Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Љубовта во приказните е само тоа - приказна

Она што обично го викаме љубов е егоистично задоволување на една личност од страна на друга, без оглед дали е сексуално задоволство или било кој друг вид исполнување што го добиваме од другиот. И јасно е, тоа не е љубов. Што е тогаш љубов? Љубов е кога не обрнуваш внимание на себе, туку ги земаш желбите на друга личност и се трудиш да ги исполниш - точно онака како што таа сака. Со други зборови, се претвораш во сад на исполнување за другата личност. Тоа е вистинска љубов, и постои само во духовниот свет. И не е важно дали е маж или жена – она што е важно се желбите, душата.

Спротивно на тоа, кога зборуваме за љубов во овој свет, всушност зборуваме за привлечност и задоволство кои настануваат од хормони. Кога би ја прекинале врската на човек со неговиот хормонален систем, тој не би можел да чувствува „љубов." Тоа пак покажува дека она за кое обично мислиме дека е љубов е само егоистична желба за уживање. Понекогаш таа желба знае да биде и сурова, сакајќи да добие исполнување на трошок на другата личност. Затоа, љубовта за која читаме во приказните е всушност илузија, и не постои во стварноста. Тоа е затоа што сите наши желби се засноваат само врз желбата да се исполниме себеси.

Дури и кога им даваме нешто на другите, го правиме тоа само затоа што нам ни дава задоволство. Нашето давање е бесмислено бидејќи она што навистина ни е важно додека го вршиме е како ние се чувствуваме.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica