Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Моите родители се диносауруси

shutterstock 15064015Ако децата не ги добијат одговорите што им требаат, тие се одвојуваат од родителите и си го живеат својот живот.
Често гледаме дека оние од помладата генерација се негативно настроени кон своите родители и постарите, кон нив се однесуваат со гнев, и со агресија одговараат на нивните совети. Ако го сметаме овој гнев како плач за нешто подлабоко, ќе разбереме дека можеби тие се во право, бидејќи постарата генерација не им го дава она што им треба.
Што им даваме на помладите?

 

Тие навидум имаат сè: оброци, телевизија, или видео-игри. Но, тоа не е она што новата генерација го бара, не е тоа што таа го сака, не е тоа за што таа е предодредена. На младите од новата генерација им недостасува одговор на прашањето „за што живеам?" и тоа преминува во насилство и лутина.

Зошто тогаш постои постара и понова генерација? Постарите треба да им обезбедат на младите информации во врска со животот, да ги научат за мудроста за тоа како да управуваат со животот, и како да одговорат на фундаменталните прашања на постоењето- „Каде сум?", „Зошто сум?", „Зошто ми е даден животот?".

За жал. Ова почесто не се случува. Многу родители никогаш не ги дознаваат одговорите на овие прашања. Но, дали овој факт ги ослободува од обврската да му го обезбедат на своето дете она што му треба. Не, секако. Ако родителите не знаат самите, тие треба исто така да истражуваат. Децата велат „Ме имаа мене, ме донесоа на свет и изгледа како да ме фрлиле овде,“ беспомошен."- Ова е како едно дете се чувствува на внатрешен план.

Бидејќи не ги добиваат одговорите што им требаат, децата се одвојуваат и ја губат врската со родителите. Едно дете доаѓа дома, јаде нешто, и има свој живот. Таткото, мајката, или кој и да е друг во домот, се како машини кои ги хранат само физичките потреби на децата. Сè друго што се однесува на нивната душа, и другите внатрешни потреби, нема врска со родителите. Кои се овие луѓе? Диносауруси или роботи низ куќата, кои им служат. Токму вака им изгледаат родителите на децата.

Може ли ова да биде поинаку? Да, но, само доколку родителите се воспитани во друг дух..

Ако децата видат дека родителите се интересираат за суштината на животот, а тоа е причината за која што живееме, и како да го постигнеме тоа; Ако ги видат своите родители како се развиваат од ден на ден, децата ќе почувствуваат дека тие можат да им обезбедат одговор на секое нивно прашање. Тие можат да објаснат што се случува во светот и зошто, да им помогнат да ги разберат кризите и сите проблеми, така што тие ќе можат да го разберат и прифатат светот на правилен начин. Родителите можат не само да го објаснат ова, туку исто така да ги натераат децата се впуштат во оваа мудрост.

За жал, ако децата видат и почувствуваат на внатрешен план колку се мизерни нивните родители, ако се сведоци на тоа како се разведуваат, како земаат дрога, безделничат или си го уништуваат животот, каков став може да имаат кон нив?

Децата денес се многу паметни. Затоа родителите треба да го разберат тоа, и за доброто на своите деца, мораат да се образуваат.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica