Денес стапката на разводи е зачудувачка, а повеќето врски се со краток век. Поради тоа, многу е важно за луѓето да го најдат начинот како да одржат успешен брак. Со цел жената да сфати како најдобро да го исполни својот дел од врската, таа мора да ја сфати природата на мажот. Тогаш таа ќе биде мудра и способна да создаде трајна врска исполнета со љубов. Но како може жената да ја сфати машката природа? Сепак, мажите и жените се толку различни. Всушност, вистинското сфаќање може да произлезе од вистинското делување. Жената може да ја покаже својата благодарност кон својот маж, давајќи му на знаење дека тој е посебен за неа, дека тој е голем – и ова да го прави често! Тогаш таа ќе сфати што бара тој од неа, и каков вид на поврзаност треба да има меѓу нив. Таа ќе увиди дека на мажот му треба мајчинска нега, пофалба и восхит. И покрај тоа што е маж, голем и „мачо", мажот всушност има голема потреба од симпатија.
И ако жената му го даде ова нему, тој нема да биде во можност да ја остави неа. Всушност, ова е слично на начинот на кој жената се однесува кон дете. Таа му вели: „Ти си прекрасен, направи толку добра работа, ти си голем, ти можеш, ти си специјален, ти си најпосебната личност во целиот свет – ти, ти, ти..." И ова го прави мажот да остане со неа. Но најважно е таа да го прави сето ова со љубов. Мажот посакува ова да го слуша постојано, затоа што мажите се навистина како деца, и тие често пати жената ја гледаат како мајка. Иако овој вид на врска може да наликува како да е во „нерамнотежа", ќе стане во рамнотежа затоа што мажот ќе посака да „се крене", „да покаже колку е голем". Ова може да ја разбуди кај него желбата да стане поголем на позитивен начин, побрзо отколку на заповеднички, негативен начин.