Барањето на жената за духовен статус е еднакво на она како кај мажите
Живееме во многу специфично време. Децата го напуштаат домот во раната возраст, односите помеѓу паровите не се така блиски, како што сме навикнале да бидат. Денес жените се во исти друштвени кругови и поседуваат иста моќ, дури и повеќе. Како резултат на тоа, чувството на празнина и обидите на потрага на задоволство и среќа не се поврзува повеќе со семејството, па дури ни со професионалниот живот на жената.
Иако на жената се уште и е важно да биде задоволна од својот сопруг, децата или внучињата, како и со нејзиниот професионален живот, тоа нејзе не и е доволно. Нејзиното его е толку развиено што ја пробива оградата на семејството, работното место, дури и нацијата. Таа сака духовност.
Ова тежнеење за духовна исполнетост е зголемена во текот на последниве 15-20 години. Пред сегашнава генерација, беа неколку случаи, тук таму, но не се случуваше со илјадници, како денес.
Овие денови не` потсетуваат на времето на Абрахам, кога ја оформил првата Кабалистичка група во стариот Вавилон. Во тие дамнешни времиња жените кои ја досегнале духовноста биле на страна на мажите. Големите предвидувачки, како што се Двора, Хулда и други, достигнувале духовни нивоа поголеми дури и од мажите. Луѓето живееле во остварување на Боженственоста, и децата, биле подучувани на тие случувања уште од раната возраст.
Но по духовното паѓање на човештвото, ретко гледавме жени Кабалисти. Биле неколку кои ја досегнале духовноста, но нивниот број беше ограничен.
Денес, меѓутоа, дали ни се допаѓа тоа нам или не, се враќаме назад во таа иста рана состојба каде што човештвото било обединето како еден човек со едно срце. Поради тоа, жените мораат да бидат на исто духовно ниво, како мажите. Со други зборови, духовниот пад на човештвото, кој довел до намалување на вредноста на духовниот статус на жените, мора да биде исправен.
Од таму, денес, мораме да одговориме на барањето кое доаѓа од толку многу жени. Тоа не е само барање, туку вистинска потреба.