Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

„Вишо“ Образование: Како да издигнеме среќни деца

shutterstock 6526315Да се биде родител никогаш нема да биде лесна работа.Во прилог одат долги непреспиени часови и грижа кон децата, за да им се даде подршка и благосостојба,наоѓаме навистина предизвикувачки и тешки задачи за себе - пронаѓање на одговори на секое прашање кое тие ќе го постават.

Практични совети за образованието и за решавање на конфликти помеѓу родителите и децата

Образованието не прави ништо ново, туку само го открива тоа што веќе е скриено внатре во поединецот“ (Рав Кук, Есеи за видливото, стр.100).

Личноста може да пронајде вредни совети во прирачниците за одгледување на децата. Добар совет многу често може да заштеди месеци или дури и години на неодлучност и фрустрации, и да помогне на родителите да излезат од ќорсокак ситуација. Меѓутоа, често доаѓаме до прашања или ситуации кои„ не фаќаат неспремни“ и не оставаат да се прашаме дали сме способни за одговорни одговори. Во такви ситуации нашиот одговор обично се сведува на збунета насмевка или нејасно хм, прекривајќи го нашиот недостаток на знаење и големата неодлучност што всушност е исправна работа која треба да се направи.

Со оглед дека сме свесни за љубопитноста на децата во развојот и маките на многуте родители, одлучивме да присобереме неколку практични совети по секое прашање кои се засновани на аутентичната мудрост на Кабала кои се однесуваат на прашањата за душата, образованието, и многу прашања од малите луѓе. Уживајте!

Одговор на секое прашање

Да се биде родител никогаш нема да биде лесна работа. Во додаток на долгите непроспиени ноќе и грижата за подршка на децата и нивната благосостојба, ја откриваме најтешката и вистинска задача за сите – добивање одговор на секое прашање кое тие ќе го покренат. Засигурно, на многу од вас им е познато сценариото во кое симпатично дете ги отвара парот огромни, љубопитни очи, недолжно те гледа право во очи, и немилосрдно ,, испалува ,, прашања кои се однесуваат на значението на животот и неговата корист. Во таквите случаи, не е воопшто важно дали сте љубител на Др. Спок, или страстен читател на Треиси Хог (автор на популарниот бестселер „ Шепкач на децата “), најверојатно ќе останете без одговор, бидејќи одговорите на тие прашања не се пронајдени во книгите.

Тоа е токму она зошто сме одбрале да посветиме прв одговор на оваа секција на прашања, како да одговориме на тие огромни прашања кои се поставени од страна на малите луѓе кои раснат во нашите домови. Дали би требало да им кажеме за што размислуваме, дури и ако одговорот не е така „едноставен за варење“ или треба да ги избегнеме збунувачките одговори, и да ги оставиме да се носат со прашањата за идната фаза во нивните животи?

Секогаш говори ја вистината, но биди доследно одмерен.

„ Биди непосреден со детето, непосреден до крај, инаку нема да ја здобиеш неговата доверба, бидејќи детето е осетливо на секое лицемерство, добронамерно како што тоа може да биде“. (Јануш Корхак).

Над се`, сфатете дека децата се осетливи по природа. Ако тие приметат дека било што од нив се крие, тоа може да го поремети целиот систем на взаемно поверение и почит кон неговите родители. Затоа, ако чувате важна информација или подлабок увид кој се однесува на животот, не кријте го тоа од вашите деца. Тие се жедни за такво знаење.

Секогаш е пожелно да не се крие вистината од децата, но сепак нема потреба да ги оптеретувате со проблемите за кој тие се уште не се емоционално припремени да се носат. Практично говорејќи, ако вистината не е едноставна, пробајте да ја поедноставите и прилагодите на дечјата фантазија, на одмерен и не-претечки начин, така да не ги притиска. Запаметете, дека секоја приказна која ќе ја раскажете на вашите деца оживува и станува вистинска. Ваша обврска како родители е да бидете чувствителни на емоционалниот и ментален развој на вашите деца. Единствено кон нивната зрелост, ќе бидете во ситуација да откриете еден додатен степен на животната мудрост која сте ја акумулирале во текот со годините.

Затоа, понекогаш е добро да се причека барањето за додатно знаење да дојде од детето, така тоа да почувствува дека не е „турнато“ во нешто што дури и не тражело. Неговиот израз на спремност ви сигнализира дека е спремно да абсорбира подлабок одговор. Слушајте внимателно и следете ја неговата реакција за работите кои ги говорите, за да бидете во ситуација да се уверите дека нема да го оптеретувате и збунувате претерано.

Ако не го знаете вистинскиот одговор на прашањата, немојте да се плашите тоа да го признаете, но немојте да ја избегнувате вашата одговорност за прашањето на одговорот, задено со децата. Како што Алберт Ајнштајн еднаш рече: „ Она што е важно, е да не се престанува да се поставуваат прашања.“

Голем бунтовник и еден мал исто така .....

Како родители пробуваме на нашите деца да им дадеме многу совети, но многу пати, тие внимателно слушаат и продолжуваат да се однесуваат потполно спротивно. Од некои причини, во повеќето случаи, подинецот, чувствува потреба да прави  всушност спротивно од она што нему му е објаснето, и да открие подобри и поприкладни решенија од оние кои биле испробани од страна на неговите родители - да го живее неговиот сопствен живот. Дури и ако тоа не е секогаш исправно, ова тежнеење не изгледа дека ќе избегне некого.

Скоро секој се буни во некој момент против неговите родители. Па сепак, додека го следиме растот на нашите деца, единствена работа од која највеќе се плашиме, е дека тие ќе направат исто.

Од каде потекнува оваа желба за побуна против севкупното наследство на претхоната генерација? Како можеме најефикасно да се носиме со тоа без наметнување на нашето мислење и без отежнување на развојот на децата?

Советување преку искреност и пријателство

Кабала објаснува до каде од поединецот се тражи да се измени, природно тој одбива, бидејќи тежнеењето за промена не доаѓа од него, и тој не чувствува  никаква корист за здобивање на тоа. Вистината е дека во повеќето случаи тој е во право. Зошто? Затоа што повеќето совети кои ги примаме од родителите се резултат на мислите кои тие ги абсорбирале во  нивното детство, и нив им одговараат – не на нас.Кон тоа, несвесно, нивните совети првенствено служат на нив – не на нас, затоа тоа нам не ни е прифатливо.

Исто така, многу важно е да се сфати дека секој родител потајно се надева дека неговите деца ќе продолжат по неговите стапки. Затоа тој им ги влива неговите сопствени концепти и вредности.

За да направиме успешна и здрава комуникација со децата, треба да сфатиме дека секоја нова генерација има нови и поинакви вредности од нашите сопствени, оние кои не се согласуваат со нашите очекувања. Ако го игнорираме овој конфликт – помеѓу желбите на родителите и новиот степен во развојот на децата – тоа неминовно ќе заврши со бунт.

Посматрајќи ја природата на човекот, Кабалистите заклучија дека единствена шанса детето да ги слуша родителите, е ако тоа почувствува дека ќе има корист од прифаќање на советот. Затоа, мудро е да се даде совет или објаснување кое ќе овозможи на детето чувство дека со прифаќање на тоа, тоа лично ќе се здобие со нешто што не е нужно поврзано со родителот. Тоа бара родителот да биде искрен кон себе, и да ја преиспита  суштината на неговиот совет – тој мора непрестано себе си да се прашува:„ На кого овој совет всушност му служи?“

Од витално значење е советот да не се појавува во форма на „Тоа прави го а Тоа не“, туку да предизвика разбирање кај самото дете, внатре во  детето, што тоа треба да работи. На тој начин, тоа не може да почувствува извесен процес на форсирање не неговиот живот, туку ќе почувствува дека идеата за промена е развиена независно, внатре во него.

Друга интересна идеа која Кабалистите ја изнесуваат е дека во длабочината на срцето, секое дете тежнее за вистински пријател. Една од неговите најголеми тежнеења е да открие вистински пријатели, дури и кај браќата, сестрите и неговите родители. Длабоко во срцето, детето е спремно за таков однос со родителите. Затоа, за да се направи вистински дијалог со децата, родителите треба да учат како да се стане пријател и голем брат. Тие би требало да пробаат да направат взаемно поверение кое не е засновано на почит или контрола, туку на вистинско пријателство и партнерство кон постигнувањето на некаква заедничка цел, онаа која е заснована на безусловна љубов.

Среќно!

 

 

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica