дека преку општеството може да се издигне себеси, токму од силата која ја добива од општеството. Тоа е развој на креативноста во човекот. Тоа се програмира во човекот од 6 до 9 годишна возраст. Токму неговиот излез од себеси во општеството.

-Имам едно прашање кое се однесува токму на оваа фаза. Токму во оваа фаза кога ми се обраќаат децата. Тие зборуваат за тоа. Мене едноставно ме интересира односот на науката кабала кон ова. Токму на оваа возраст не е толку важно каков карактер имам, каков човек сум, туку како сум облечен, кои се моите родители, какво е моето потекло и сл...Тоа го кажувам за современите школи кои се сретнуваат со тоа.

– Опкружувањето. Токму тоа јас го зборував. Затоа е многу важно околната средина да вгради во него сосема поинакви сфаќања на вредностите. Тоа е многу важно. Јас зборував од друг аспект, дека веќе постои правилна околина и како детето заемно ќе дејствува со неа. Но, правилната околина треба ние да му ја создадеме. Нормално, ако некое од девојчињата ќе се издвојува, со да речеме панделките или со некои постапки, а меѓу момчињата некој со силата или со некој однос, тогаш нашето воспитување не вреди. Тие ќе го воспримат тоа од околната средина. Ние сфаќаме дека родителите тука имаат помала улога во споредба со нивните врсници. Затоа воспитувачите треба да се симнуваат на нивото на децата. Да се мешаат со нив и постепено од нив да создаваат правилна средина во однос на секој од нив.

– Тука е посебно важна еднаквоста?

– Апсолутно! Како родителите еднакво се однесуваат кон своето дете, така и тука треба да има еднаквост во однос на секој од нив, без разлика. Бидејќи секој е создаден од природата со своите квалитети и тие квалитети ни се еднакво важни. Едниот е силен, другиот е умен, третиот има талент за музика и т.н. Ние треба исто да се однесуваме кон нив, покажувајќи го тоа многу отворено и јасно.

– За жал времето за нашата емисија истекува. Застанавме на фазата која завршува на 9 годишна возраст. Јас Ви изразувам голема благодарност за оваа информација, која е апсолутно уникатна и интересна. Се надевам дека ќе продолжиме и ќе ги допреме и другите фази. Можеби многу подетално и поинтересно... Ви благодарам!

– Всушност треба да создаваме методика! Ви посакувам успех!

– Ви благодарам!

Продолжетокот на разговорот е овде

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica