Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Зошто сме толку преокупирани со секс?

Духовното потекло на сексот е единството на душата со Создателот.

Во духовниот свет, душата е обединета со Светлината, и ова единство се нарекува „Зивук“- спојување во двојка.Тоа претставува обединување на двата дела од суштеството - машкиот и женскиот, и е најголемото задоволство што некогаш постоело - душата исполнета со Светлината на Создателот.

Духовното спојување во двојка има исто така свое разгранување или копија во физичкиот свет- тоа е крајното задоволство на овој свет, и почетокот на сите наши желби на овој свет.

Сексот е основата на сите наши мисли, бидејќи неговото потекло е единството на душата со Создателот. Ова единство е крајната цел на природата, и сè што се случува во светот, се одредува преку крајната цел. Затоа, не можеме да избегнеме да мислиме на сексот. Тоа што нè привлекува спротивниот пол, а и задоволството исто така доаѓа од оваа крајна состојба- единството со Бог, наречено "Цивук" (сексуално единство што никогаш не престанува).

Задоволството што го чувствуваме од сексот е идеален пример за разликата меѓу физичкото и духовното задоволство. Трошиме толку многу време и напори мислејќи на секс, и замислуваме дека ќе ни даде огромно задоволство, но, всушност нашето задоволство исчезнува во моментот кога го достигнуваме врвот на сексуалното задоволување. Пред навистина да имаме време да уживаме во ова чувство, тоа завршува и се наоѓаме повторно уште еднаш во друг момент на огромна желба за задоволство.

Ова се случува во нашиот свет, бидејќи, задоволството кое ја заситува желбата, веднаш ја неутрализира. Кога немаме повеќе желба, престануваме да чувствуваме задоволство. Нè остава да се чувствуваме празно, и во текот на животот, оваа празнина само станува сè поголема. Затоа постои изреката: „Човекот го напушта светот со половина неисполнети копнежи.“

Духовното задоволство е сосема различно бидејќи, некој да биде во духовниот свет, значи да има способност да прими Светлина, што му дава задоволство на Создателот, на Оној кој ни дава Светлина. Според тоа, во духовниот свет, спојувањето во двојка или сексот, е трајно и вечно чувство, и само се засилува. Како резултат на ова, може да се почувствува вечен живот и совршено исполнување кое постојано расте. Очиледно, ова е многу различно од задоволството што се чувствува во надворешниот свет, каде што можеме да почувствуваме само моментно задоволство проследено со празнина.

Затоа постои изреката дека откога луѓето се спуштиле од духовниот свет во овој свет, само оние кои го достигнуваат духовниот свет сè уште го чувствуваат вистинскиот вкус на спојувањето во двојка. Вистинското духовно задоволство се достигнува кога два различни дела од суштеството- машкото и женското се спојуваат, и се исполнуваат со заедничката Светлина.

Потсвесно, во нашите души, сите ние посакуваме спојување во двојка бидејќи сме создадени за тоа. На одредено ниво, сите ние посакуваме да го почувствуваме духовниот свет затоа што тоа е единственото место каде што ќе најдеме вистинско, долготрајно задоволство.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica