Адам и Ева се две сили на природата сто биле прелажани од Создателот да изведат грев.
Во книгата на Битието, Ева е прикажана како предавничка, заводлива и итра, како кршач на законите. А Адам е вид на маченик кој бил воден и искушуван од жената. Можеме ли да научиме нешто од ова за мажот и жената во нашиот свет?
Колку и да е привлечно да се каже "да", Адам и Ева не ги опишуваат мажот и жената од нашиот свет. Тие одговараат на духовните сили што даруваат (мажот) и примаат (жената), што значи две сили на природата. Ова е фактички Создателот и створеното суштество. Библијата зборува за поврзаноста меѓу нив, како створеното суштество добива задоволство од Создателот, е исполнето од тоа и тогаш станува егоист. Ова е гревот, паѓањето на душите во овој свет и така натаму.
Со други зборови, приказната за Адам и Ева е за нашиот највисок духовен корен, а не е за мажот и жената. Ние сме наследници на Адам и Ева, но тие се духовни сили, што постепено се материјализирале, и го достигнале овој свет низ илјадници чекори.
Во Рајот, женскиот дел наречен Ева, сакал да стане дури повеќе забележлив, и да се издигне што повеќе. Затоа , тој посакал да блудничи со машкиот дел, и да се воздигне до нивото на Создателот. Ова е она што е напишано, и тоа е што овие сили - овие души - го разбрале. На овој начин, тие станале близу до Создателот, до дарувањето.
Ева не направила нисто лошо. Таа донела се` до развојот. Адам самостојно не бил способен да го изведе овој грев, но со нејзина помош тоа било направено. Тие биле прелажани во ова од Создателот така да тие направат грев, поради што цел ланец на случувања морал да дојде долу во овој материјален свет. И од тука , ние мораме да го достигнеме највисокото духовно ниво повторно уште еднаш.