На жените им е потребно помалку услови од мажите за да напредуваат во духовното
Кабала тврди, дека ако мажот сака да напредува духовно, тој е должен да се ожени и да има семејство. Ова е негова одговорност, да ги исполни тие обврски, во спротивно тој нема да може да напредува духовно.
Жената пак од друга страна, може да напредува духовно дури и ако не е мајка или сопруга. Исто така, ако има средства за егзистенција, таа може да избере да не работи. Тоа значи, дека во споредба со мажот, жената релативно е самодоволна и може да расте духовно без многу надворешни услови кои се применуваат на мажите. Затоа, од духовна точка на гледање, таа е многу посовршено суштество од мажот.
Мажот мора да се надминува себе си константно, да се уверува себе си дека е вреден, за да остане на духовниот пат. Тој е помалку подложен на духовно напредување од колку жената, која по својата природа тежнее по се` што е духовно. Таа е спремна да ги прифати, почувствува и разбере сите духовни информации кои се случуваат во неа. Таа тежнее за тоа.
Потребата за духовно издигнување е многу повеќе изразена кај жените. Таа чувствува незадоволство во нашиот свет, разочарување во семејството и во работата. Мажот бара будалести страсти како што се фудбал, пиво и т.н. и тогаш се губи во нив. Тој живее бркајќи лажни цели. Жената е неспособна тоа да го прави. Таа ја забележува празнината повеќе од внатре и акутно. Таа не може а се смири себе си со такви безначајни цели и со привремени средства за ублажување болка. Многу често таа почнува духовно трагање и достигнува да студира Кабала.
Гледаме дека тоа се случува ширум светот. Повеќе од една половина од 1. 3 милиони студенти кои студираат внатре во рамките на Кабалистичкиот Институт се жени.