Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Внатрешна потреба на духовниот развој кај жената

Недостаток на исполнетост кај жената има духовен корен,и може единствено да биде задоволен само со духовност.

divine-goddess-

Во нашиот свет не е тајна дека жените страдаат повеќе од мажите. Секоја жена, било да е кралица или да е жена од некое племе во Африка, донекаде е незадоволна со својот живот, таа има некои потешкотии, чувствува зависност, или до некаде е неисполнета.Таа сака повеќе топлина и љубов, таа тежнее за повеќе сочувство и подршка.

Не е дека светот е изграден на овој начин. Овој внатрешен недостаток на неисполнетост е втиснат во природата на жената, а како причината лежи во духовноста, тој може да биде решен само со духовност. Жената никогаш нема во потполност да биде задоволена и исполнета освен со духовно достигнување.

Гледаме дека недостатокот е многу подлабок кај жените во споредба со оној кај мажите во нашиот свет. Мажите извлекуваат задоволство гладајќи во жената. Кога  жената добива задоволство едноставно гледајќи во мажот? Мажот има многу задоволства: фудбал, жени, пиво и авантури. Жената сака нешто подлабоко од тоа.

Кабала објаснува зошто светот е изграден на овој начин. Таа вели дека во духовното жената е таа која прва чувствувава неисполнетост. Таа единствено треба тоа исправно да го формулира и употреби да го поттурне мажот да ја достигне духовната цел,кој ќе ја извлече светлината, и да го донесе тоа на неа.

Моментално, ние не разбираме во потполност како тоа работи. Но наша задача е да ги следиме препораките на Кабалистите, и да им дозволиме да ни ги отворат очите. Тогаш ќе согледаме како тој голем недостаток кој Создателот им го дарувал на жените во овој свет, нејзината безнадежност и страв, нејзиниот недостаток на задоволство, подршка, сигурност, недостаток на топлина и љубов – и дека сето тоа може да се употреби во подобар начин на достигнување на духовната цел. Од таму Светлината  доаѓа и ги исполнува сите недостатоци кои жената ги чувствува.

 

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica