20.10.2009
Добар ден на сите наши пријатели. Ние денес со вас ќе почнеме да ја изучуваме книгата Зохар. Се надевам дека ќе успееме да ги изучиме првите страници. Но најпрво треба да го проучиме воведот во книгата Зохар. Зошто избравме сега да го изучуваме воведот во книгата Зохар? Затоа што во принцип ние сакаме со вас да почнеме да ја изучуваме оваа книга. Нема поголема сила во светот од книгата Зохар. Таа е насекаде позната и сите за неа зборуваат.
Јас неа ја издадов, и имаше и друга книга, зелена по боја. Јас ја издадов во почетокот на 90-те години, потоа и Московското издание на книгата Зохар, како и оваа овде на англиски јазик. Еве ови две книги Зохар овде, тие се меѓусебно идентични. Исто така има и книга Зохар на шпански јазик, која ги црпи матерјалите од шпанскиот сајт. Како што знаете ние ставаме сé на интернет страната, за бесплатно спуштање, така да вие може да ги спуштите овие книги на Англиски, Руски, Шпански, Германски.
Оваа книга Зохар, пред да ја напишам во руско издание, неа ја напишав сам со свој ракопис. Исто така има и книги кои ги напишале моите ученици. Оваа книга јас ја напишав сам. Имено оваа книга е издадена по матерјалите и активностите што јас ги имав со својот учител Рабаш. Во неа е вклучено сé што јас со него изучував, освен некои студирања каде што можеби некаде ќе ги применам. Но сега тие можат да бидат неправилно разбрани, затоа јас не ги сместив во мојата книга. За тоа потоа. Така се вели.
Книгата во себе вклучува сé. Воведот во самата книга Зохар, кој го напишал никој друг, туку самиот Рашби, автор на книгата Зохар, пред 2000 години. Заедно со книгата Зохар, тој исто така го напишал и воведот во книгата, кој е многу обемен, околу 300 страни. Тој вовед е како Круна (Кетер). Ја вклучува во себе целата книга Зохар, ја величи во таков стеснет примерок, но полн со енергија, ако може така да се каже. Ја претставува целата книга Зохар, целата суштина на книгата Зохар. Затоа таа вреди да се проучува посебно. Тој вовед во книгата Зохар го изучуваме овде. Веќе го изучувавме заедно со нашата група на Хебрејски.
Ние со вас ќе пробаме да ја изучиме неа и на руски јазик. Многу интересни статии содржи оваа книга и многу обемен, сериозен духовен матерјал, кој е можно да дејствува на нас. Ќе објасни зошто книгата Зохар е толку посебна книга. Затоа таа стои настрана од сé друго што е создадено од човекот. Дури и Библијата е Библија, примена е од сите. Неа ја читаат, разбираат, ја раскажуваат, ја коментираат и нешто во неа пронаоѓаат.Но во книгата Зохар колку и да барале, ништо не можеле да најдат. Затоа што таа навистина најпрво треба да го разоткрие човекот во себе.Кога тој ќе почне да ја разбира неа, таа ќе почне да разговара со него.
Таа е просто жива книга. Таа ако посака, тогаш ќе направи од вас да бидете нејзин читател. Доколку не сака нема да ве направи. Затоа ние ќе пробаме со вас да пријдеме на таков начин, за таа да посака. За да таа посака, како жена на пример. Таа би посакала вие со неа да се зближите, и тогаш вие ќе ја почуствувате големата сила во вас. И доколку таа би се разоткрила пред вас, тогаш вие просто ќе влезете во возвишен свет, исто како во приказната Алиса во Земјата на Чудата. Тоа е така.
Навлегуваш внатре во неа.Не попусто човечанството ја сметаат за посебна. Таа и така се вика - Сјаење, Блесок. Зохар, тој Блесок на Бината (Создателот) светот Ацилут на Малхут. Светот Ацилут - во кој што сите ние треба да се наоѓаме, за да го добиеме тоа Сјаење (блесок) .Така, целата наша работа и посветеност при читањето на книгата Зохар, сé е за да ја разоткриеме книгата.
Сефер означува разоткривање, всушност и самиот наслов на книгата на Хебрејски, би значела Разоткривање. Како Мигила која има неколку имиња, а доаѓа од зборот Гелуј, кој значи Разоткривање. Затоа ние ќе пробаме заедно со вас, да ја разоткриеме о книгата Зохар. А да се чита, е повеќе од разоткривање. Тоа е веќе навлегување во неа, за таа нас да не води низ сите патчиња до возвишениот свет, да ни покажува, укажува. Заедно со нас да дејствува, едноставно за нас, да биде наш авион, патоказ, водач во тој нов свет. Таа сето ова го може, единствено зависи од нас. Затоа ние ќе пробаме со вас да го почнеме влегувањето во неа.
Затоа би ве замолил сите вие да си ја набавите оваа книга, ја има во Москва, а можеби и во други градови од Русија. Ако не се снајдете, тогаш обратете се кај нас, па нашиот руски оддел ќе проба да се снајде. Ако треба по ваше барање ние ќе пробаме и да ја испечатиме за вас, или да ја најдеме и да ве снабдиме вас со оваа книга. Ајде сега да пристапиме кон книгата Зохар. Ајде малку да повториме, да се освежиме. Пред да пристапиме кон неа, да видиме за што се работи.
Вовед во книгата Зохар. Баал ХаСулам.
Тој кажува вака :
Сé што се кажува во науката Кабала, тоа е поим од 10 Сефирот и нивното различно читање и разбирање. Нивното разбирање е доволно за да ние го разоткриеме,секое возвишено дејство. Во тој случај, тоа е и во нашиот свет, сé се состои од десет дела, десет сефирот. Но главно е нивното меѓусебно разбирање. На тоа се базира целата наука.
Иако атомот се состои од многу множества, честички, но во принцип тие множества не се главните, туку нивното меѓусебно разбирање во кое последователно се разбираат. Атомите, молекулите, која е меѓусебната комбинација или внатре во атомот, колку има протони, електрони и други мали прости невидливи ситни честички. Иако се мали и неважни, доколку ги разбереме нив, тие ни разоткриваат толку големи нови својства, кои ние не сме ги знаеле.
Затоа ние разоткриваме од нашиот возвишен свет, од нашите корени, дека постојат само пет корени. Но во принцип ние ги делиме место на пет, на десет. Затоа што еден од нив, ние дополнително го делиме на уште шест дела. Во принцип тоа се десет сефирот, и тие се сосема доволни за да се опишат апсолутно сите појави, што ги има во возвишениот свет, како и во нашиот свет, ако ние би го посакале тоа, иако за нашиот свет. Кабалата не се интересира за тоа што не располага со ништо што би ни помогнало нам за достигнување на нашата цел.
Затоа за почеток е неопходно, кажува Баал ХаСулам, да си појасниме себеси неколку принципи за правилен приод кон науката Кабала. Прв принцип: Постојат три ограничувања, кои изучувајќи ја науката Кабала не смејат да се нарушат.
Ова се четири категории на распознавање. Материја, Форма, Апстракна форма и Срж (суштина). Науката Кабала воопшто не се занимава со апстракната форма и сржта, туку само со материјата и формата на материјата. Затоа што е Наука. Значи науката може да се занимава со сé што ни е дадено, сé што може да почувствуваме, а чувствувањето, мерењето, повторувањето во обработката и предавањето на информацијата. Дословно материјата и нејзината форма во нашиот свет, како и во духовниот, исто така и затоа само тоа го изучува науката Кабала.
Филозофијата се занимава со апстакција и други форми, суштината. Не може никој да ја проучува, иако многу разговараат и раскажуваат за тоа,но Кабалата е наука, и се ограничува себе си само со научни истражувања. Ова е значи првото ограничување.
Второ ограничување:Сé што постои во возвишениот свет, поврзано со создавањето на душата и со нејзиното постоење. Ние изучуваме 3 категории - Бесконечен свет, Светот Ацилут и третиот Свет-Брија, Јецира и Асија, (БЈА). Бесконечниот свет науката Кабала не го изучува, затоа што самото негово име ни кажува точно дека ништо не е видено и постигнато, сега засега, до нашето духовно исправање. Но сега во овој момент отсуствува. Затоа ние со него не се занимаваме.
Светот Ацилут. Ние со него се занимаваме само во одредени делови, во таа мерка во кој што тој се наоѓа, се храни, влијае, управува со световите на Брија, Јецира и Асија. А овие светови ние ги изучваме во целост-јавно и точно. Нивните материи и нивните форми. Внатре во нив постојат нашите души. Во светот на Брија, Јецира и Асија. Затоа ние ги изучуваме. Тоа е наше опкружување, во кое ние се наоѓаме и затоа тоа за нас е неопходно. Затоа што преку него ние ја добиваме целата информација, движењето, енергијата, сите наши дејствувања. Сево ова се определува во светот на Брија, Јецира и Асија, кој што не опкружува нас. И така ако од нас произлезат некои дејствија кои влијаат на возвишениот свет, тоа е од нас на светот Брија, Јецира и Асија. Затоа ние нив ги изучуваме јавно и уверливо.
Од сите пет светови:Безконечниот свет, светот Адам Кадмон, светот Брија, Јецира и Асија; ние го изучуваме само Брија, Јецира и Асија, затоа што во нив ние постоиме. А светот Ацилут, кој е повисоко од нив не можеме да го изучуваме. Но може да го изучуваме тоа што произлегува од него и управува на некаков начин, со своите намери и делува на нас, насекаде. Ние сфаќаме дека науката Кабала става строги граници на нашите познавања.Таа укажува дека се наоѓа зад тие познавања и таму веќе нема уверливи докази. Затоа ние изучуваме само до тие граници.
Во тоа е и големината на науката, која што разбира и знае дека треба да се занимава само со точни докази. Може и поопширно да се занимава, но оваа наука прецизно се придржува до овие граници.. И поставува своја точна граница, која не е ни малку едноставна.Тоа не е само пресек за одделување на еден свет од друг, ова е познавање на светот.Тоа се можни постигнувања, и чувствувања. Познавања на секој елемент на нашето познавање.Треба да постојат внатре во тие достигнувања и ограничувања..
Без разлика што изучуваме. Како на пример:Јас го изучувам ова пенкало. Значи има тука материја, има тука форма, а исто така и суштина. Кога јас почнувам со неа да ја изучувам и се задлабочувам во изучувањето, јас сум должен секогаш во односот кон овој предмет точно да определам, до каде точно завршува моето достигнување.
Понатаму, десетте сефирот. Ние ги изучуваме десетте сефирот во науката Кабала: Кетер, Хохма, Бина, Хесед, Гвура, Тиферет, Нецах, Ход, Јесод, Малхут.
Кабалистите им дале такви имиња за кои ние понатамо ќе дознаеме.Тие не се измислени, туку се секој со свое значење од својствата што произлегуваат од десетте сефирот. Во нив е вклучено целото создавање на светот. Ако ние зборуваме за целото создавање на светот, во него се вклучени сите светови. Овие десет сефирот, ги вклучуваат сите светови.Така ние во принцип може да составиме ваква табела.
Јас не памтам, но во другите книги сигурно ја има оваа табела со сите податоци. Ние може да напишиме дека кај нас има букви;Јуд, Хеј, Ваф, Хеј, потоа четири стадиуми на световите, кои се нарекуваат корен, прв и втор стадиум, па трети и четврти стадиум, па потоа Кетер, Хохма, тоа е веќе сефирот. Бина, Зеир Анпин, и Малхут.
Зеир Анпин се состои од шест сефироти: Хесед, Гвура,Тиферет, Нецах, Ход и Јесод. Понатаму тој ни кажува световите. Свет на Адам Кадмон е Кетер, светот Ацилут е Хохма. Потоа Брија, Јецира и Асија. Ова се светови. Понатаму ќе ги изучуваме и световите и се понатаму, и останатите определувања. Значи ние изучуваме само десет сефирот, или пет света, или четири стадиуми на обичниот свет, или име на Создателот така наречен ХаВаЈах. Знаете како што се кажува на руски Ииова.
Тоа не е име, тоа е распространување на светот кон нас. И на тој начин тоа се нарекува појавување на Создателот кон луѓето, и затоа се нарекува со тоа име. Во принцип Тој не се изговара со никакво име. Затоа што тоа е само почетокот на појавување на Создателот кон нас и затоа не се изговара. Не можеме да го изговориме затоа што нема ништо од создание. Тоа се само први својства, влијанија од Создателот кон нас. Кога ние ги воспримаме, ние ги обработуваме, чувствуваме, тогаш може да им дадеме име на овие влијанија. Тогаш тоа име ги вклучува сите негови појавувања кон нас ,сите имиња. Со самото тоа изговарање нема.
Затоа се нарекува основно четирибуквено име на Создателот, на хебрејски се нарекува ХаВаЈах.Тоа едноставно така се вика според распоредот на буквите како што се запишани ХаВаЈах.Така во неправилен редослед, Хеј Вав а потоа Јуд и Хеј. Затоа се нарекува ХаВаЈах, а во рускиот јазик се нарекува Иова, но не е важно.
Понатаму, книгата Зохар дава значење на десетте сефирот, на боите. Бела-Хохма, потоа, Црвена-Бина, Зелена-Зеир Анпин, и Црна-Асија или Малхуд, или 4ти стадиум. Ако сакаме за нешто да зборуваме, за некакви појавувања, духовни, тогаш ние може да се изразуваме со сефироти,во бои, во светови, Парцуфин. Тука уште немаме раскажано за Парцуфини. Парцуф: Галгалта, АБ, ЗАГ, МА, БОН, во светот на Адам Кадмон, или Парцуфин во светот на Ацилут, Брија, Јецира и Асија, таму се Атик, Зеир Анпин, АбаВеИма, Јешсут, ЗОН.
Во суштина тоа е исто како и сефирот, само со други имиња, кои истакнуваат повеќе внатрешни својства. Или може да се каже товарот кој го носи Еленова сфера т.е каква работа врши таа. Во што се состои нејзината реализација или како Има т.е Мајка или како Аба т.е Татко или како Јешсут, Зеир Анпин, Малхут.
Има тамо различни реализации што добиваат сопствени имиња. Исто така кога сите овие светови работат истовремено во хармонија, тогаш ние ги добиваме сите овие бои на виножитото. Ги вклучува сите нив кога се приклучуваме на Зеир Анпин, кој што се состои од шест дела и го вклучува во себе плус Малхут, а тој ги вклучува сите седум бои на виножитото, од црвена до виолетова.
Што уште тука тој ни говори. Што значат овие бои? Ако ние добиваме бела боја која доаѓа од светот Ацилут, низ световите Брија, Јецира и Асија.
Ако ние се наоѓаме во некој определен свет, во определена сфера, во определена состојба, ние добиваме определен свет, определена чистота, или определена боја. На таков начин ние ја разоткриваме книгата. Во духовниот свет книгата се подразбира на разоткривање т.е видение. Тоа што јас гледам тоа е книга, стерео книга.Тоа е долго многумерно пространство, со огромни звуци, светла.Тоа е видео книга. Таа впрочем е огромна книга, разоткривање.
Кога ние оваа книга ја разоткриваме, тогаш нас ни се преставува цела таа панорама на огромни бои, звуци, со сите тие внатрешни појавувања. И тоа влијае на сите нас, на сите наши органи, чувства. Дури и на тие чувства кои ние со вас уште ги немаме откриено.
Ние се топиме во нив и во полност не растворува во себе, до состојба која се нарекува Бела боја, кога апсолутно сите наши желби во срцето и разбирањето на разумот во главата. Сите тие се сливаат, соединуваат, во оваа достигнување.Тогаш се смета дека ние ја достигнуваме оваа состојба. Ние ја проучуваме формата на материјата како и самата материја.Ние го проучуваме ова во бои, звуци, букви. За кои понатаму ќе зборуваме.
Светот Ацилут, кој дејствува на нас. Ние со вас изучувавме дека се наоѓаме овде, почнуваќи под светот Ацилут. Во светот Ацилут се наоѓа таков систем кој се нарекува ЗАТ. Светот Ацилут. Седумте последни сефироти од светот Ацилут. Во овој последен дел на светот Ацилут се формираат букви. Има девет први букви во сверата на Бината, потоа девет следни букви по азбучен ред во сферата на ЗеирАнпин и четири букви во Малхут, светот Ацилут. Затоа што на таков начин се составени овие системи 9-9-4 дваесет и две букви овде на Парса, еве овде се наоѓа Парса, која ги дели светот Ацилут од световите Брија, Јецира и Асија. А овде се наоѓаат плус пет конечни букви, кои се пишуваат само понекогаш во крајот на зборот. Сите букви се точно определени со определени симболи на дејствување на нас, на возвишениот свет.
Возвишениот свет кога се собира во определена форма, неговата форма е таква што распространувањето по хоризонтала е Хасадим, а распространувањето по вертикала е Хохма. Нивното поклопување и разбирање е како кај Осцилографот. Кога таму со помош на електричните плочи создаваме неправилни форми, елипса, осмици и.т.н. Гледајќи од тоа, каков сигнал праќаме на тие плочи.Така и овде, кога ние праќаме различно светло, тоа ни прави комбинација од определени соединувања. Ни дава нам буква, квадратна, првоаголна, во зависност од тоа како се совпаѓа. Ако правилно се совпаднат Хохма и Хасадим, тогаш ни дава дијагонална линија. Затоа општо буквите имаат различни форми. Затоа тие на таков начин ни објаснуваат, ни покажуваат, ни демонстрираат.
Поклопувањето на Хохма и Хасадим, давањето и примањето, кое што произлегува од нив. Еве со вас ние малку објаснивме и за буквите, иако за нив овде не се кажува.Тој кажува за нашите пет органски чуства во нашиот свет, кој ни ги разоткриваат нам само нашите реакции на нешто достигнато. Ние со вас за тоа зборувавме. Затоа јас би сакал малку тоа да го пропуштам. Ако ние би имале други уши, други очи,други сетила за вкус, тогаш ние навистина поинаку би го чувствувале нашиот свет.
Нашиот свет се јавува како необјективен во нашите восприемања.Тој на некој начин, тој нас не восприма објективно, но ние тоа не го знаеме и не можеме ништо да кажеме. Нашето восприемање на светот зависи од нашите својства. Уште одамна ние почнавме да разбираме дека светот не е таков каков што го восприемаме. А каков е-ние не знаеме.
Тој се оформува во нас, во зависност од нашите органски чувства. И затоа, ако ние нив ги зголемуваме, ги намалуваме на некој начин ги менуваме. Ги изучуваме како кај другите животни. Овие органски чуства се јавуваат како такви.Тогаш ние може да уочиме дека восприемањето на светот е засебно. Ако ние го восприемаме на еден начин, тогаш другите животни тоа го восприемаат на друг начин. Јас велам животни, затоа што ние внатре во нашите тела го претставуваме животински свет. А човекот во нас уште треба да дорасне до него, до тоа ниво.
Понатаму, ако е тоа така, тогаш каков е светот, ние не знаеме. Но што може да дознаеме е тоа, како може да најдеме некоја друга слика за овој свет.Тука на помош доаѓа науката Кабала, која ни кажува дека најпрво треба постојано, правилно да си замислиш дека твоето восприемање на сé што постои зависи само од твоите органски чувства. Ајде ние да почнеме да работиме со нив. Ако ти почнеш нив да ги прошируваш, вдлабочуваш.
Ако почнеш на некаков начин да ги менуваш, тогаш ти можеш да почувствуваш сензација, совршена сензација. Некакви внатрешни метармофози, некакви појави. Тогаш може веќе да се зборува за воспримање. Не како кај сите други луѓе, туку некои други посебни. Затоа науката се вика Кабала-наука на добивање. Наука на внатрешен развиток, дополнителен орган кој се вика Душа. Како преку него да почне да се чувствува, нешто ново и да почне да се разбира што ти чувствуваш.
Баал ХаСулам говори за тоа, дека ние не можеме да ја разбереме суштината, апстракната форма. Исто така не можеме точно да ја изучуваме, затоа што таа е апстракна форма и секој може да говори сешто за неа, но таа не припаѓа на ниту една материја. А материјата и нејзината форма ние може да ја изучуваме и на тој начин. Ние се однесуваме кон достигнување во нашиот свет а исто така и во духовниот свет. Во духовниот свет кога ние успеваме да го достигнеме, се развива нов орган кој се нарекува Душа.
Тогаш и таму се среќаваме со тоа ограничување. Ние не се занимаваме со суштината и апстракната форма на духовното откривање, туку со неговата материја и нејзината форма. Материјата во нашиот свет не е материја со својство да добива, туку е својство да дава.Тоа својство на давање ние го восприемаме.Тоа се нарекува Создател. Во нашиот свет има материја и нејзина форма. Овие две категории ние ги изучуваме. Во духовниот свет ние ја изучуваме материјата.Тоа се својствата да даваш, и формата која е слична на формата на Создателот. Оваа форма ние ја нарекуваме Создател.Оваа форма која добива,нашите својства да даваме ја нарекуваме со различни имиња, како името на Создателот.
Зошто името на Создателот. Затоа што Создателот е општи својства да даваш.Ако во нас има некакви својства да даваш, тогаш ние нив ги нарекуваме со различни имиња. Кажуваме дека тоа е појавување на Создателот во нас. Не е важно што е во нас. Во принцип човекот ги нарекува своите нови исправни состојби слични на Создателот со имиња. На овие имиња, на нив било името на Создателот. Ние со вас треба овде да изучуваме, ние со вас веќе зборувавме за боите. Јас со вас сакам да поминам низ матерјалот. Говоревме и за желбите, тој тука зборува за желбите што ние ги имаме.Желбите кон: храна, секс, семејство.
Сите овие се нашите животински желби. Човековите следуваат после нив,кои не се телесни, опшествените се веќе желби; слава, знаење, власт и богатство. Сите овие желби се наоѓаат во рамките на нашата свет. Затоа во Кабалата тие и практично не се изучуваат. Ние нив ги знаеме, ги разбираме и низ нив поминуваме. Но во принцип за нас тие не будат интерес.Тоа се желби кои ни се дадени нам за да преку нив го почувствуваме нашиот свет. Желбите во кои ние ќе почуствуваме појавување на возвишениот свет.Тогаш овие желби се повисоки, возвишени. Телесните желби се: храна, секс, семејство. Општествените; слава, знаење, власт, богатство.
Затоа Баал ХаСулам вели дека ние сега веќе треба да се стремиме на следното ниво на знаење. Знаење кое ние го добиваме во духовниот свет. Тие се; неживиот степен во духовниот свет, се нарекува Палати. Растителниот степен се нарекува Облека. Животинскиот степен се нарекува Ангели.Човековиот степен се нарекува Душа. Затоа повисоко од него постои само возвишениот свет. Значи душата на луѓето која не иде од горе надолу. Тие претставуваат различни нивоа, соодветно со нивните желби . Светло, боја, формата на буквите. На бела подлога ги распознаваме во две категории.
Или ги изучуваме од страната на Килим, од страна на желбите ги изучуваме буквите и нивната форма. Црна боја на бела позадина или други бои на бела подлога на подлога на Ацилут. Или пак обратно.
Кога ние се качуваме во светот Ацилут, ние ја изучуваме белата боја и што од неа произлегува во буквите. Ние изучуваме некоја бела позадина и како во неа да се исечени буквите. И како да недостасува дел ода таа бела позадина. Или ние изучуваме од страна на буквите или изучуваме од страна на подлогата. Едно од овие две работи има и таква форма на изучување.
Другата форма на изучување зависи од тоа како човекот го достигнува возвишениот свет. Но постојат овие два начина на изучување и спознавање. Во Зохар за ова исто така се зборува. Кога ќе го поминуваме овој матерјал, тогаш поконкретно ќе говориме за тоа. Понатаму во секое достигнување во Кабалата, во возвишениот свет, ние достигнуваме некое појавување во неговите стадиуми.Тоа е Создателот.
Потоа следува Створението -Битието, доследно да речеме. Да направиме некаков обем, некаков објект, нешто такво неважно. Што значи Тој тоа го замислил, тоа е негов план, спецификација, постепена реализација. Да се дојде до тој објект кој што веќе се појавува сам по себе,достигнувајќи ги своите самостојности. Почнува себеси да се реализира и се издигнува до степен на Создателот.
Во принцип, во книгата Зохар буквално е опишан тој процес. Од Создателот, низ неговата замисла и реализација, до неговото створение, до самиот објект. Потоа од самиот објект се издигнува нагоре до Создателот и се соединува со својот корен. Но кога тој се соединува со својот корен, тој не тоне во него како во почетокот, туку станува равен на него. Кога сите ние се враќаме во нашиот корен, ние поседуваме ист статус како и Создателот. Затоа ниедна честичка во нашиот свет не останува овде. Сé се искачува нагоре, до ниво на бесконечност. Сé што е создадено од Создателот во бесконечниот свет не се спушта во нашиот свет. Апсолутно сé се воздигнува обратно во возвишениот бесконечен свет, каде таму ја задржува својата целосна и вечна форма. Ние тоа треба да го достигнеме, сега со вас во овој свет.
Понатаму тука се зборува за светот. Зохар го опишува светот. Затоа тој тука го опишува пресвртот кој нас ни се чини дека е надворешно. Всушност, тоа е внатрешно во нас и тоа е многу важно при читањето на книгата Зохар. Најважно од сé, што ние задолжително треба да запамтиме дека книгата Зохар нам ни го опишува вистинскиот свет. А вистинскиот свет не е тоа што нам ни се гледа надвор.Тоа само нам ни се причинува дека нешто се случува надвор.Туку вистинскиот свет,тоа е сé внатре во нас. Книгата Зохар секогаш така ни го опишува возвишениот свет, за да ние не го забораваме. Да си го претставуваме внатре во себе. Сите имиња на предмети и дејствија, сé што ние читаме во книгата Зохар, сето тоа се наоѓа во нас.Тоа што ние и сега си го замислуваме, сето тоа се црта во нашите органски чувства. Сето тоа се исцртува во нас.
Така нам ни треба сето ова со вас. Дословно да го усвоиме за да никогаш не забораваме на ова.Тогаш кои и да биле објаснувања ќе ги восприемате како внатрешно разоткривање.Тука внатре во нас ќе чуствувате како нешто разоткривате и како сето тоа се случува внатре во вас. Во внатрешноста во вас, сега сеуште не знаете. Но понатаму вие тамо внатре ќе откриете цел свет. Сé надворешно ќе почнете да го чувствувате внатре во вас. Нема ништо надвор.Тоа е сé во вас. Јас на пример еве вака го опфаќам цел свет и нема ништо тука освен мене. На ваков начин вие ќе треба себеси да си претставите.Тоа што врз нас ќе дејствува, ќе можете да го наречете Создател. Виша сила која ние ќе ја достигнуваме кога таа ќе влијае внатре во нас.
Таков треба да биде приодот кон целта на книгата Зохар.Тоа е тоа што таа треба да го открие во нас .Правилно фокусирање на себеси, внатре во себе.Тоа е гаранција дека книгата Зохар ќе дејствува врз вас и вие ќе можете да го достигнете тоа што оваа книга ќе ви помогне во вашето разоткривање и да ви покаже дека сé е внатре во нас .
Ајде сега да пробаме да одговориме на некои ваши прашања. Ние со вас поминавме накратко низ воведот во книгата Зохар. Вие можете да ја најдете. Еве уште еднаш ќе ви покажам како изгледа.Тука се наоѓа тој вовед. Книгата носи наслов Збирка на Творби од Баал ХаСулам.
Некаде тука на страна 255–249 се наоѓа воведот во книгата Зохар. Ние со вас ќе почнеме следниот пат. Значи следната недела. Ќе биде пожелно да најдете некоја од овие книги или да ги спуштите од нашата интернет страна, или да не замолите нас, ние да ви ја најдеме. Затоа што подобро е доколку вие имате книга пред вас.Читањето преку екран е подобро откоклку читање од книга. Но за такава книга како што е книгата Зохар најдобро е да се чита од книга.Тоа е мој совет. Има во тоа, појавувањето на буквите, не на екранот, на нашите матерјали во нашиот свет во таков облик како што тие се одсликувале. Има определена сила поголема од нивното електронско појавување. Затоа ако имате можност, тогаш гледајте во книгата.
Нови прашања; Има неколку прашања за самата книга Зохар. Игор од С.Петерсбург прашува :Зошто е важно да се изучува книгата Зохар? Затоа што тој мисли дека за нашите поколенија е подобро да ја изучуваат книгата на Баал ХаСулам?
Уште едно прашање во Кабалата се пишува за Посакување или за Намери? Како може да се анализира посакувањето кога мојот разум мисли само на наполнување и има ли разлика меѓу книгата Зохар од Тас?
Одговор: Значи не гледаќи на тоа што Баал ХаСулам напишал многу книги, сите негови главни коментари се однесуваат на книгата Зохар. Тоа се големи коментари првенствено пред издавањето. Тој се состои од 21 том. Сега се издава во 10 тома.Така јас можам да кажам само едно. Што и да читате од Баал ХаСулам, сепак венецот на изучување на Кабалата е постојано систематско читање на книгата Зохар.
Тоа секако не заменува некои други творби на Баал ХаСулам. Но изучување на книгата по коментарот ХаСулам е задолжително.Тој таму го објаснува тоа што не го објаснил дури Мудрецот на десет сефироти.Тоа е прво. Најважно е работата во три линии. Духовната по која што се гради нашата душа,која воопшто не е објаснета од мудрецот на десетте сефироти. Покрај тоа јас би рекол по силата на своето влијание врз човекот како таа го разоткрива, привлекува, замрзнува, влечи кон себе букавално го зграбува во книгата Зохар.
Нема равна.Таа просто не те пушта. Знам по себе. Гледам после неколку часови. Сакаш да јадеш. Имаш празен желудник.Тоа му дава до знаење на телото дека слабее и.т.н.Така и после одредени часови ти повторно, задолжително треба да се вратиш кон книгата, затоа што тебе веќе ти недостига како кислород, енергија, сила. Вие тоа ќе го почуствувате. Нема ни да подседнете. Ќе бидете као на игла да седиш.
Прашање Бари од Флорида прашува: Материјата е Кли а формата е Создателот?
-Да.
Ами од Сан Диего прашува. “Јас слушнав дека ако дома ја чуваме книгата Зохар тогаш чуствуваш големо влијание на возвишени сили. Дали тоа е вистина“?
-Не. Тоа не е вистина.Тоа нема врска. Не треба да се занимавате со никаккви магии. Може да чувате дома што сакате. Во книгата Зохар нема ништо свето. Само тогаш кога човекот со неа се занимава, за да стане добротворец, да дава, да биде сакан, тогаш оваа книга може да му помогне. Во самата книга Зохар нема никаква света моќ, како и во ништо во светот.Тоа само го има во холивудските филмови .
Прашање: Колку треба да се чита книгата Зохар денски и дали има некој определен период во денот?
-100 грама пред јадење. Колку што можеш и колку сакаш да читаш.Толку како и во другите занимања. Според Кабала книгата Зохар се чита минимум по пола час на ден.Така ние читавме кај Рабаш пред спиење. Но во принцип неограничено време.
Прашање: Дали црвената боја повеќе припаѓа на левата линија и дали е поврзана со Хохма?
-Видете прво црвената боја е Ацилут, тоа е Хохма.Тоа е бела боја Брија тоа е Бината, и е црвена боја. Зеир Ампин и Јецира и Асија е зелена боја, и Малхут, Асија е црна боја.Така да вие нешто имате помешано .
Прашање: Тој во проодажба видел многу преводи на книгата Зохар.Дали имате некоја препорака која да одберам ?
-Јас немам никакви препораки нити пак никакви коментари на книгата Зохар. Но ја препорачувам Книгата на Баал ХаСулам на Хебрејски. Или оваа книга која вам ви ја покажувам. Сé што ние ќе изучуваме во другите книги го нема.Тогаш влезете кај нас на веб страната и спуштете ја од тамо книгата. Не почнува од првата страна.Таа почнува на 210 страница. До таа страница имате малку вовед, каде што јас објаснувам за буквите , боите, сé што со вас сега поминавме тука. Има таблици и сé друго, секакви пожелни работи.
Уште тука го имате воведот. Секакви исечоци итн. Но почнуваме со читање од страна 210 статијата по име Роза. Се препорачува вие пред вас да го имате овој текст, Ние со вас брзо ќе поминуваме низ книгата. Нема да читаме во целост. Сé што тука е напишано ние ќе го читаме. Оригиналниот тест Зохар и понатаму моите објаснувања усмено. Но сите писмени појаснувања нека бидат пред вас. Вам ќе ви биде полесно да ме пратите.З начи статијата Роза во книгата Зохар.
Прашање: Како ние може да добиеме правилно посакување?
-Правилното посакување од нас внатрешно да проникнат, не можат. Затоа што ние сме егоисти. Ние сме најлоши. Најмалите створенија. Правилните посакување може да возникнат само со дејствие на возвишениот свет. За тие во нас да проникнат ние се занимаваме во со методата Кабала. Привлекување на Возвишени виши сили во нас. Ако овој возвишен свет не привлекува нас,тогаш во таа мерка за која ние се трудиме да бидеме меѓусебно поврзани, да достинеме правилно распространување на Кабалата низ светот.
Правиме некои дејствија со кои го привлекуваме во нас возвишен свет. Тогаш тој постепено нас не менува.Тогаш нашата егоистичка желба тој ја менува во алтруистична желба. Ја менува нашата намера. Но не и желбата. Затоа што желбите по модел остануваат исти. Овие желби можат да бидат да силуваш, крадеш и сé што сакате. Нема значење што. Но ако се посакувањата за себе, тогаш тие се криминал. Ако тие се посакувања поради друг, тогаш тие се добри. Иако тие можат да имат таков израз. Како да убиеш, силуваш, крадеш тоа не е важно. Ние не си ги претставуваме сите тие можности, кои ги има во возвишениот свет. Ниедно посакување не останува празно. Сите тие добиваат полна реализација со намера за да се дадат на други.
Ние уште ќе видиме со вас на кој начин лошите, страшните дејства на човекот при инверзија добива сосема ново значење. Го воздигнува нагоре.Тоа сé е возможно само со помош на возвишени дејствија на нас. Затоа не треба во себе да копаме или да љубомориме на другите за добрите посакувања. Намерите, треба да се појават само со влијание од возвишениот свет.
Прашање: Како ние може да знаеме и да се увериме во тоа дали мажите ја работат својата работа во одредена мера, количина? А како мажите ќе се убедат во тоа дека другите мажи ја вршат својата работа правилно по количина и квалитет.
-Како вие мислите можете во тоа да се убедите. Не можете никако. Затоа ние сме должни со вас да си замислиме друга слика. Ако целиот свет се наоѓа внатре во нас зошто јас треба за накого да мислам и некому да му давам внимание. Значи дека јас сам работам со целиот свет. И во целиот свет се појавуваат апликации од моја рефлексија. Светот тоа е мојота сенка. Затоа јас мислам само на себе правилно, или јас постапувам, или не. Ако постапам правилно за мене ќе нема никакви шанси. За да јас бидам праведен, целиот свет ќе ми се покаже дека е праведен. На оваа тема се разговара во статијата Разоткривање на ликот на Создателот. Каде што Баал ХаСулам раскажува за тоа што сé се менува во поглед на човекот и неговата праведност. Многу има за тоа всушност."Човекот е твојота Сенка". Тоа е статија од книгата Шамати. Од тамо прочитајте.
Има многу матерјал на оваа тема.Сé зависи од вас. Групата е нешто непоправливо. Напротив тие се поисправни и праведни. Пробајте да се поправите себеси и ќе видите дека тие се наоѓаат во бесконечниот свет во однос на сите вас други. Како тоа може да биде кога тие ништо не достигнале.Тоа не е важно во однос на вас,на вашето поправање.Тие ќе се покажат сосема праведни,поправени. Сето тоа е во сооднос .Така сé зависи од Човекот и од никој друг .
Прашање: Ако жена се занимава со распространување и слушаат часови, дали е тоа доволно за да го насочува мажот кон целтта и самата да се движи кон неа. Или таа треба да прави некои посебни дејствувања, психички или физички. Заедно со другите жени за обединување на женските посакувања за подршка на мажите?
-Пожелно е обединување на жените. Заедно да дејствуваат врз мажите. Пожелно е обединување на женските посакувања за да распространуваат.
Да речеме кај нас жените одат по болници и на сите им раздаваат весници.Така при тоа тие заедно се договараат за тоа. Се собираат, одат со коли во определена болница и почнуваат тамо од горе до на сите да им раздаваат Весници. При тоа тие вршат општа работа. Меѓусебно се договараат. Пред тоа дури одат во кафуле, пијат кафе, читаат некоја статија од Шамати. После одат да раздаваат весници.Тоа е многу пофална работа. Мене ми е многу драго за тоа. Убаво жените да се обединуваат за такви цели и тоа воопшто не е забрането.
Една жена како и еден маж во принцип ако некаде врши некоја работа на распространување и тоа е пофално. Без барем мали напори на движење на оваа работа дури и некаде во интернет клуб, без тоа човек не може да се пробива. Ние со вас се наоѓаме во еден дел на општ голем систем. Сите ние треба да го поправиме целиот тој систем.
Ви благодарам на сите за вашето внимание, вашите прашања, вашиот интерес. Се надевам дека ќе ве видам на конгресите. Да размислиме каде нив да ги организираме. Да се сретнеме пак што поскоро и да бидеме поблиску еден со друг.Тоа многу ни е важно нам, особено оваа година затоа што ја сметаме за посебна. Ако ние добро интезивно продолжиме како што почнавме, тогаш во оваа година може да видиме нов свет внатре во нас. Благодарам и пријатно.