Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

3) Кој го пишувал Зохар и Кога ?

Во кабалистичкиот пристап, зошто Зохар бил напишан, се разгледува далеку поважно прашањето за кого всушност е напишан. Целта на Зохар е да биде водич, на луѓето кои сакаат да го достигнат потеклото на нивните души.

Овој пат, до потеклото на душата, се состои од 125 скалила. Раби Јехуда Ашлаг пишува, дека секој кабалист кој ги поминал овие фази и достигнал исти согледувања, со оние на авторот на книгата, сфаќа дека нејзиниот автор не може да биде никој друг, освен Рашби

Рашби - Раби Шимон Бар Јохаи. Бар Јохаи значи Син на Јохаи;. Раби (Рав) значи голема, мудар. Рашби е роден 40 години по уништувањето на вториот храм Тој бил ученик на познатиот Тана (истакнат мудрец на генерацијата) - Раби Акива. Раби Акива кажал за Рашби: „Јас и Господ ја знаеме вашата моќ" (Ерусалим Талмуд, Санедрин (Судски совет), став 1, дел 2) Оваа карактеризација сведочи за величината на Рашби. Рашби бил ученик со Раби Акива, кога Римјаните го ставиле во затвор за ширење на Тората. Само 5 ученика, од 24.000 ученици на Раби Акива, успеале да преживеат од раздорот на чумата. Раби Шимон бил еден од нив.

Раби Акива и Рабин Бен Бава го овластиле Раби Шимон да продолжи да го пренесува стекнатото знаење. Петте преостанати ученици на Раби Акива го продолжиле големиот вековен тек на Тората.

На многу рана возраст, Раби Шимон се оженил со ќерката на Тана, Раби Пинхас Бен Јаир. Неговиот голем син Раби Елазар е роден во тој брак. Рабинот Шимон говорел за него во Талмудот (Сукка 45, 2): „Ги гледам оние кои се искачуваат во духовното, но тие се малку. Ако тие се илјадници, јас и мојот син сме меѓу нив. Ако тие се сто, јас и мојот син сме меѓу нив. Ако тие се двајца, тоа сме јас и син ми. "

Во текот на следните години Раби Шимон заземал водечко место меѓу сите мудреци на неговата генерација. Неговото име е спомнато над 350 пати во Мишна и над 2.300 пати во Талмуд и Мидраш.

Кога Раби Акива бил затворен за ширење на Тора, во тие денови Раби Шимон избегал и се сокрил во пештера во близина на селото Пекин. Таму се криеле, со неговиот син, Елазар, цели 13 години. Во тој период, додека живееле во пештера, Раби Шимон и неговиот син, Раби Елазар, ги достигнале сите 125 нивоа на духовното достигнување. (Талмуд, Шабат 33, 2).

Откако Раби Шимон и неговиот син ја напуштиле пештерата, се сметало дека сето она што го напишал во Зохар ги надминало сите човечки достигнувања. Раби Шимон го добил името „Буцина Кадиша" (света свеќа) затоа што ја достигнал душата на Моше (Мојсеј).
Многу векови, од тоа време до денес, оваа книга е предмет на контроверзност. Филозофите, научниците и другите „мудреци" продолжуваат да се расправаат за тоа. Факт е дека само кабалист, што значи лице што се качува на одредено духовно ниво, го достигнува она за што се говори во оваа книга. За другите изгледа како збир на приказни или античка филозофија, итн. Само луѓето што не разбираат ништо во оваа книга се расправаат околу тоа. Кабалистите јасно знаат една работа: книгата на РАШБИ е најголемиот извор на духовно достигнување што во овој свет го добиле од Создателот.

Иако Книгата Зохар била напишана во 4-от век, само Раби Јехуда Ашлаг можел да состави целосен коментар за тоа, во 1930-тите и 40-тите години на минатиот век.
Раби Јехуда Ашлаг го нарекол својот коментар „Сулам" (скали), бидејќи со проучување на Зохарот, човекот може да се искачи на духовните нивоа на достигнување на Вишите Светови како што се искачува по скалилата во нашиот свет. Откако коментарот на Сулам се појавил во печатена форма, Јехуда Ашлаг ја добил титулата „Баал ХаСулам", (Сопственик на скалата“), според неговото највисоко достигнување.

Книгата Зохар се состои од:


1. Хакдамат Сефер ХаЗохар - "Вовед во книгата Зохар". Овој дел вклучува голем број написи кои целосно го откриваат внатрешното значење на Тората.
2. Сефер ХаЗохар - Книга Зохар. Таа е поделена на делови и поглавја во согласност со неделните поглавја на Тора:
Книгата Берешит: Берешит, Ное, Лех Леха, Вајера, Хаиеј Сара,Толдот, Вајеце, Вајишлах, Вајешев, Микец, Вајигаш, Вајихи.
Книгата Шемот: Шемот, Вајера, Бо, Башалах, Јитро,Мишпатим, Терумах (Сафра де Цниута),Тецавех, Ки Тиса, Вејикахел, Пекудеј.
Книгата Вајикра: Вајикра, Цав, Шмини, Тазрија, Мецура, Ахареј, Кедушим, Емор, Ба Хар, Вехукотај.
Книгата Бамидбар: Бамидбар, Насо (Идра Раба), Баалотха, Шлах Леха, Корач, Чукат, Балак, Пинхас, Мато.
Книгата на Деварим: Ве Етханен, Екев, Шофтим, Тиц, Ваелех, Хаазину (Идра Зута).
3. Зохар Адаш - „Новиот Зоар" - дополнувања на неделниците: Берешит, Ноах, Лех Леха, Ваера, Ваеце, Вајешев, Башалах, Јитро, Терума, Ки Тице, Цав, Ахареј, Ба Хар, Насо, Чукат, Балак, Мато, Ве Етанен, Ки Тице, Ки Таво.
4. Дополнителни книги во книгата Зохар, кои не се коментари на Тората: Идра Раба, Идра Зута, Сафра де Цниута, Раза де Разин, Тосефта, Раја Миемена, Ашмамот, Ситри Тора, Ситри Отиот и Тикунеј Зохар.
5. „Мидраш Ха Не`Елам" - коментар за делата: Песна за песните, Рут, Плач и Тора.

Прочитај повеќе на англиски јазик

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica