Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Моето дете е љубоморно, Што треба да сторам?

 

DecinjaЉубомората кон брат или сестра е нормална реакција на егоизам.

По раѓањето на помал брат или сестра, карактерот на постарото дете често станува полош. Тоа го мрази новото бебе, чувствува злоба кон него, и дури и се обидува да го повреди.

Ова е нормална реакција на егоизам. Родителите може да се обидуваат да му објаснат на помалото дете како тие би сакале тоа да се однесува, но невозможно е да се побара од детето да ја поправи својата реакција. Постои изрека, „Учи го детето според неговиот пат.“

Кога ќе се роди помалото дете, мајката е возбудена бидејќи семејството станало поголемо. И постарото дете би требало да се чувствува исто. Како? На пример, тоа може да добие подарок „од“ помладото братче или сестриче. Така, детето треба да почувствува дека новото бебе му овозможува тоа да добие нешто ново за неговиот егоизам. Инаку, постариот брат или сестра ќе го мрази помладото дете, бидејќи чувствува дека вниманието на мајката е насочено кон бебето, дека сите се грижат за бебето, а не за него.

Во претходните генерации, љубомората меѓу браќата и сестрите веројатно не беше толку изразена, бидејќи луѓето живееле во поскромни услови, или постарите деца имале повеќе другарчиња со кои можеле да си играат, и затоа помалку обрнувале внимание на помладите браќа и сестри. Но, денес, родителите треба да ги исполнат желбите на постарите деца, покажувајќи им дека тие добиваат нешто добро, благодарение на новороденото бебе во семејството.

 

 

 

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica